Ветеранот во фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, во текот на денов треба и официјално да го продолжи договорот со екипата од – „Олд Трафорд“. Тој за „црвените ѓаволи“ гледано во сите конкуренции има одиграно повеќе од 200 натпревари и постигнато 45 голови. „Тука сум 5 години и навистина ми е чест што ги бранам боите на клубот. Верувам дека ќе успееме да продолжиме со добар ритам и во наредната сезона со нашиот тренер, Оле Гунар Солскјер“ – потенцираше шпанскиот фудбалски интернационалец. Мата кој сега ќе го продолжи договорот до 2021 година со опција за уште една дополнителна сезона, успеа…
Author: dino
Повеќе од 380 млади ракометари ќе бидат дел од петтото издание на интеранционалниот камп – „Кирил Лазаров 7“ кој традиционално се организира во Охрид. Вчера со пристигнувањето на првата половина од предвидената бројка и официјално започнаа активностите. „На сите кои се тука во Охрид им пожелувам да имаат успешен престој што подразбира добри тренинзи, да излезат од тука побогати со знаење и со нови пријателства и убаво животно искуство. На нашите тренери им благодарам за прифатената покана“ – изјави на отворањето Кире Лазаров. Во стручниот тим ќе бидат вклучени Верољуб Косовац и екс-германскиот репрезентативец, Доминик Клај, кој му беше соиграч…
Маттео Политано и Еди Салчедо кои настапуваа како позајмени фудбалери во екипата на Интер, ќе потпишат перманентни договори со тимот од Милано. „Нероаѕурите“ сега го искористија правото и ги откупија договорите на двајцата играчи кои со нивните партии во претходната сезона го задоволија вкусот на челниците на тимот. 25-годишниот Политано кој дојде од Сасуоло, успеа да се претвори во еден од најстандардните фудбалери во редовите на Интер. Фудбалерот кој дејствува по крилната позиција се појави на 36 натпревари во Серија „А“ и успеа пет пати да се запише во листата на стрелците. Интер за него ќе плати 20 милиони евра.…
Челниците на Евертон ќе му го откупат договорот на Андре Гомеш кој во претходната сезона остави одличен впечаток настапувајќи како позајмен фудбалер од Барселона. Според наводите на „Скај Спорт“, популарните „карамели“ биле презадоволни од играчот за врска и затоа се определиле да му понудат перманентен догоовор и да ги откупат неговите права од шпанскиот гигант. Португалскиот репрезентативец во летото во 2016 година потпиша за Каталонците, но, откако не успеа да се наметне на „Кам Ноу“, во изминатото лето беше испратен како позајмен фудбалер на „Гудисон Парк“. Иако не се споменува трансферната сума, таа треба да биде многу помала од 55…
Колумбискиот фудбалски напаѓач, Хамес Родригез, може да заигра во Серија „А“ во екипата на Наполи, тоа го најави претседателот на италијанскиот состав, Аурелио де Лаурентис. „Нашиот тренер Карло Анчелоти сака да го има Родригез во тимот. Јас ќе се обидам да му ја исполнам желбата. Верувам дека ќе успееме да го ангажираме Родригез, тој е добар фудбалер“ – потенцираше де Лаурентис со напомена дека планира и други засилувања. „Бидејќи Албиол најави дека ќе си замине, ние ќе се обидеме да пронајдеме соодветна замена. Што се однесува до Манолас, тој има проблеми со карактерот и ќе треба да се промени ако…
Првиот човек на фудбалскиот состав Лион, Жан Мишел Ола, изјави дека првата ѕвезда на тимот, Набил Фекир, сака да си замине во текот на летото, но, дека досега не пристигнале понуди за него. „Сите знаеме дека Фекир сака да не напушти. Ние сме отворени за преговори и затоа ќе чекаме понуди. Нема да му правиме никакви проблеми“ – изјави претседателот на Лион. Фекир во претходното лето беше на чекор да потпише за англискиот Ливерпул, но, тоа не се случи. Напаѓачот кој беше дел од репрезентацијата на Франција која го освои првото место на последниот Мундијал во Русија, во претходната сезона…
Ракометниот репрезентативец на Летонија, Кугис Артурос, ќе го носи дресот на нашиот Вардар. 26-годишниот голман кој заедно со Криштопанс ја однесоа селекцијата на Летонија на ЕП во 2020 година, претходно настапуваше за германскиот состав Гросвалштад. „Среќен сум што потпишав за Вардар. Скопје за мене е центар на ракометот и со нетрпение чекам да заиграм во СЦ Јане Сандански“ – изјавил корпулентниот голман. „Вардар секогаш знаел да препознае квалитет во некој играч кој набрзо по доаѓањето во нашиот клуб веднаш станувал препознатлив на меѓународната сцена” – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Челниците на фудбалскиот состав Аталанта размислуваат за големиот предизвик во наредната сезона а тоа Лигата на шампионите. Составот од Бергамо успеа да го освои четвртото место во Серија „А“ и да си обезбеди виза за елитната конкуренција на Стариот континент. Италијанскиот тим кој сака да ги задржи главните ѕвезди, Папу Гомез и Јосип Иличиќ, планира да донесе и атрактивно засилување. Според медиумите од „Чизмата“, колумбискиот напаѓач, Луис Муриел, кој минатата пролет настапуваше како позајмен во тимот на Фиорентина, сега ќе го засили нападот на Аталанта. Калчо-лигашот за неговите услуги ќе мора да и плати 20 милиони евра на шпанската Севилја…
Иако Луис Енрике уште пред мечот со Малта одигран во месец март ја напушти тренерската позиција во шпанската фудбалска репрезентација а челниците на Федерација дури денеска именуваа нов кормилар. Станува збор за Роберто Морено, кој доби перманентен договор и ќе ја води „фуријата“ на Европското првенство во 2020-та година. Тој по заминувањето на Енрике успеа да се израдува на триумф на сите официјални мечеви на кои седеше на клупата. Ќе потсетиме дека Луис Енрике цели 11 месеци беше селектор на Шпанија, но, не успеа да се квалификува за плеј-офот во Лигата на нации. Морено му беше помошник во стручниот штаб.
Фудбалскиот тим на Реал Мадрид денеска на „Сантијаго Бернабе“ го претстави францускиот дефанзивец, Ферлан Менди. Левиот бек доаѓа како конкуренција на Марсело за сума од 48 милиони евра. 24-годишниот фудбалер е петтото засилување на „кралевите“ по Лука Јовиќ, Родриго, Милитао и Еден Азар.Претседателот Флорентино Перез го претстави Французинот како најдобриот лев бек во Лига 1 во последните две сезони. Менди одржа и прес-конференција а потоа се појави на тревникот на стадионот и на навивачите им подари 40 топки.
