Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, најави дека на крајот на сезоната кога ќе му заврши договoрот ќе си замине од Рим. „Дојдов во тимот бидејќи ме замоли раководството. Сакав да помогнам. Откако ќе ги одиграме завршните мечеви со Јувентус, Сасуло и Парма, ќе си заминам“ – потенцираше искусниот стратег. Поранешниот тренер на фудбалерите на Челзи, Лестер и Фулам, беше ангажиран пред два месеца за да му помогне на тимот да се избори за евро-виза. Тој го наследи отпуштениое Еузебио ди Франческо „Римската волчица“ во моментов се наоѓа на шестото место во Серија „А“  со три бода помалку од…

Read More

Андер Ерера кој во текот на летото како слободен фудбалер ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед, се збогува со фановите од „Олд Трафорд“.  Тој пет сезони беше еден од милениците на домашните навивачи. „Поминав прекрасен период. Ќе ги запаметам речиси сите натпревари бидејќи играњето во овој огромен клуб во Англија е вистинска чест. Црвената ми е во срцето, знаев од првиот момент кога заиграв тука и од моментот кога започнав да ја носам“ – напиша 29 годишниот шпански интернационалец на социјалната мрежа –„Твитер“. Според најавите, Ерера ќе ја продолжи кариерата во Франција во редовите на шамионот ПСЖ.

Read More

Тренерот на  фудбалерите на Тотенхем, Маурицио Почетино, пред завршницата на сезоната вели дека размислува за промена на средината. Неговата изјава доаѓа по само неколку денови откако успеа да го однесе тимот во историското прво финале во елитната конкуренција на Европа. „За мојата иднина ќе разговараме по финалето во Лигата на шампионите. Мислам дека е вистинско време да завршам едно поглавје“ – потенцираше тренерот на „спарси“. Неговиот тим на 1 јуни во Мадрид го очекува финалниот меч во Лигата на шампионите против ривалот од Премиер–лигата, екипата на Ливерпул

Read More

Во текот на денов во Куманово ќе бидат реализирани финалните мечеви во машка и женска конкуренција во ракометниот Куп на Македонија. Програмата ќе ја отворат девојките од 16.00 часот  со дуелот ЖРК Вардар-Куманово додека мажите ќе излезат на теренот во 20.00 часот. Вардарци кои се главните фаворити за победничкиот пехар ќе играат против Металург. Во вчерашното полу-финале, „металурзите“ го совладаа Бутел со 34:31 додека избраниците на Парондо беа подобри од Еурофарм Работник со 35 спрема 30.

Read More

Фудбалерот на Тотенхем, Кејран Трипер, по големата победа на теренот на Ајакс во Лигата на шампионите остварена буквално во последните секунди со голот на Моура, откри зошто неговиот тим одиграл перфектно во вториот дел кога успеа да надополни голема негатива од 2-0. Трипие вели дека на полувремето во соблекувалната се симнал Хари Кејн кој не играше поради повреда и дека со енергичен тон ги мотивирал соиграчите да излезат и да ги покажат нивните  вистински квалитети. „ Хари имаше многу емотивен настап во соблекувалната. Ги праша играчите дали по се што поминаа сакаат на тој начин да ја завршат сезоната и…

Read More

Денеска во Куманово започнува завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција. Од 17.00 часот екипата на Металург ќе излезе на мегдан со Бутел. Мечот ќе го судат Димитар и Дејан Георгиевски а улогите на делегат-контролор ќе ја имаат Ацо  Николовски и Душко Камишевски. Во второто полу-финале од 20.00 часот ќе играат Вардар и Еурофарм Работник. Судии на мечот ќе бидат Исмаил Металари и Ненад Николовски додека Русе Наумовски и Васил Чавдаров ќе бидат делегати-контролири. Победниците од денешните средби утре од 20.00 часот ќе се борат за победничкиот пехар од Купот. Како вовед во машкото финале ќе…

Read More

Англискиот фудбалски состав Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира младиот напаѓач на  Бенфика, Жоао Феликс. 19-годишниот талент во тековнава сезона постигна 18 голови со што го привлече вниманието на европските гиганти. Неговата откупна клаузула е 120 милиони евра, но, „граѓаните“ пронашле начин како да ја намалат.  Според весникот „А Бока”, англискиот тим е подготвен во евентуалниот трансфер да понуди негови фудбалери и да ги пренасочи парите од евентуалната продажба на Бразилецот, Габриел Жезус. Челниците на Бенфика се свесни дека за Феликс ќе пристигна примамливи понуди и затоа се обидуваат да го наговорат младиот фудбалер да потпише нов договор…

Read More

Ветеранот во редовите на Ајакс, Дејли Блинд, по шокантната елиминација од Тотенхем во полу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека уште не може да поверува дека неговиот тим го загуби мечот иако имаше предност од 2 спрема 0 по првиот дел. „Навистина не можам да се вратам во реалноста. Имавме одличен резултат, но, се падна во вода со нашата бледа игра во вториот дел“ – потенцираше дефанзивецот на „копјаниците“. „Имавме многу шанси и не ги искористивме. Сепак треба да бидеме горди на тоа што го направивме со млад состав кој допрва треба да освојува трофеи“ – потенцираше меѓу другото…

Read More

Англискиот фудбал деновиве испиша историја кога станува збор за меѓународните клупски натпреварувања. Ливерпул и Тотенхем на 1 јуни во Мадрид ќе играат во финалето во Лигата на шампионите додека Арсенал и Челзи на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку ќе се борат за победничкиот пехар во Лига Европа. Таквиот ефект на Премиер-лигашите досега се нема случено откако се играат европските купови. Финалето Ливерпул-Тотенхем ќе биде првото меѓу англиски тимови по дуелот Манчестер Јунајтед-Челзи во 2008 година додека во Лига Европа/Куп на УЕФА, последен пат англиски екипи се сретнале во финалето во 1972 година кога Тотенхем го победи Вулверхемптон.

Read More

„Ел Мундо Депортиво“ тврди дека фудбалскиот состав Барселона ќе го отпушти Валверде по завршувањето на сезоната. Тој иако во февруари го продолжи договорот до 2020 година, во истиот постои клаузула дека клубот може да ја раскине соработката без да му плати отштета. Според проценките тоа најверојатно ќе се случи а како главен кандидат да седне на клупата на „Камп Ноу“ се споменува името на селекторот на Холандија, Роналд Куман. Покрај промената на тренерското место, весникот од Каталонија потенцира дека Барса ќе се засили со де Јонг кој е договорен но, во игра влегува и младиот  Де Лихт исто така од…

Read More