Фудбалскиот состав од Германија, Борусија Дортмунд, ќе се обиде да го ангажира нашиот интернационалец Елиф Елмас кој е на излезната врата во турскиот Фенербахче. Тимот од Бундес-лигата планира да понуди три милиони евра и фудбалерите Шинџи Кагава и Омер Топрака за да го добие потписот на македонскиот интернационалец. Тоа само потврдува дека Елмас сигурно ќе си замине од Турција во текот на летово и дека ќе ја продолжи кариерата на друго место. Претходно и екипите на Манчестер Сити, Милан, Интер, Тотенхем, Фиорентина, и Лацио најавија, дека сакаат да го ангажираат нашиот фудбалски „бисер“.
Author: dino
Нашите најдобри ракометари денеска од 18.00 часот против Грција во салата – „Парк“ во Струмица ќе го затворат квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година. Избраниците на селекторот, Данило Брестовац, кои имаат обезбедено евро-виза, најавуваат дека ќе се обидат да и се реваншираат на Грција за непријатниот пораз кој го претрпеа на гостувањето. Пред денешниот меч на југот на земјава, во нашиот табор беа направени три промени. Дарко Димитриевски ќе добие шанса на местото на Милорад Кукоски, кој со повреди на мечот со Турција. Во бековската линија ќе биде вклучен Горан Крстевски а шанса ќе добие и…
Британскиот тенисер, Енди Мареј, кој се рехабилитира по операцијата на колкот и ќе мора да го пропушти Отвореното првенство на Англија, вели дека Ѓоковиќ, Надал и Федерер, ќе бидат главните фаворити за победничкиот пехар на терените на –„Вимблдон“. „Мислам дека ќе победи еден од нив. Можеби некои тенисери што имаат добар сервис можат да влезат во серија, но, на крајот ќе пресуди искуството“ – потенцираше Британецот. 32-годишниот Мареј кој е двократен шампион на Грен Слем турнирот во Лондон, прво ја израдува домашната јавност во 2013 година а успехот го повтори и три години подоцна.
Фабио Квартараро од Франција изненедувачки победи во денешните квалификации за трката во Шпанија на патеката во Каталуња. 20-годишниот член на Јамаха кој дебитира во најсилната класа во Мото ГП, успеа да ги остави на второто и третото место големите фаворити, Марк Маркез на Репсол Хонда и Маверик Вињалес на Јамаха. Утре од третиот ред ќе започнат Франко Морбидели и Валентино Роси додека од четвртиот ќе стартуваат Андреа Довициозо и Данило Петручи.Трката за големата награда на Каталуња се вози утре попладне од 14:00 часот.
Ракометарот на Вардар и на нашата репрезентација, Стојанче Стоилов, веднаш по враќањето на експедицијата од Турција бил подложен на успешна операција на коленото во болницата – „Аџибадем Систина“. Капитенот на „црвено-црните“ сега го очекува период на рехабилитација што значи дека ќе го пропушти неделниот меч со Грција во последното квалификациско коло за пласман на ЕП. Нашиот пивотмен иако имаше проблеми со коленото се определи да го одигра дуелот со Турција со што покажа дека е голем борец
Возачот на Рено во Формула 1, Нико Хулкенберг, откри дека во 2014 година бил многу блиску да потпише договор со Ферари. Тој објасни дека неговото добро возење во Заубер ги натерало луѓето од Ферари да го имаат во видното поле. Згора на тоа во тој период Фелипе Маса го напушти тимот на Ферари со што се отвори простор за ангажирање на нов возач. „Никогаш не можеш да знаеш точно како ќе функционираат работите. Можеби дел од одлуките не зависат само од тебе. Дефинитивно имаше разговори и можност да ја променам средината, но, тоа не се случи“ – изјави Хулкенберг.
Кајри Ирвинг, кој ќе биде слободен играч на 1 јули, ќе потпише договор за соработка со агенцијата на легендарниот рапер Џеј Зи – „Roc Nation Sports“. Кошаркарот на Бостон откако ги прекина односите со долгогодишниот агент задолжен за трансфери, Џеф Векслер, се определи да соработува со њујоршката агенција со која договори имаат и Кевин Дурант, Дани Грин, Џереми Лин и Руди Геј. Раперот, Џеј Зи, кој ја основа спортската агенција во 2013 година, мораше веднаш да ги продаде акциите од Бруклин Нетс за да не ги прекрши правилата на НБА.
Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед не сакаат да го ангажираат напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл. Тимот од „Олд Трафорд“ се поврзуваше со евентуален трансфер на Велшанецот кој има договор со „кралевите“ до 2022 година, но, денешната информација ги негира таквите шпекулации. Згора на тоа и тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер јавно кажа дека сака да работи само со млади фудбалери и дека има долгорочни планови во кои не се вклопува Герет Бејл.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане, ги коментираше шпекулациите дека во текот на летово може да направи трансфер во екипата на Баерн Минхен. Германскиот шампион кој се раздели со ветераните, Франк Рибери и Ариен Робен, ќе се обиде да ги пополни испразнетите места со квалитетни фудбалери. Како прва трансферна цел се наметнува токму името на Лерој Сане. Според објавеното, Баварците испратиле првична понуда до Манчестер Сити од 80 милиони евра, но, самиот фудбалер не е расположен да се врати во Бундес-лигата. „Сега сум на одмор, кога ќе се вратам ќе видиме што ќе се случи. Сега не можам ништо да…
Фудбалерот на Ајакс, Матијас Де Лихт, нема да замине во Барселона или Јувентус како што претходно беше најавувано туку во екипата на ПСЖ , објави италијанскиот новинар, Џанлука де Маркио. Според наведеното, Мино Раиола кој му е менаџер задолжен за трансфери на Де Лихт, деновиве ќе замине во Париз да ги прецизира деталите со шампионот на Франција. Се претпоставува дека тимот од „Паркот на принцовите“ ќе плати за услугите на де Лихт од 75 до 80 –ет милиони евра.
