Нашата фудбалска репрезентација за само четири денови доживеа два пораза во трката за Евро-шампионатот во 2020 година. По петочниот пораз од Полска на Арената во Скопје, денеска на истата локација се радуваше селекцијата на Австрија која победи со убедливи 4 спрема1. Иако Македонија поведе со автоголот на Хитерегер уште во 18-та минута, гостите не се откажаа и до крајот успеаа да направат пресврт со головите на Лазаро , Лајмер и Арнаутович (2). Во другите два меча во нашата група, Полска-Израел 4-0 и Летонија-Словенија 0:5. На табелата Полска е лидер со максимални 12 бодови, Израел има 7, Австрија 6, Словенија 5,…
Author: dino
Напаѓачот на Македонија, Илија Несторовски, на денешната средба со новинарите пред мечот со Австрија, вели дека селекцијата што ја краси добра игра подолг период , може да освои бодови против Австријците. „Ние подолго време играме добро, против сите репрезентации играме да дадеме гол и да бидеме подобри. Бевме добри со Полска. Штета што не одигравме барем нерешено, тие дадоа гол со еден обичен допир на топката“ – потенцира Несторовски. „Имавме неколку шанси. Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол“ – потенцираше напаѓачот пред утрешниот квалификациски меч со Австраија за пласман на ЕП во 2020 година.
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Англовски, вели дека Австрија која има повеќе играчи од Бундес –лигата е крајно борбена селекција која негува дуел игра и многу движење на теренот. „Треба да го задржиме добриот ритам на игра како што беше со Полска, Летонија и Словенија иако не го направивме тоа што го посакувавме. Се надевам дека со Австрија ќе освоиме бодови, немам намера да се откажам од нашиот стил на игра“ – вели Англовски. „ Австрија има квалитет, имавме можност да го анализираме натпреварот со Словенија во кој ги освоија бодовите. Делуваат добро како тим иако имаат и одлични…
Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба откако јавно кажа дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед, има реална шанса да се врати во екипата на Јувентус. Ѕвездата на „триколорите“ се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но, откако тоа остана само во доменот на шпекулации, сега „старата дама“ може да направи обид за да го врати во Торино. Директорот на италијанскиот тим, Фабио Паратичи, вчера бил во Турција на мечот меѓу домаќинот и Франција за да преговара за ангажман турскиот репрезентативец Мерих Демирел кој игра за Сасуло како и да се сретне со Пол Погба. Се претпоставува дека Французинот би…
Првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Австрија, Давид Алаба, нема да игра на утрешниот меч во Скопје против селекцијата на Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Тој се повредил на средбата со Словенија и веднаш потоа го напуштил тренинг кампот на Австријците. Во меѓувреме селекторот Франко Фода, најави дека ќе има на располагање 22-ца фудбалери за мечот во Скопје. Медиумите шпекулираат дека за дуелот со Македонија закажан за в понеделник од 20.45 на Арената –Тодор Проески“, неизвесен е Мартин Хитенгер, кој исто така се соочува со повреда.
Српскиот ракометен голман, Дејан Милосављев, со емотивна порака преку социјалните мрежи се прости со Вардар. Тој по само една сезона го напушти европскиот првак и кариерата ќе ја продолжи во Фуксе Берлин. -Една година во мојот живот во еден од најголемите клубови на светот. БЛАГОДАРАМ ВАРДАРЕ, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која ми даде многу и направи од мене да бидам тоа што сум! –напиша Милосављев. -Благодарност до луѓето кои кои направија да се чувствувам убаво и сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени…
Францускиот – „L’Equipe“ пренесе дека тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, планира да издвои околу 70 милиони фунти за напаѓачот на францускиот Лил, Николас Пепе. Доколку двата тима постигнат договор, тоа ќе биде вториот најскап трансфер во историјата на „црвените“. На првото место е ангажманот на дефанзивецот, Ван Дајк, за кого беа издвоени 76 милиони фунти додека на второто фигурира трансферот на голманот, Алисон Бекер за кого беа одвоени дури 56 милиони фунти. Пепе кој е репрезентативец на Брег Слонова коска имаше одлична сезона во Франција. Тој на 38 натпревари во Лига 1 постигна 22 гола и направи 11…
Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, потенцира дека неговиот тим мора да ја врати победничката форма пред летната пауза ако сака да ја заддржи шансата да се бори за титулата. Четирикратниот светски шампион заостанува цели 55 поени од лидерот Хамилтон а неговиот тим има 118 поени помалку од Мерцедес кај конструкторите. „Не мора да бидеш гениј за да претпоставиш што треба да се направи. Пред одморот треба да ја подигнеме формата. Одиме чекор по чекор и имаме одредени планови. Се надевам дека ќе ги реализираме“ – вели Фетел. „ Не започнавме според плановите, но, успеавме да освиме одреден…
Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи ќе го преземат последниот чекор за да ја поништат забраната за трансфери во наредните два преодни рока која им ја одреди УЕФА. „Сините“ сега ќе се жалат до Спортскиот арбитражен суд се со цел, да добијат поништување на одлуката на ФИФА која ги санкционираше поради кршење на правилата за потпишување на договори со играчи под 18 години. Англискиот тим во претходниот месец испрати жалба до ФИФА, но, откако истата беше отфрлена од соодветната комисијата во Светската фудбалска центарала, сега се определи да го префрли предметот до Арбитражниот суд кој нема временска рамка во која…
Англискиот фудбалски вице-првак, Ливерпул, го претстави новиот дрес кој ќе се користи само на гостувањата. Маичките се бели, шорцевите се темно сини а чорапите се комбинација со бела и темно сина боја. Идејата за дизајнот на дресот доаѓа од симболиката на уличните знаци на стадионот во Мерсисајд – популарниот – „Енфилд“, велат луѓето од Ливерпул. Секој производ вклучува потпис на легендарниот менаџер на тимот, Боб Пајсли, кој беше дел од првите триумфи во Купот на европските шампиони во 1977, 1978 и 1981 година.
