Author: dino

Денеска на патеката –„Пол Рикард“ ќе бидат возени официјалните квалификации за пол-позиција за утрешната главна трка во Формула 1. Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој доминираше на вчерашните неофицијални тренинзи, проценува, дека Ферари може да му направи проблеми на неговиот тим на трката за Големата награда на Франција. „Тука има навистина многу долги делови. Видовме дека Ферари на  отворен и прав пат има предност. Мислам дека не сме фаворити“ – потенцираше Ботас пред утрешната трката за Големата награда на Франција која ќе започне во 15.10 часот.

Read More

Денеска во Минск започнуваат вторите Европски игри на кои ќе учествува и нашата бројна експедиција. На собирот во Белорусија ќе учествуваат 4.000 спортисти од 50 држави кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини. Македонската селекција ќе се претстави во 12 спортови. Таму се боксерите: Гоце Јанески, Егеми Арсим и Јасим Љама, борачите Нуров Магомелгаџи, Владимир Егоров и Фати Вејсели, европскиот шампион во карате Емил Павлов, џудистот Арбреша Реџепи, кајакарот Владимир Малески, стрелачот Борјан Бранковски, велосипедистот Андреј Петровски и Далибор Богданов во боречката вештина самбо. Според програмата, први во арената ќе се појават нашите боксери. Во категоријата до 60 кг,…

Read More

Младиот фудбалер на Ајакс, Матијас де Лихт, одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, пишува денеска холандскиот весник – „Де Телеграф“. Според наведеното, играчот на „копјаниците“ ќе се пресели во Италија во шампионската екипа на Јувентус. Де Лихт долго време се поврзуваше со ангажман во Барселона или ПСЖ, но, на крајот ги одби нивните понуди и одлучи да се пресели во Торино. На неговата одлука големо влијание имал и неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола. „Старата дама“ за неговите услуги ќе му плати на холандскиот тим 70-ет милиони евра додека самиот играч ќе заработuва годишно од 15 до 20 милиони со…

Read More

Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Филипе Кутињо, кој со неговата селекција настапува на „Копа Америка“, изјави, дека никој не знае што ќе се случува со неговата кариера на „Камп Ноу“. „Не знам дали ќе продолжам во Барселона, ќе видиме што ќе се случи сега сум фокусиран само на Копа Америка“- потенцираше Кутињо кој влегува во радарот на ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челзи. Последните шпекулации велат дека Кутињо сака да се врати на Островот и дека има желба повторно да го облече дресот на Ливерпул.

Read More

Ракометарот од Словенија, Сташ Скубе ќе продолжи да го носи дресот на актуелниот европски шампион – Вардар до 2022 година. „Црвено-црните“ му понуди нов договор на плејмејкерот кој одлучи да остане во Скопје. „Навистина сум среќен дека ќе го носам овој дрес уште три години! Ќе се борам за нашите цели до крај!“ изјави Скубе. Централниот бек во претходната сезона во Лигата на шампионите постигна 59 голови додека во СЕХА Газпром лигата погоди 44 пати во мрежата на противниците.

Read More

Легендата на фудбалскиот тим Манчестер Јунајтед, Гери Невил, верува дека во наредните две сезони неговиот поранешен клуб нема шанси да ја освои титулата во Премиер Лигата на Англија. „Треба да има многу промени кај фудбалерите, дел од играчите треба да се заменат а тоа не е направено. Мислам дека не може да бидат шампиони барем во наредните две години“ – вели некогашниот играч на тимот од „Олд Трафорд“. Поранешниот дефанзивец кој помина речиси 20-ет години во редовите на англискиот состав има одиграно повеќе од 400 натпревари во сите конкуренции.

Read More

Светската автомобилистичка федерација го отфрли барањето на екипата на Ферари да ја преиспита казната на Себастијан Фетел од претходниот круг во Канада. Иако италијанскиот тим ги презентираше нови докази,  тие биле одбиени со образложение дека нема основа да се преиспита настанот. Ферари тврдеше дека има “неспорни” докази дека Фетел не ги прекршил правилата на патеката „Жил Вилнев“ кога доби казна од 5 секунди бидејќи според стјуардите имаше  опасно враќање на патеката и на тој начин го блокирал Луис Хамилтон. На крајот, Британецот ја однесе победата. Сега меѓу доказите на Ферари беа вметнати податоците за телеметријата, како и повеќе слики и…

Read More

Екипата на Мерцедес ја продолжи доминацијата и на втората тренинг сесија пред трката за Големата награда на Франција во Формула 1 закажана за в недела. Двајцата возачи на неприкосновениот тим, Валтери Ботас и Луис Хамилтон денеска на патеката –„Пол Рикар“ ги обезбедија првите две места. Веднаш зад нив беа членовите на Ферари, Леклер и Фетел. Изненадувачки, петото место му припадна на Лено Норис од Мекларен. Макс Верстапен беше шести пред Карлос Саинц и Пјер Гасли со Ред Бул. Во топ десет на вториот задолжителен тренинг влегоа и Кими Раиконен со Алфа Ромео и Кевин Магнусен со болидот на Хас.

Read More

Никита Кучеров од екипата на Тампа Беј го доби признанието за најкорисен играч во Националната хокеарска лига на САД и Канада (НХЛ). Русинот кој за прв пат се израдува на вредното признание имаше 128 поени во регуларниот дел од сезоната со што успеа да ги надмине Сиднеј Крозби од Питсбург и Конор Мекдејвид од Едмонтон. Крилниот хокејар ја напушти церемонијата и со трофејот за најдобар голгетер – „Арт Рос“,  бидејќи сезоната ја заврши доминантно со 41 гол и 87 асистенции со што го изедначи рекордот на Јаромир Јагер. На свечената церемонија беа доделени признанија во неколку категории. Андреј Василевски (голман)…

Read More

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лео Меси, вели дека е разочаран по нерешениот епилог (1:1) на мечот со Парагвај кој може да влијае на пласманот на „гаучосите“ во елиминацискиот дел на „Копа Америка“. „Сега ситуацијата ни се искомпликува максимално. Многу од помалдите фудбалери немале шанса да дожиеват вакво нешто. Треба брзо да ги подигнеме главите и да се сконцентрираме на претстојниот натпревар со Катар ” – рече Меси по натпреварот со Парагвај. „Мислам дека добро започнавме во првите 15 минути, имавме посед на топката, имавме јасни идеи, но, не создадовме шанси.  Како поминуваше времето станувавме се понервозни. Кога дојде…

Read More