Author: dino

NBA

Кошаркарот од НБА лигата, Кармело Ентони, кој имаше само кратка авантура во дресот на Хјустон и понатаму нема клуб. Десеткратниот учесник на „Ол Стар“ натпреварите одигра само 10 мечеви за „ракетите“ на кои имаше во просек 13,4 поени и 5,4 скокови со 40,5% проценти на успешна реализација. Медиумите во Њујорк проценуваат дека Ентони може да се врати во редовите на „Никси“ бидејќи има желба да ја заврши кариерата во – „Медисон Сквер Гарден“. 35-годишниот крилен играч кој беше дел од Њујорк во периодот од 2011-2017 година, влегува во одредени комбинации да го облeче дресот на Лос Анџелес Лејкерс и да…

Read More

Англиските фудбалски состави Вулверхемптон и Ливерпул ќе водат жестока битка за потписот на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај, тврдат денеска медиумите во Англија. Иако прогнозите велат дека тој ќе се определи за „црвените“, популарните „волци“, немаат намера да се откажат. Букмејкерите дури нудат коефициент 10/1 за тој трансфер. 25-годишниот фудбалер на Лион во последната сезона во Франција одигра 88 натпревари на кои постигна 34 голови. Тренерот, Нуно Еспирито Санто, се надева дека учеството во Лига Европа ќе му помогне да го убеди Депај да потпише за неговиот состав. Тој му гарантира дека ќе биде во континуитет меѓу стартерите.

Read More

Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед покажува дека е заинтересиран за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, објави – „Тутоспорт“. „Црвените ѓаволи“  долго време го следат талентираниот чувар на мрежата на „росонерите“, кој може да биде ангажиран како замена за Де Геа кој и понатаму тактизира и не сака да ја продолжи соработката. Шпанецот има договор за уште една година, но, мала е веројатноста да остане на „Олд Трафорд“ бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Реал Мадрид и Париз Сен Жермен. Според најавите од Италија, Милан за потписот на Донарума бара од 55 до 60 милиони евра, сума што не би требало…

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Рома го одложија стартот на летните подготовки бидејќи не се сигурни кога тимот ќе го одигра првиот официјален меч во новата сезона. Според првичниот план, „волчицата“ требаше да тренира во кампот во Пинцоло од 29 јуни до 7 јули, но, сега работите може да одат во друг правец. Имено, Рома треба да ја старува сезоната на 25 јули со натпревар од вториот квалификациски круг на Лигата на Европа, но, тоа може да се промени доколку  Милан биде исфрлен од турнирот. Во тој случај Римјаните ќе се пласираат директно во групната фаза што значи дека ќе…

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денеска организираше прием за младиот Бесир Алили кој стана Европскиот кадетски првак во борење. „Сакам да им честитам на сите што се заслужни за големиот успех на овој спорт кој секогаш знае да не израдува со големи успеси. Тоа покажаува дека ние максимално им посветуваме внимание на младите спортисти и дека имаме одреден бенифит. Јас ќе му предложам на советот за спорт да одвои еден милион денари како награда за Алили и за неговиот тренер“ – потенцираше Каевски. Бесир Алили кој оствари огромен успех со освојувањето на златниот медал на Европското првенство…

Read More
NBA

Изминатата ноќ во Лос Анџелес на свечена церемонија им беа доделени наградите во повеќе категории на тие што ја одбележаа штотуку завршената сезона во НБА лигата. Играчите од Европа изненадувачки доминираа во најатрактивни конкуренции. Гркот, Јанис Адетокумбо кој настапува за Милвоки е „МВП“ додека Лука Дончиќ е избран за руки на сезоната. Словенецот имаше одлични игри во дресот на Далас и собори неколку рекорди. Признанието за најдобар тренер заврши во рацете на Мајк Буденхолцер (Милвоки) додека Лу Вилијамс по трет пат е избран за најдобар шести играч. Наградата за најдобар дефанзивец и втора сезона по ред ja доби Руди Гобер…

Read More

Србинот, Новак Ѓоковиќ како прв носител и Швајцарецот, Рожер Федерер, кој ќе биде поставен како втор фаворит на Отвореното тениско првенство на Англија, нема да можат да се сретнат се до финалниот меч доколку успеат да ги поминат сите пречки. Според специјалната формула со која се пресметуваат бодовите од тековната АТП-листа и 75 проценти од освоените бодови гледано една година наназад на терените со тревната подлога,  стана јасно дека двајцата големи фаворити ќе се разминат се до евентуалното финале. Ждрепката за третиот годинашен Грен Слем на терените на – „Вимблдон“ е закажана за в петок од 10 часот. Мечевите од…

Read More

Новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо, успеал да го убеди српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ да се пресели на – „Паркот на принцовите“. Медиумите објавија дека италијанскиот Лацио ја прифатил понуда на Французите од големи 80 милиони евра и дека му дозволил на играчот да си замине. За потписот на 24-годишниот напаѓач конкурираа уште неколку европски гиганти, но, тој е пред вратата на ПСЖ доколку се потврдат денешните информации низ медиумите. Милинковиќ-Савиќ во 2015 година го напушти бегискиот состав Генк и за 18 милиони евра се активираше во редовите на „римските орли“. Тој во дресот на Лацио одигра 162 меча во…

Read More

Доцна во ноќта  беа одиграни последните два меча од групната фаза на „Копа Америка“. Во групата „Ц“ , фудбалерите на Уругвај со голот на Кавани успеаа да слават против Чиле со 1:0 додека Еквадор и Јапонија ремизираа 1:1 по што го завршија натпреварувањето. Сега според програмата од петок до недела не очекуваат мечевите од првата елиминациска фаза во која ќе играат: Бразил против Парагвај, Аргентина со Венецуела, Колумбија против Чиле и Уругвај со Перу.  Покрај селекциите на Еквадор и Јапонија кои се враќаат дома, коферите си ги спакуваа и Катар и Боливија. Според шемата, доколку „кариоките“ кои се домаќини на…

Read More

Кошаркарот на Далас, Лука Дончич, ја доби наградата за „најдобар дебитант“ во НБА лигата. Бекот од Словенија доби најмногу гласови и ги остави зад него Треј Јанг од Атланта Хокс и ДеАндре Ејтон од екипата на Феникс Санс. 20-годишниот талент е првиот играч на Далас кој успеал да дојде до престижниот трoфеј по речиси четвртина век. Последен тоа го направи Џејсон Кид во сезоната 1994/1995. Дончич кој во претходното лето беше избран како трет пик на Драфтот покажа блескава игра во дебитантската сезона и во 72 меча имаше во просек: 21.2 коша, 7.8 скокови, 6,0 асистенции, 1,1 одземени топки и…

Read More