Author: dino

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на последната прес-конференција пред утрешното финале во Лигата на фудбалските шампиони против Тотенхем, изјави дека неговиот тим е многу позрел во споредба со минатата година кога загуби од Реал Мадрид во битката за трофејот. „Научивме многу од претходното финале. Околностите сега се различни, ривалите се различни.  Ние сме сосема различен тим  во споредба со минатата година. Ние сме многу позрели“ – вели германскиот тренер. „Ниту јас ниту мојот колега Почетино не смееме да мислиме дека сме фаворити и дека некој од нас има предност. Луѓето можеби ќе кажат дека ние сме фаворити бидејќи собравме повеќе…

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Александар-Арнолд, пред мечот со Тотенхем за врвот на Европа, вели дека топлото време во Шпанија може да биде голем проблем за два тима во утрешното финале во Лигата на шампионите. „Ние се подготвивме за спарното време. Мислам дека секој голем тим треба да се адаптира на условите на теренот, затоа не се плашам. Знам дека ќе бидеме подготвени. Од моја гледна точка двата тима имаат еднакви шанси за победа. Ќе има голема тактичка битка„ – вели Александар-Арнолд. „Би било глупаво да се заборави што се случи пред една година. Научивме некои работи од поразот во Киев. Знаеме…

Read More

Нашиот репрезентативен голман, Никола Митревски, во наредната сезона ќе ги брани боите на Еурофарм работник. 33-годишниот искусен чувар на мрежата  по две години поминати во романска Доброгеа ќе се врати во родната Битола. „Фармацевтите“ со неговиот ангажман ќе добијат одлично засилување за новата меѓународна сезона во која ќе се појават во СЕХА лигата. Митревски кариерата ја започна во Пелистер а потоа ги бранеше боите и на Вардар, Металург и португалската Бенфика.

Read More

Македонското девојче, Ева Соколовска, повторно се накити со злато откако пред неколку денови на републичкиот натпревар во Германија го освои првото место во ритмичка гимнастика. Тоа за неа е 11-та победа во исто толку настапи. Ева на турнирот настапи со четири кореографии и победи во сите. Станува збор за чуневи, хулахоп , соло  и топка. „Ева се натпреварува во нај силната класа, тоа значи дека директно ќе се пласира за Олимпијада. Таа тренира како активен спортист што се подготвува за Олимпијада. И претстојат уште  два турнира за летен пехар и  уште еден  пријателски турнир во Холандија. Освен тоа, Ева настапи…

Read More

Властите во Шпанија објавија дека ќе ангажираат големи ресурси за финалниот меч во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем кој ќе биде одигран в сабота од 21.00 часот на стадионот „ Ванда Метрополитано“. Мадридската полиција соопшти дека посебно се подготвува за најголемиот спортски настан кој носи висок ризик и дека ќе ангажира 4.700 лица кои ќе се грижат само за  безбедноста на стадионот. Покрај тоа ќе циркулираат и голем број на беспилотни летала што значи дека полициските службеници ќе имаат подобра видливост за да реагираат брзо доколку е  потребно. „Сакаме да му покажеме на целиот свет дека Шпанија е…

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Челзи, Давид Луис, проценува дека Калум Ходсон-Одои може да го замени Еден Азар доколку белгиецот се одлучи да замине во редовите на Реал Мадрид. „Ако Азар одлучи да оди, јас му пожелувам многу успех со новиот тим. Тој е фантастичен играч и дружељубив човек. Според мене, Ходсон-Одои е голем талент и може да биде достојна замена за Азар“ – вели одбранбениот играч на „сините“. Ќе потсетиме дека 18-годишниот репрезентативец на Англија во моментов е во процес на рехабилитација бидејќи имаше потешка повреда.

Read More

Една од главните ѕвезди во Ливерпул, Садио Мане, пред саботното финале во Лигата на фудбалските шампиони со Тотенхем, вели, дека сите во тимот се крајно мотивирани да го освојат победничкиот пехар. „Црвените“ во минатогодишното финале беа совладани од Реал Мадрид а во штотуку завршената сезона во Премиер лигата го освоија второто место. Според Мане, тие два момента внесуваат многу поголема мотивација кај играчите  пред решавачкиот дуел со Тотенхем. „Многу научивме од минато-годишното финале кога загубивме од Реал Мадрид. Мислам дека самиот пласман во завршниот меч беше одличен ефект за нас и дека тоа никој не го очекуваше. Сега не ја…

Read More

Боксерот во тешка категорија, Дионте Вајлдер, објави дека договорил нов меч со Луис Ортиз.Нивната последна битка во 2018-та кога победи Ортез со технички нокаут, беше прогласена за една од најспектакуларните во изминатите неколку години. „Сакам да објавам дека  со Луис Ортиз  потпишавме договор за реванш. Точниот датум и термин ќе биде објавен набрзо“ – напиша Вајлдер на социјалните мрежи. Тој во последниот меч оствари брза победа против  Доминик Брисил со што успеа да ја одбрани титулата во ВБЦ.

Read More

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој неколку сезони не успева да ја добие битката со луѓето од Мерцедес, се осврна на последните шпекулации дека размислува да ги напушти патеките. Германскиот пилот кој има договор со „црвените“ до 2020 година, вели дека во моментов е насочен само кон активностите во шампионатот во Формула 1. „Сакам да се натпреварувам. Го сакам чувството на брзина и сакам да се тркам со другите. Има многу работи што ми се допаѓаат и не гледам причина да си заминам сега. Сепак, договорот е само парче хартија, ќе видиме што ќе се случи” – изјави возачот на…

Read More

Денеска од 14.00 часот во Базел ќе се формираат групите за Светското ракометно првенство – У19 кое ќе се одржи во Скопје од 6 до 18 август. Македонија бидејќи е организатор, нашиот селектор, Данило Брестовац, ќе ја има привилегијата да избере во која група сака да игра и тоа пред да бидат извлечени фаворитите од првите два шешира. Во првиот се Шведска, Исланд, Данска и Хрватска а во вториот, Шпанија, Германија, Франција, Бахреин. Нашата селекција е во третата група со Србија, Словенија, Унгарија што значи дека тие земји не може д а ни бидат противници во првата фаза. Потоа следуваат…

Read More