Голманот, Хулио Сперони, ќе го напушти составот на Кристал Палас по крајот на сезоната во Премиер-лигата. Тогаш ќе истече договорот на Аргентинскиот фудбалски ветеран кој ќе биде слободен да си побара нов тим. Сперони премина во Палас од шкотскиот Данди во 2004 година по што одигра 405 натпревари во дресот на „орлите“ од Јужен Лондон. 39-годишниот Сперони стана и рекордер по бројот на одиграни натпревари во Кристал Палас. Ветераниот четири пати беше избиран за фудбалер број 1 од фановите на тимот. Интернационалецот од Јужна Америка во тековнава сезона се појави на само два меча. Кристал Палас кој го има 12-то…
Author: dino
Фудбалерот на Тотенхем, Тоби Алдервејрелд, кој има договор до летото во 2020 година, призна дека по тој термин сака да се врати во екипата на Ајакс. Изјавата на белгиецот доаѓа по само еден ден откако неговиот тим го елиминираше токму холандскиот состав и влезе во големото финале во Лигата на шампионите. Алдервејрелд кој за „копјаниците“ од Амстердам има одиграно повеќе од 200 мечеви, има скромна откупна клаузула од 25 милиони фунти што не би требало да биде проблем да се плати. Ќе потсетиме дека за искусниот 30-ет годишен централен дефанзивец е заинтересиран и тимот на Манчестер Јунајтед.
Возачите на Феари во Формула 1, Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе добијат нови мотори и тоа многу порано од предвидениот термин. Откако Мерцедес победи во сите четири трки во новата сезона а Ферари константно имаше механички и електронски проблеми, челнците на италијанскиот состав донеле одлука да ги активираат новите мотори кои имаа различен систем за гориво кој треба да придонесе за подобри перформанси и поголема брзина. Возачите на Ферари во првите четири трки успеаа во три наврати да се искачат на најниското место на пиедесталот. Тоа го направи Фетел во Кина и Азаебејџан а Леклер во Бахраин. Наредната трка…
Тенисерот од Шкотска, Енди Мареј кој по операцијата на колкот најави дека повторно ќе се врати во белиот спорт, ќе има резервирано вајлд-карта за турнирот во Квинс кој е последната проверка за тенисерите пред Отвореното Првенство на Англија на терените на „Вимблдон“. Организаторите на јунскиот турнир објавија дека една покана е резервирана за трикратниот гренд-слем шампион кој иако најави по собирот во Мелбурн дека ќе се пензионира, сега е решен да се врати на тенисот. Жрепката за турнирот ќе биде на 17 јуни а учеството досега го потврдиле: Марин Чилиќ, Кевин Андерсон, Хуан Мартин дел Потро, Стефанос Циципс итн.
Фудбалерите на Тотенхем во трилер меч со Хичковска завршница успеаа да слават на теренот на Ајакс со 3 спрема 2 и да влезат во големото финале во Лигата на шампионите. Бразилецот Лукас со хет-трикот во вториот дел беше човекот за огромен пресврт откако домаќините заминаа на паузата со предност од 2 спрема 0 со головите на Де ЛИхт и Зијач. Згора на тоа имаа и плус еден гледајќи го првиот дуел во Англија кога победија со 1-0. Анамичноста на Ајакс во вториот дел и храбрата игра на Англичаните го донесе голот за победа кога сите го очекуваа крајот на мечот.…
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој ќе направи голем ремонт во текот на летото, сака да го врати на стадионот – „Сантијаго Бернебе” дефанзивецот, Ашраф Хаким, кој сега игра како позајмен во Борусија (Дортмунд). Според весникот – „AS“, Французинот верува дека бекот ќе донесе одредено освежување по левата аут-линија. Сепак, тоа ќе биде многу тешко да се реализира, бидејќи „милионерите“ немаат намера да се откажат од услугите на 20-годишниот играч кој остави посебен впечаток во сезонава. Фудбалерот од Мароко кој природно дејствува во десниот дел од одбраната, покажа дека одлично се адаптира и по левата страна која е посебно…
Францускиот напаѓач на Ајнтрахт (Франкфурт), Себастијан Алер, кој мораше да пропушти осум мечеви во сите конкуренции, ќе му биде на располагање на тренерот, Адолф Хутер, за утрешното гостување во Англија. 24-годишниот фудбалер кој има одлична сезона за „орлите“, извесен период мораше да биде надвор од терените поради проблеми со стомачните мускули. Сега, Алер е пријавен на списокот за вториот полу-финален натпревар од Лигата на Европа на теренот на Челзи. Играчот на германскиот состав има 14 голови и 9 асистенции во 27 натпревари во Бундес-лигата додека во европските турнири постигна 5 голови и направи две асистенции во 9 натпревари. Ајнтрахт утре…
Откако ФИФА ја одби жалбата на Челзи поврзана со забраната за трансфери во два преодни рока, „сините„ најавија дека сега ќе се обратат до Судот за спортска арбиртража во Лозана. „Денеска Челзи ја доби одлуката на комитетот за жалби на ФИФА. Клубот е многу разочаран бидејќи казната за забрана на трансфери во два преодни рока не е укината. Челзи ќе ја обжали одлуката на ФИФА во Судот за Спортска Арбитража“ – стои во соопштението на англискиот елитен состав. Екипата од Лондон во наредната сезона како засилување ќе го има само Кристијан Пулишиќ кој го регистрираше уште во јануари, но, му…
Долорес Авеиро, мајката на фудбалската супер-ѕвезда, Кристијано Роналдо, покажа дека има современи размислувања поврзани со работата на интимната пријателка на нејзиниот син – Џорџина Родригез. Убавицата која е фото-модел во континуитет се појавува во медиумите со провокативни разголени слики а Авеиро истите ги споделува на социјалните мрежи со тоа што и им додава емотикони со срце. Бидејќи Родригез е рекламно лице на голем број брендови за долна облека, нејзините профили на социјалните мрежи се исполнети со разголени слики. Тоа според мајката на Роналдо е сосема нормална работа и затоа ја поддржува и ја охрабрува да продолжи со нејзината работа.
Еден од најдобрите борци во лесна категорија во УФЦ, Тони Фергусон, објави дека сака да се врати во „кафезот“. Тој имал разговори со челниците во Лас Легас по што објави видео на социјалните мрежи со кои најави кам-бек во спортот во кој своевремено беше и шампион. Тој вели дека посакува битка со со Хабиб Нурмагомедов или Конор Мекгрегор, но, како реална опција во моментов се наметнува само името на Џастин Гај. Во изминатите неколку месеци Фергусон се бореше со психолошките проблеми, но, сега е подготвен 100% и затоа доби зелено светло од „UFC“ да се врати во конкуренцијата.
