Светскиот првак во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон, вели дека неговиот сонародник од Британија, Луис Хамилтон, кој доминира во тековнава сезона, ќе направи грешка ако одлучи да замине во тимот на Ферари.
„Сигурен сум дека сите сакаат да одат во Ферари, но, ниту еден возач не би напуштил тим со кој победува за да оди во послаба екипа која не е конкурентна“ – вели Батон со напомена дека Хамилтон мора да остане во Мерцедес ако сака да го надмине рекордот на легендарниот Михаел Шумахер според бројот на освоените титули.
„Навистина ќе биде храбро од него ако направи таков потег, но, тоа веројатно ќе значи и крај на сите надежи дека ќе освои десет титули“ – вели Батон.