Нашите фудбалски состави Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ги добија противниците за првото елиминациско коло во Лига Европа. Струмичани во улога на дебитанти ќе играат против тимот на Зрински од БИХ. Во првиот меч на 11 јули нашиот тим ќе биде домаќин додека реваншот е закажан за 18 јули. Македонија ЃП, за противник го доби ерменскиот прволигаш Алашкерт. „Лавовите“ првиот натпревар ќе го играат на гостински терен а реваншот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје. Чаирчани ќе патуваат во Ерменија на мегдан со Пјуник кој и е добро познат на нашата јавност. Шкупи согласно ждрепката треба да гостува…
Author: dino
Естонскиот состав Номе Калју ќе и биде противник на Шкендија во првото елиминациско коло во Лигата на фудбалските шампиони. На денешното формирање на двојките во Нион, тетовци го добија најлесниот противник од можните пет во групата на неносители. Првите мечеви ќе бидат одиграни на 9 и 10 јули додека возвратните се предвидени за 16 и 17 јули. Македонскиот шампион прво ќе гостува во Естонија а потоа во реваншот ќе ја има предноста на домашниот терен.
Рускиот тенисер Данил Медведев кој влегува во генерацијата која допрва треба да се наметне во светскиот тенис, изјави дека кога бил мал го мразел Рожер федерер и барселона бидејќи секогаш победувале. „Кога имав десет години, го мразев Федерер. Не го поднесував тоа што постојано победува. Од првото коло, навивав за неговиот противник“ – вели Медведев. „Кога Барселона ги освои сите титули во фудбал ги очекував нејзините порази односно по секоја цена сакав да загуби. Сега сум фокусиран само на себе, другите не ме интересираат, ако испаднам во прво коло сеедно ми е кој ќе ја освои титулата“ потенцираше младиот тенисер од…
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родри, одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Иако и Манчестер Сити и Баерн (Минхен) беа подготвени да ја платат откупната клаузула за 22-годишниот играч, тој се определил да потпише за англискиот шампион. Според Ел Паис, Родри проценил дека стилот на „граѓаните“ е подобар за него и дека сака да тренира под диригентската палка на Жозеп Гвардиола. Манчестер Сити ќе ја плати клаузулата на Родри пред 30-ти јуни. Нејзиниот износ е 70 милиони евра.
Кинескиот фудбалски клуб, Далиан Ифанл, испрати привлечна понуда за менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез. Според англиските медиуми, таа е во висина од 12 милиони фунти годишно. Договорот на Бенитез со англискиот тим истекува на крајот од месецов но, Шпанецот не се брза повторно да се потпише, чекајќи промена на сопственоста во Њукасл. Ако Бенитез го прифати предлогот на Далиан, тој ќе стане најскапиот тренер во кинеската Супер лига. Тој ќе го надмине Фабио Канаваро, кој добива 11 милиони годишно.
Дејан Недев освои златен медал во кати на Европскиот шампионат (ЕШ) во Питешти, Романија. Тоа е 7-ма европска титула во неговата долга и богата кариера. Јадранка Недева исто така освои златен медал во кати кај сениорките а Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите. Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали. На ЕШ во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.
Марк Маркез успеа да победи на трката за ГН на Каталуња откако максимално го искористи подарокот од неговиот клупски колега, Хорехе Лоренцо, кој направи хаос уште на стартот на патеката и ги елиминира тројцата главни ривали на Маркез. Инцидентот уште во првиот свиок значеше крај на трката за Андреа Довициозо, Маверик Вињалес и Валентино Роси по што Маркез заврши убедливо на првото место пред Квартараро и Петручи. Лоренцо веднаш по трката им се извини на сите инволвирани во инцидентот. „Единствена среќна околност е тоа што сите возачи помина без последици. Жалам за сите тројца возачи кои беа зафатени во овој…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, планира да го засили дефанзивниот ред со играчот на Вест Хем, Иса Диоп, кој имаше блескави партии во штотуку завршената сезона. Францускиот интернационалец во 2018 година го напушти тимот на Тулуз и и за 25 милиони евра се пресели во редовите на „чеканите“. Сега „црвените ѓаволи“ сакаат да понудат за неговите услуги околу 50 милиони евра и плус некој од фудбалерите што се ставени на листата за тренафери. Доколку набрзо се остварат плановите на норвешкиот тренер, тогаш 22-годишниот фудбалер ќе биде второто летно засилување на „Олд Трафорд“ по ангажманот на Даниел…
Германскиот состав, Баерн Минхен, може да испрати понуда за напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој е во немилост на тренерот, Зинедин Зидан и првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез. Според весникот – „Сан“, тимот од Бундес-лигата е подготвен да ја покрие високата плата на Велшанецот од 350.000 фунти и да го ангажира како позајмен фудбалер. Aнглиските медиуми воедно потсетуваат дека за брзоногиот играч беа заинтересирани и гигантите од типот на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но, тие се откажаа бидејќи не може да си дозволат да ја покријат неговата висока плата.
Првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лео Меси, се осврна на поразот од Колумбија на стартот на Копа Америка. Колумбијците во текот на ноќта успеаа да славата со 2 спрема 0 и победнички да го започнат големиот фудбалски собир. „Има што да научиме од поразот и да продолжиме со предизвикот. Мораме да веруваме дека имаме квалитет за успех“ – вели Меси. „Противникот добро ја конторлираше топката иако не направи премногу шанси. Ние мораме да ги подигнеме главите и да продолжиме понатаму“ – потенцираше Меси. Аргентина во групната фаза на 20 јуни ја очекува меч со Парагвај а на 24…
