Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Парондо, по вчерашната победа против Веспрем во финалето во Лигата на шампионите, нагласи дека сите во тимот заслужуваат честитки. „ Секоја чест на моите момчиња. Тие покажаа дека дури и во најтешките моменти знаат да се борат за боите на нивниот клуб. Тие се вистински борци и шампиони” – вели тренерот од Шпанија кој е вториот во историјата на ракометот што освоил титула како играч и како тренер. Пред него тоа го направи актуелниот тренер на полскиот Киелце, Талант Душебаjев.
Author: dino
Хосе Антонио Рејес, поранешниот фудбалер на Севилја, Арсенал, Реал, Атлетико и Бенфика утрово трагично загинал во сообраќајна несреќа на 35 годишна возраст, објави клубот од Шпанија. „Не можеме да соопштиме полоши вести. Нашата сакана ѕвезда Хосе Антонио Рејес загина во сообраќајна незгода. Почивај во мир“ – гласеше известувањето на Севилја. Офанзивниот фудбалер ги помина сите младински категории на Севиља а потоа преку Б-тимот стигна до првиот, каде дебитираше со само 16 години. Потоа направи богат тансфер во Арсенал, од каде една сезона играше на позајмица во Реал.Потоа четири години беше под договор со Атлетико Мадрид, а имаше и една авантура во…
Ракометарите на Вардар денеска во „Ланксес Арена“ во Келн ќе го започнат настапот на завршниот финален турнир во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ од 18.00 часот во второто полу-финале ќе излезат на мегдан со моќната Барселона која супериорно влезе меѓу најдобрите четири екипи на стариот континент. Двата тима имаат богата традиција со одиграни 14 средби во групната фаза од Лигата на шампионите и еден меч на Ф4 турнирот пред две години кога нашиот тим сензационално го освои шампионскиот пехар. Бројките се на страна на шпанскиот состав кој има 13 победи, вардарци имаат две а еден дуел завршил нерешено. Во првото полу-финале…
Фудбалскиот репрезентативец на Белгија, Еден Азар, кој треба во текот на летово да се пресели на „Сантијаго Бернабе“, го одбрал и бројот на дресот што ќе го носи во Реал Мадрид, објавија денеска медиумите во Шпанија. Луцидниот напаѓач сакал да ја има „десетката“, но, откако Лука Модриќ потпиша нов договор, тој ќе го облече дресот со бројот „7“ кој во минатото го имаше првата ѕвезда на „кралевите“, Кристијано Роналдо. Иако нема официјална потврда за трансферот на Азар од Челзи во Реал Мадрид, сите се убедени дека тоа ќе се случи.
Аргентинските интернационалци Икарди (Интер) и Дибала (Јуве) може да направат рокада и да ги разменат дресовите, најавува денеска весникот – „Газета дело Спорт“. Според наводите, челниците на двата тима се подготвени да направат трампа со двете ѕвезди. Икарди кој е во немилост кај фановите не сака да ја напушти Италија додека новиот тренер на „нероаѕурите“, Антонио Конте, не крие дека сака да го има во тимот Дибала. Од тие причини медиумите се убедени дека набрзо ќе се случи размената на фудбалери на релација Милано –Торино со што сите страни би биле задоволни. „Газета дело Спорт“ дури тврди дека целата постапка…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, пред денешното финале со Тоетнехм во Лигата на шампионите, вели дека не чувствува притисок. Германецот во последниве шест години беше дел од неколку финалиња, но, не се израдува на трофеј. „Не се чувствувам како губитник. Ако се чувствувам така, тогаш би имал проблем. Ако сум јас причина за тоа, тогаш сите ќе имаат проблеми“ објасни Клоп. Искусниот стратег во 2013 година го загуби финалето во ЛШ од Баерн а потоа во два наврата неговиот тим беше совладан во Купот на Германија од Баерн и Волфсбург. Со тимот на Ливерпул доживеа пораз во финалето…
Тотенхем и Ливерпул денеска од 21.00 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе го одиграат големото финале во Лигата на фудбалските шампиони. Лондончани за прв пат ќе се појават во решавачката битка за победничкиот пехар додека „црвените“ втора сезона по ред се дел од финалниот натпревар. Тотнхем е поранешен победник на Купот на куп-победниците и двоен победник во Купот на УЕФА. Четата на Почетино доколку успее да го подигне големиот пехар ќе биде запишана како 23-та екипа која успеала да ја покори Европа. Можни состави. Тотенхем: Лорис, Трипиер, Алдервеирлед, Вертонген, Роуз, Викнс, Сисоко, Ериксен, Али, Сон и Кејн. За…
В пресрет на 10-то издание на завршниот финален турнирот во Лигата на ракометните шампиони во арената во Келн, беше откриен споменикот покрај салата кој се вика – „Топка на славните“. Станува збор за голема ракометна топка обиколена со стаклени правоаголни споменици на сите досегашни шампиони меѓу кои влегува и Вардар „Споменикот е заеднички проект на градот Келн, Ланксес арена и ЕХФ“ – изјави претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер. „
Кошаркарите на МЗТ Скопје со денешната победа против Гостивар со 87:77 си обезбедија место во големото финале во домашниот плеј-оф. Популарните „штркови“ на домашен терен во СЦ Јане Сандански одиграа одлична втора четвртина кога направија 24-14 и тука практично го решија мечот. Гостиварци немаа сила за пресврт. Самарџиски направи трипл-дабл ефект со 18 поени, 13 скока и 10 асистенции додека Иванов забележа 21 кош. Во поразениот тим најдобар беше Костоски со 17 поени и шест асистенции додека Димитриевски застана на 16 поени. МЗТ Скопје откако со максимални 3-0 го скокна тимот на Гостивар, сега ќе го чека подобриот од второто…
Голманот на Тотенхем , Уго Лорис, на денешната средба со новинарите, изјави дека нијанси ќе го решат утрешното финале со Ливерпул во Лигата на фудбалските шампиони и дека неговиот тим е свесен за тежината на мечот. „ Игравме многу мечеви во текот на сезонава, победивме на повеќе од нив. Покажавме дека сме добра екипа. Ќе ни треба секој играч. Сите сакаме да победиме и затоа сме подготвени за големиот предизвик”, рече голманот и воедно капитен на Тотенхем, Уго Лорис. „Не верувам дека тактиката ќе има клучно значење. Ќе победи тој што ќе покаже повеќе. Фудбалот е колективен спорт, кохезијата во…
