Author: dino

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер и фудбалерот од нападот, Хамес Родригез, ќе го пропуштат последниот натпревар во тековнава сезона во Бундес-лигата против Ајнтархат Франкфурт. Отсуството на двајцата искусни играчи го потврди и тренерот на Баварците, Нико Ковач. На неговиот тим му е потребен минимум бод за да ја одбрани титулата во најсилниот шампионат на Германија. „Мануел Нојер добро го поминува процесот на рехабилитација, но, нема да игра во текот на викендот. Тој може е на пат целосно да се опорави, но нема да игра . Хамес Родригез исто така не може да ни помогне” – рече Ковач. Според зборовите…

Read More

Британските медиуми објавија дека челните луѓе на фудбалскиот состав Тотенхем можат да купат играчи од Барселона и од Фулам. Четата предводена од Маурицио Почетино која ја очекува финалето во Лигата на шампионите, во претходните два преодни рока не купи ниту едно ново име, сега планира да се вклучи на трансфер-пазарот. Весникот „Сан“ објави дека халфот, Андре Гомеш, кој ја помина сезоната во Евертон како изнајмен од Барселона, дал согласност да премине во Тотенхем за трансферна сума од 35 милиони фунти. Второто планирано летно засилување ќе биде 18-годишниот, Рајан Сесенон од Фулам. „Спарси“  за неговиот потпис ќе треба да издвојат околу…

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја завршија  сезоната на 6-то место во Премиер лигата и не успеаа да обезбедат виза за Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот поранешен тренер, Жозе Мурињо, кој во декември во 2018 година беше наследен од Оле Гунарс Солскјер, процени, дека тимот не се променил. „Можам да кажам две работи за Јунајтед. Пред се, времето ги потврди моите зборови и второ, проблемите се уште постојат – зборувам за играчите, амбициите и организацијата како целина ” – рече Мурињо. Ќе потесетиме дека Португалецот кој помина две и половина години на стадионот  „Олд Трафорд“ , го освои победничкиот…

Read More

Ливерпул и Тотенхем на 1 јуни во Мадрид ќе се борат за победничкиот пехар во Лигата на шампионите. Двата тима од Англија  одлично профитираа настапувајќи низ групната фаза и елиминациите а со самиот пласман во завршниот меч ќе бидат богато наградени и од страна на УЕФА. За победникот е предвидена парична награда од 4 милиони евра плус бонус од  4,5 милиони бидејќи ќе си обезбеди место во Супер Купот на УЕФА.  Тоа значи дека Тотенхем кој со настапите во ЛШ собра 69, 45 милиони евра, може да ја затвори сезоната со 73,45 плус предвидениот бонус. Ливерпул, пак, имаше повеќе триумфи…

Read More

Првите луѓе на ПСЖ се заинтерсирани да купат тројца фудбалери на Реал Мадрид. „Дејли Мејл“ пренесува дека мета на Парижаните се Герет Бејл, Тони Крос и Иско. Францускиот клуб е подготвен да плати околу 180 милиони фунти за сите тројца иако се уште не е познато дали тие ќе бидат ставени на трансфер листата. Сигурно е дека Бејл ќе го напушти Реал додека за Крос и Иско само се шпекулира бидејќи „кралевите“ го обезбедија потписот на Еден Азар што значи дека еден од нив ќе биде вишок на средината на теренот. Тимот од „Паркот на принцовите“ во текот на летото…

Read More

Навивачите на Ливерпул и на Тотенхем кои не обезбедиле влезници преку УЕФА за финалето во Лигата на шампионите на стадионот – „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, ќе мора да платат голема сума доколку сакаат да набават влезница преку други сајтови. „Црвените“ и тимот од Лондон ќе поделат 33.226 билети од вкупно 68.000 колку што е капацитетот на стадионот. Тоа значи дека голем број на влезници ќе се појават на „црно“ или на други веб-страни како на пример на  „СтабХаб“. Таму една влезница чини 3.455 фунти со тенденција цената да се зголемува како ќе се доближува мечот. УЕФА ги предупреди навивачите да…

Read More
NBA

Кошаркарскиот состав на Филаделфија нема да го промени тренерот иако загуби од Торонто во полу-финалето на Источната конференција во НБА лигата, објави –„ ESPN“. „Сиксерси“ беа елиминирани од „Рапторси“ во седум натпревари и тоа веднаш предизвика шпекулации во врска со иднината на Брет Браун. Сепак, по последниот состанок на раководството, било решено, 58-годишниот тренер да продолжи да работи на неговата позиција. Браун ја тренира Филаделфија од 2013 година и досега има ефект од 178 победи и 314 порази. Неговиот тим во последните две сезони секогаш завршуваше со позитивен биланс и играше во плеј-офот.

Read More

Англиските медиуми пишуваат дека управата на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му одобри на тренерот, Пеп Гвардиола, големи 230 милиони евра за купување на нови играчи во текот на летниот трансфер период. Шпанскиот тренер го планира Родри кој има трансферна цена од 70 милиони евра а во игра влегува и Хусен Ауар за кого може да бидат издвоени околу 25 милиони евра. Во исто време медиумите шпекулираат дека „граѓаните“ ги имаат во план и Матијас де Лихт ( 80 милиони евра) и Лука Јовиќ кој е проценет на 60 милиони евра.

Read More

Една од главните ѕвезди во екипата на Голден Стејт, Кевин Дурант, ќе го пропушти воведот во финалето на Западната конференција во НБА против составот на Портланд. Кошаркарот на „Вориорс“ се повреди на петтиот натпревар против Хјустон а медицинските прегледи утврдиле дека има  благо истегнување на лигаментот. Отсусутвото на Дурант ќе биде голем хендикеп, но, челниците и тренерскиот штаб се надеваат дека тој ќе биде подготвен за третиот меч во серијата подобар од седум. Искусниот играч во плеј-офот се појави на 11 натпревари и беше најдобар поединец со просек од 34,2 поени, 5,2 скока и 4,9 асистениции. Воведната пресметка меѓу Голден…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, сака по секоја цена да ја засили дефанзивната линија и затоа нема да се откаже од потписот на играчот на Наполи, Калиду Кулибали. Корпулентниот црномурест фудбалер на италиајнскиот тим би бил одлично засилување на стоперската позиција или евентуално како централен дефанзивец, објави денеска „Мирор“. Ќе потсетиме дека играчот од Сенегал беше трансферна желба и на претходниот тренер на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, но, тогаш Наполи не сакаше да го продаде. Според проценките на експертите, трансферната вредност на Кулибали е околу 150 милиони евра.

Read More