Author: dino

Возачите на Мерцедес ја продолжија доминацијата во тековнава сезона во Ф1. Тие ги освоија првите две места на денешните официјални квалификации за утрешната трка на патеката во Монако. Првото место му припадна на Луис Хамилтон кој беше побрз од тимскиот колега Валтери Ботас. Макс Верстапен од Ред Бул имаше трето време додека возачот на Ферари, Себастијан Фетел, имаше мал инцидент пред финишот и мораше да се задоволи со четвртата позиција.  Лоши квалификации имаше и вториот возач на Ферари, Чарлс Леклерк, кој ќе стартува дури од 16 позиција. Шестата трка од тековната сезона во Ф1 за  ГН на Монако ќе биде…

Read More

Голманот, Ник Пол, го продолжи договорот со Барнли, потврди денеска елитниот англиски клуб. Новиот договор на младиот фудбалер ќе биде до летото во 2023 година со опција да се продолжи за уште една сезона. „ Мислам дека сум на вистинското место. Сакам да бидам тука и да работам секојдневно. Одлично се чувствувам во Барнли. Сакам да се подготвам добро за новата сезона” – коментира 27-годишниот голман кој ја лекува повредата на рамото. Ник дојде во Барнли во 2016 година. Две години подоцна дебитираше и во англиската репрезентација. Во последната сезона Барнли заврши на 15. место во Премиер лигата.

Read More

Медиумите во Италија тврдат дека францускиот состав ПСЖ ќе се обиде по секоја цена да го купи фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, откако пропадна најавената трампа со Маркињо. Според наводите, екипата од „Паркот на принцовите“ и понудила на „старата дама“ 100 милиони евра за потписот на репрезентативецот на БИХ. Во исто време Маркињо по вчерашното последно коло во Лига 1, изјави дека нема намера да си замине од шампионот на Франција. „Не одам никаде, ќе бидам фудбалер на ПСЖ и во наредната сезона“ – потенцираше Маркињо.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Челзи се свесни дека првата ѕвезда, Eден Азар, е на излезната врата од „Стемфорд Бриџ“. Интернационалецот од Белгија долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид а последните информации велат дека  неговата цена на пазарот ќе биде 150 милиони фунти плус бонуси. Шпанскиот тим не сака да плати повеќе од 88 милиони фунти а ситуацијата дополнително ја комплицира забраната за трансфери што ја добија „сините“ поради непочитување на финансискиот плеј-оф. Во исто време, Азар нема намера да попушти и останува на ставот дека нема да ја продолжи соработката со тимот од Англија.

Read More

Македонскиот претставник, Ардијан Аземи, загуби во првото коло на Европското првенство во бокс кое се реалзира во Галати. Тој во категоријата +80 кг беше елиминиран од Германецот, Миахел Торстен Доблер. Аземи боксуваше мотивирано и со голема желба за победа, но, не успеа да пласира прецизни удари што боксерот од Германија го искористи и забележа победа со 5:0. За Аземи настапот на кадетското Европско првенство во Галати, Романија, беше одлична можност да собере искуство за наредните предизвици.

Read More

Хрватскиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе добие нов договор до 2021 година откако е активирана клаузулата кој вели дека тимот мора да му ја продолжи соработката за една сезона доколку ја освои „Златната топка“. Бидејќи Модриќ  успеа да го направи токму тоа во 2018 година, сега „кралевите“ мораат да го задржат на „Сантијаго Бернабе“ со нов договор. За репрезентативецот на Хрватска се појавија шпекулации дека во текот на летото може да замине во италијанскиот Интер, но, денешнава вест од Шпанија потврдува дека тој ќе остане и понатаму во редовите на „кралевите“. Пред него нов договор потпиша…

Read More

32-годишниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис, се надева дека неговиот тим ќе успее да го победи Ливерпул на 1 јуни во Мадрид и да го освои победничкиот пехар во Лигата на шампионите. Францускиот интернационалец кој со „галските петли“ во 2018 година во Русија се израдува на Мундијалскиот трофеј, вели дека е крајно време неговиот тим да го покаже раскошниот талент и да се радува на трофејот. „Горд сум што играм за овој клуб, тоа ми значи повеќе од капитенската лента. Знаеме дека во Лигата на шампионите има фантастична конкуренција и навистина треба да се надминеме за да стигнеме до успех…

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Наби Кеита, кој заработи повреда на колкот на мечот со Барселона во полу-финалето во Лигата на шампионите,  се опоравува многу побрзо од очекуваното. Иако првичните прогнози најавија дека халфот сигурно ќе го пропушти финалето во ЛШ против Тотенхем на 1 јуни во Мадрид и нема да може да настапи во Купот на Африка, сега работите изгледаат далеку пооптимистички. „Наби започна да работи на тренинзите. Тоа сепак, не значи дека ќе може да игра во финалето во ЛШ против Тотенхем. Мислам дека луѓето од неговата селекција – Гвинеја, ќе увидат дека ние правиме се за да го вратиме…

Read More

Дефанзивецот на  фудбалскиот состав Јувентус, Жоао Касело,  е многу блиску до трансфер во шампион  на Премиер лигата –  Манчестер Сити, објавија денеска  повеќе медиуми во Англија. Според нив,  24-годишниот фудбалер може да ја продолжи кариерата кај „граѓаните” доколку двата клуба успеат да постигнат договор.  Челниците на „старата дама” поставија трансферна сума  од 60 милиони евра за Касело додека Англичаните најверојатно ќе понудат од 40 до 50 милиони за потписот на Португалецот. Касело во тековната сезона  одигра 34 натпревари за Јувентус со ефект од 1 гол и 8 асистенции.

Read More

Ѕвездата на Реал Мадрид,, Герет Бејл, во интервју за „АС“ посочи дека се чувствува како заробен во фудбалот. „Како професионален фудбалер, немате право да избирате каде да бидете и во кое време, како на пример во тенисот и голфот.  Се работи за тимски спорт. Практично ние сме како роботи. Ни кажуваат што и кога да јадеме, каде да бидеме, што да му кажеме на тренерот“ вели Бејл. „Кариерата на фудбалерот е кратка, затоа не треба да биде тешко да се жртвуваат одредени работи од приватниот живот. Како професионалец имаш притисок, очекувања и критики од сите страни“ – потенцира Велшанецот кој…

Read More