Кошаркарите на Торонто поведоа со 2 спрема против Голден Стејт во финалето на НБА лигата откако во текот на ноќта славеа на гостувањето со 123 спрема 109. Домаќините кои настапија без Кевин Дурант и Клеј Томпсон, не успеаа да му парираат на расположениот гостински состав. Единствено Стеф Кари беше на висина на задачата со 47 поени, 7 асистенции и 8 скокови. Кај Торонто, Кавај Ленард постигна 30 поени, Лаури 23, Грин и Сикам по 18 а Гасол застана на 17 кошеви. Четвртиот натпревар од финалната серија ќе се одигра на 8-ми јуни во три часот изутрина по средно-европско време. Домаќин…
Author: dino
Легендата на италијанскиот фудбал Џанлуиџи Буфон нема намера да замине во пензија. Голманот кој е влезен во 40-та деценија од животот ќе си замине од ПСЖ, но, ќе остане активен во фудбалот. Тоа го потврди и неговиот агент задолжен за трансфери, Силвано Мартина. „Џиџи нема намера да престане да игра . Тој денеска се сретна со ПСЖ и одлучи дека разделбата е најдоброто решение. Сега мојот клиент побара два дена за релаксацијa за да размисли околу иднината“ – вели Силвано. „Откако се дозна дека Буфон ќе си замине од Франција беше „бомбардиран“ со телефонски повици, но, се уште нема донесено…
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, имаше голем пех в пресрет на Купот на Јужна Америка бидејќи се повреди на вчерашниот пријателски меч со Катар кој му припадна на неговиот тим со 2-0 со головите на Ричарлисон и Габриел Жесус. Фудбалерот на „кариоките“ кој поради повреда на стапалото го пропушти финишот во изминатата сезона, сега повторно заработи посериозна повреда и мораше да биде повлечен од теренот по само дваесет минути игра. Нејмар не можеше да издржи и заплака на клупата а потоа со помош на лекарскиот тим беше однесен во соблекувалната.
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, одбра 22 играчи кои ќе бидат дел од подготвките за претстојните квалификациски мечеви со Турција и со Грција за пласман на Европското првенство во 2020 година Од поширокиот список отпаднаа: Мартин Поповски, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ, Гоце Ојлески и Дарко Димитриевски. Дебитант во сениорскиот состав е кадетскиот репрезентативец, десното крило Ненад Костески. За последните два квалификациски меча се повикани, голмани: Борко Ристовски (Бенфика, Португалија), Никола Митревски (Констанца, Романија), Мартин Томовски (Металург). Крила: Дејан Манасков (Веспрем, Унгарија), Бојан Маџовски (Металург), Димитар Димитриоски (Металург), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт, Романија), Ненад Костески…
Италијанските медиуми објавија дека фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака, води преговори за трансфер во екипата на Интер. Според наводите, репрезентативецот на Швајцарија во текот на летово може да потпише со „нероаѕурите“. Наводно, новиот менаџер на калчо-лигашот, Конте, побарал од упрвата да започне преговори со „топчиите“ и по секоја цена да го откупи договорот на Џака. Брзногиот фудбалер во 2016 година ја напушти Борусија Дортмунд и за 45 милиони евра се пресели на „Емирати“. Тој во изминатата сезона одигра вкупно 40-ет мечеви во сите конкуренции за англискиот тим на кои постигна четири голови.
Вториот капитен на Евертон, Филип Јагјелка, по 12 години поминати на „Гудисон Парк“ ќе го напушти клубот. Договорот на 36-годишниот дефанзивец е истечен и нема да му се обнови. „Ситуацијата околу мојата иднина не беше јасна бидејќи досега во клубот немаат конечна одлука. За жал, мојот пат во Евертон заврши по 12 фантастични сезони. Имав среќа да одиграм над 380 натпревари и да бидам капитен на тимот цели шест години. Сакам да упатам благодарност до сите со кои сум играл, претседателот и неверојатните фанови “, напишал поранешниот англиски државјанин на социјалната мрежа – „Instagram“. Јагјелка во неговата последна сезона за…
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, му честиташе на Џани Инфантино кој денеска ја доби довербата на делегатите и се избори за нов мандат да остане на чело на Светската фудбалска федерација – ФИФА. „Во името на ФФМ и мое лично име, би сакал да му честитам на изборот на Џани Инфантино и да му пожелам многу среќа и успех во работата. Не се сомневам дека во тоа ќе има полна поддршка од Извршниот комитет на ФИФА, како и од членките асоцијации на Светската фудбалска асоцијација, меѓу нив, секако и Фудбалската федерација на Македонија“ – изјави Сејдини. На денешниот конгрес во Париз,…
Кошаркарите на Работнички успеаа да го совладаат тимот на Блокотехна со 88 спрема 78 и да си обезбедат место во големото финале против МЗТ Скопје. Во мајсторката одиграна во Скопје гледавме изедначена игра се до самиот финиш кога домаќинот направи солидна предност од шест поени и успеа да го скрши отпорот на гостите. Интернационалецот, Чавдар Костов со 27 поени и 11 скокови беше лидер кај Работнички пред Чековски постигна 16 поени додека кај гостите се наметнаа Мијатовиќ со 22 и Младеновиќ со 21 кош. Финалната серија за титулата меѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе започне в петок во СЦ Јане…
Ракометниот интернационалец од Словенија во редовите на Вардар, Сташ Скубе, во интервју за „сиол.нет“, изјави, дека сопстевникот на тимот, Сергеј Самсоненко, ги покрил сите обрски кон играчите и дека поголемиот дел од нив се подготвени да останат во Скопје. „ Самсоненко ги расчисти сите долгови, сè е во ред и ќе продолжиме да функционираме и наредната сезона. Можеби нема да бидеме истиот тим бидејќи неколку играчи си одат, но, повеќето остануваме“ – изјавил Скубе. Искусниот бек токму со денешната изјава, стави крај на најавите дека може да направи трансфер во полскиот Киелце.
Португалскиот фудбалски состав Бенфика ќе добие солидна сума на пари од трансферот на Лука Јовиќ во Реал Мадрид. Ангажманот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт во редовите на „белите“ ќе му донесе на португалскиот состав околу 30% од сумата што ќе ја платат шпанците. Бидејќи нема официјална потврда за висината на трансферната сума, се претпоставува дека таа ќе се движи од 60 до 70 милиони евра. Jовиќ и претходно и донесе на Бенфика солидни 7 милиони евра откако германците му го откупија договорот. Тој во штотуку завршената сезона одигра 48 средби на кои успеа да постигне 27 голови и да направи…
