Author: dino

Ивана Пројковска денеска ќе влезе во историјата на мак-фудбалот откако ќе се појави на центарот на стартот на финалниот меч меѓу Франција и Германија на Европското првенство за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска. Тоа ќе биде прв пат наш фудбалски судија да се појави на финален меч без разлика во која конкуренција под капата на ФИФА и УЕФА. „Јас сум многу среќна. Ние сме многу мала држава и тоа ќе значи многу за нашиот женски фудбал. Се надевам дека ќе поставам пример што ќе го следат други жени. Чувството е неверојатно, работевме напорно во текот на…

Read More

Клубот КЛ7 во сопственост на нашата ракометна ѕвезда, Кире Лазаров, се пријави за настап во второлигашката конкуренција за наредната сезона. Тоа значи дека младите ракометари кои неколку сезони работеа во пониските категории, сега ќе добијат шанса да се натпреваруваат во сениорската конкуренција кој е веднаш под Супер лигата. Медиумите објавија дека клубот ќе дејствува во Скопје и дека мечевите најверојатно ќе ги игра во салата „Расадник“. Тренерската улога ќе му биде доделена на искусниот, Андон Бошковски , кој седеше на кормилото на неколку наши реномирани екипи а дел од кариерата помина и надвор од нашите граници.

Read More

Тениската легенда, Роџер Федерер,  во едно интервју откри по што би сакал да го паметат кога ќе ја заврши кариерата. „Сакам да бидам запаметен како некој што помогнал да се развие играта. Дека уживале да ме гледаат, дека сум ги усреќувал луѓето, дека сум давал интересни интервјуа, бидејќи многу разговараме со медиумите, за мене тоа е начин да се повреземе со луѓето и ако ме паметат сакам да биде заради тоа“ – вели Федерер кој е постојано во движење низ светот. „Тешко да се избере посебно место кое ми се допаѓа. Секогаш уживам да одам и во Шангај а многу…

Read More

Португалскиот фудбалски напаѓач, Бруно Фернандеш, ќе биде ново име на – „Олд Трафорд“ откако Манчестер Јунајтед и Спортинг ги договориле сите детали. Фудбалерот денеска треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи и да потпише за „црвените ѓаволи“. Неговиот трансфер е вреден 62 милиона фунти. Фернандеш во последната сезона во Португалија имаше ефект од 32 гола и 18 асистенции, со што го привлече вниманието на тренерот на англичаните,  Оле Гунар Солскјер. Според најавите, Манчестер Јунајтед набрзо треба да го договори трансферот и на Милинковиќ-Савиќ.

Read More

Францускиот весник – „L’Equipe“ објави дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е подготвен во текот на летово да го ангажира Франк Рибери ако успее да продаде некој од напаѓачите кои не влегуваат во неговите планови за наредната сезона. Французинот откако на крајот на изминатата сезона се збогуваше со германскиот состав Баерн Минхен, сега е слободен фудбалер. 36-годишниот Рибери во последното интервју најави дека сака да остане барем уште една сезона во светот на фудбалот. Таа желба може да му се исполни, доколку  германскиот тренер на клупата на „црвените“, успее да го реализира планот и да обезбеди доволно средства за да…

Read More

Сами Кедира ги исполни најавите и си замине од редовите на италијанскиот фудбалски шампион – Јувентус. Тој денеска бил во Лондон за да го случи  договорот со екипата на Арсенал. Играчот кој има многу трофеи во неговата ризница како на екипен така и на репрезентативен план, сигурно ќе биде големо освежување во средниот ред на „топчиите“. 32-годишниот Кедира за селекцијата на „панцирите“ има  одигра 77 мечеви и постигнато седум голови. Засега не се откриваат детали за трансферот ниту за личните примања на Кедира кој за прв пат во кариерата ќе има можност да настапи во Премиер лигата.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Реал Мадрид најавија дека ќе понудат големи 150 милиони фунти за Пол Погба доколку денеска го комплетираат трансферот на Герет Бејл во редовите на кинескиот Џијанг Сунинг, објавија медиумите во Шпанија. „Кралевите“ доколку успеат во намерата да го ангажираат играчот на Манчестер Јунајтед, тогаш ќе го соборат клупскиот рекорд кога станува збор за најскапо засилување. Според наведеното, Мино Раиола, кој му е менаџер задолжен за трансфери на Францускиот интернационалец, успеал да ги договори сите услови. Тоа значи дека набрзо може да се случи долго најавуваниот трансфер на Погба на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.

Read More

Италијанските медиуми денеска присусутвуваа напромоцијата на нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Наполи. „Сон е да тренираш под водство на Карло Анчелоти.  Рано е да зборуваме за тактика, не би сакал да си создавам притисок. Само два дена сум тука, ќе работиме на се, јас се чувствувам добро и 100% сум на располагање на Анчелоти“  – вели Елмас кој се осврна и на ривалството меѓу неговиот тим и Јувентус. „Јасно е дека името на Роналдо во светот на фудбалот има тежина, но, не ме плаши. Знам за ривалството меѓу Наполи и Јувентус,…

Read More

Ракометарите на Вардар во улога на европски шампиони, првиот меч во новата сезона ќе го одиграат на 14 септември на теренот на францускиот Монтпелје со почеток во 17.00 часот. Европската куќа на ракометот денеска ги објави термините за првите 10 кола. Еве како изгледа тој дел од Лигата за „црвено-црните“. 22 септември: Вардар – Порто (17:00 часот) 29 септмеври: Мотор Запорожје – Вардар (18:00 часот) 12 октомври: Вардар – Кил (17:15 часот) 19 октомври: Веспрем – Вардар (17:15 часот) 3 ноември: Вардар – Мешков Брест (19:00 часот) 9 ноември: Вардар – Киелце (17:15 часот) 13/17 ноември: Киелце – Вардар 23 ноември: Мешков – Вардар (18:00 часот) 1 декември: Вардар – Веспрем (17:00 часот)

Read More

На Светското првенство во пливање во Гвангжу (Кореја) денеска беа соборени три светски рекорди. Американецот Кејлеб Дрезел во полуфиналето на 100 метри пеперутка имаше време од 49,50 секунди. Тој за 32 стотинки го подобри претходното најдобро време на Мајкл Фелпс поставено пред десет години во Рим. Американката Реган Смит постави светски рекорд на 200 метри грбно со време од 2:03.34 минути. Таа за 71 стотинка го подобри времето на досегашната рекордерка, Миси Френклин. Русинот, Антон Чупков, го обезбеди златниот метал на патеката 200 метри градно со нов светски рекорд од  2:06.12 минути. Интересно е тоа што на истата патеката претходниот…

Read More