Author: dino

Алпер Јилдиз, кој ја има улогата на генерален менеаџер во турскиот состав Анадолу Ефес, изјави, дека неговиот тим успеал да го задржи, Шејн Ларкин и со тоа да оствари една од главните цели во текот на летово. Договорот на Американскиот кошаркар е 1 + 1 година со можност да биде прекинат доколку тој добие понуда да заигра во најсилната лига на светов – НБА. Црномурестиот играч во сезоната 2018/19 кога Ефес дојде до финалето во Евро-лигата, беше еден од главните играчи на теренот. 26-годишниот бек беше избран за „Најкорисен играч” во финалето во турскиот шампионат кога неговиот тим по цели…

Read More

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, заработил потешка повреда на мечот со Арсенал одигран во текот на ноќта во така наречениот Куп на шампионите. Плејмејкерот на „кралевите“ доби сериозен удар во коленото на мечот реализиран во Мериленд а според весникот – „Марка“, тоа може да значи и подолга пауза. Весникот тврди дека 23-годишниот играч од средниот ред може дури да ја пропушти наредната сезона бидејќи ќе му треба подолг период за рехабилитација. Во тој правец води и изјавата на тренерот Зинедин Зидан веднаш по мечот со „топчиите“ кој заврши 2 спрема 2. „Сите сме загрижени за повредата на Асенсио.…

Read More

Еден од легендарните фудбалери на Јувентус, Џанлука Ѕамброта, потенцира дека фановите на Јуве имаат голема желба да го видат Бразилецот, Нејмар, како го носи дресот на нивниот клуб. „Мислам дека сите во Италија сонуваат да го видат Нејмар во Серија „А“. Тоа би било уште еден добар маркетиншки потег за италијанскиот фудбал по трансферот на Роналдо. Со Нејмар, Јуве ќе биде во првите пет големи клубови во светот а брендот Јувентус ќе се зголеми масовно во светот“  – вели Ѕамброта кој играше за „старата дама“ од  1999 до 2006 година. „Тоа нема да биде лесно бидејќи се зборува за враќање на Нејмар…

Read More

Светскиот првак во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон, вели дека неговиот сонародник од Британија, Луис Хамилтон, кој доминира во тековнава сезона, ќе направи грешка ако одлучи да замине во тимот на Ферари. „Сигурен сум дека сите сакаат да одат во Ферари, но, ниту еден возач не би напуштил тим со кој победува за да оди во послаба екипа која не е конкурентна“ – вели Батон со напомена дека Хамилтон мора да остане во Мерцедес ако сака да го надмине  рекордот на легендарниот Михаел Шумахер според бројот на освоените титули. „Навистина ќе биде храбро од него ако направи таков…

Read More

Ракометниот состав на Еурофарм Работник деновиве во Маврово ќе ја одработи првата фаза од подготовките за претстојната сезона. По ангажманот на повеќето нови играчи во текот на летово, тренерот Стевче Алушовски, сега ќе има на располагање 24 ракометари кои ќе се обидат да се наметнат за место во тимот кој треба да се појави во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Тоа се двете меѓународни конкуренции во кои Битолчани ќе дебитираат во наредната сезона. Според предвидениот план за работа и подготовка, Еурофарм Работник првите контролни средби ќе ги одигра кон средината на месец август на традиционалниот меѓународен турнир во Струга.

Read More

Андреј Маслинко ја продолжи соработката со кошаркарскиот состав МЗТ Скопје за уште една година. Центарот кој беше ангажиран во 2017 година, во претходната сезона во домашниот шампионат имаше солиден просек од 10,2 поена и 4,9 скокови. „Неговото задржување е нова потврда на нашите заложби за давање на шанса на талентираните домашни играчи кои во иднина би биле движечка сила на македонската кошарка“ – се потенцира во известувањето на МЗТ Скопје. Познато е дека популарните „штркови“ претходно ја продолжија соработката со тренерот Ѓорѓи Кочов и со Стојановски.

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола,  вели дека пребогатата програма на предвидени мечeви во една сезона како и тековните бројни репрезентативни настапи на дел од неговите фудбалери, штетно ќе влијае врз тимот. „Мислам дека тоа е лудило, порано или подоцна ќе ги убиеме нашите играчи, тоа не може да трае долго време. Тие немаат време да се одморат бидејќи настапуваат на многу турнири” – рече шпанскиот специјалист. Како пример ќе издвоиме дека Ријад Марез  со селекцијата на Алжир неодамна настапи на Африканскиот куп на нации додека  фудбалерите од Јужна Америка исто такаа имаа богата активност во текот на летото. Манчестер…

Read More
NBA

Легендата на кошаркарскиот состав Сан Антонио Спарс, Тим Данкан, повторно ќе биде дел од неговиот омилен клуб затоа што се договори со Тексашани да стане дел од стручниот штаб. Тој ќе му биде главен асистент на тренерот, Грег Попович. Тим Данкан кој цели 19 години беше во екипата на Сан Антонио имаше фантастични бројки на теренот. Тој е рекордер по бројот на поени, скокови и блокади а исто така е единствениот кој учествувал во освојувањето на сите пет НБА-титули во историјата на тимот. Според најавите во стручниот тим на „Спарси“ ќе биде вклучен и Вил Харди.

Read More

16 годишниот фудбалер на Барселона, Чави Симонс и неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола, ги шокираа Каталонците кога објавија дека големиот тален ќе си замине од „Камп Ноу“. Симонс кој во минатата сезона во младинските категории имаше блескави партии, објави на социјалните мрежи дека сигурно ќе си замине од Шпанија и дека нема да го продолжи договорот со Барселона. Во исто време тој и Раиола биле видени низ улиците на Париз што само наведува дека Симонс може да се активира во дресот на ПСЖ.

Read More

Фудбалерите на Шкендија по елиминацијата од квалификациите во Лигата на шампионите сега ги очекува настапот во второто коло во Лигата на Европа. Тетовци утре на Арената во Скопје ќе го пречекаат Дуделанж кој исто така испадна од елиминациите во елитната конкуренција. Тренерот, Чатип Османи, верува дека неговите играчи ја научиле лекцијата. „Најзначајно беше да се врати позитивната атмосфера. Најголемата грешка ја направивме сами, имавме погрешен пристап. За новиот предизвик кој следи ќе има промени во составот и во пристапот на играта. На мечот со Дуделанж сигурен стартер ќе биде новото засилување, Бразилецот Фелипе“ – вели Османи. Капитенот на Шкендија, Арменд…

Read More