Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Роџер Федерер, остави простор дека може да се појави на Мастерсот во Рим кој ќе започне во наредната работна недела иако тој турнир не беше вметнат во неговиот распоред. Швајцарецот кој претходно најави дека ќе се насочи само кон турнирот во Мадрид и вториот годинашен Грен Слем на терените на „Ролан Гарос“, сега вели дека работите може да се променат во последен миг. Федерер тоа го потенцираше во интервјуто за – „Ел Паис“. „За турнирите од Мастерс серијата влегуваш автоматски на листата. Јас сум пријавен за Рим. Ако не учествуваш, тоа значи дека си…
Author: dino
Тотенхем е подготвен да се раздели со напаѓачот Винсент Јансен за да го привлече играчот од средниот ред на Бетис, Виктор Камара, кој во сезонава игра како позајмен во англсикиот состав Кардиф. Екипата од Шпанија која е подготвена да се раздели со фудбалерот за најмалку 20 милиони евра, сака во целиот трансфер да биде вметнат и холандскиот фудбалер Винсент Јансен. Ќе потсетиме дека Бетис во јануарскиот трансфер период се обиде да го ангажира играчот на „спарси“, но, договорот не успеа. Сега екипата од Северен Лондон е подготвена да го испрати Јансен во Шпанија и да плати 20 милиони за ангажман…
Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа минимално Лестер со 1 спрема 0 со што го направија претпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер-лигата. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, објасни дека сега е се во нивните раце. „Игравме одлично во второто полувреме. Тука дојде до израз нашиот победнички менталитет. Ние знаеме да победуваме и да бидеме шампиони. Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме” вели Гвардиола. „Сити е клуб кој постои 100 години, но, во минатото немаше доволно трофеи. Сега ситуацијата е различна. Многу фудбалери помогнаа тоа да се промени со текот на годините. Тука се Компани, Џо…
Денешната пресметка меѓу Ливерпул и Барселона закажана во 21.00 часот на „Енфилд“, ќе го даде првиот финалист во Лигата на шампионите. Домаќините ќе имаат тешка задача бидејќи Барса допатува со голема предност од 3-0 обезбедена на „Кам Ноу“. Германскиот стратег откако остана без услугите на главните голгетери, Салах и Фирмињо, вели дека ќе биде многу тешко да се победи со четири голови разлика додека неговиот колега Ернесто Валверде, дипломатски изјави, дека би било грешка Барселона да се потпира на резултатот од минатата недела. Ливерпул и Барселона досега одиграле 9 средби со изедначен ефект. Во три меча победиле „црвените“, во исто…
Македонскиот ракометен шампион Вардар трета сезона по ред ќе настапи на Ф4 турнирот во Келн во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ иако загубија во реваншот во Унгарија од ПИК Сегед со 29 спрема 25 успеаа да излезат како севкупни победници благодарение на триумфот во Скопје со 31 спрема 23. Во нашиот тим ништо не одеше според планот во првиот дел кога домаќинот направи посакувана предност од 17-9, но, затоа во вториот бековите се разиграа, крилата се „разлетаа“ а голманот Милосављев ја „спушти ролетната“ во критичните мигови. Во последната минута од натпреварот по еден старт на Мораес се случија и немили сцени…
Чалачев Тируне од Етиопија со време од 2.15.37 часа победи во машкиот дел на 15-тото јубилејно издание на – „Виз Ер Скопскиот Маратон“ на кој се појавија преку 12.500 учесници од 58 земји што претставува рекордна бројка. Црномурестиот атлетичар со остварениот резултат ќе добие и дополнителна парична награда од 2000 евра. На второто место на пиедесталот се искачи Вилгред Корир од Кенија а на третото Гетаје Гелав од Етиопија. Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кираџиев кој го освои петтото место. Во женскиот дел најбрза беше Енус Мухири од Кенија кој постави нов рекорд од 2 часа 33 минути и 38…
Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, оствари најдобар резултат во полу-маратонската трка низ улиците на Скопје. Тој ја претрча патеката за 1.12.31 што беше доволно да се искачи на највисокото место на пиедесталот. Второто место го освои Кристијан Стошиќ а како трет низ целта помина Милош Ранчиќ. Во женска конкуренција победи Зита Качер од Унгарија пред нашата Милјана Ристиќ и Емилија Тодоровска Елијас која е пријавена како атлетичарка од Шведска.
Кастер Семења, по само два дена откако го загуби спорот со Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) околу новото правило за рагулирање на нивото на „тестостерон“, успеа да победи на трката на 800 метри на митингот во Доха кој е составен дел од Дијамантската лига. Двократната олимписка шампионка од Јужна Африка постигна време од 1:54.98 минути што претставува осми најдобар резултат на сите времиња. За Семења тоа беше 30. победа во серија на патеката од 800 метри. Ќе потсетиме дека светскиот рекорд кој е стар 26 години го има атлетичарката од Чешка, Јармила Кратовчилова.
Леонид Вандевски во машка и Марија Стојановска во женска конкуренција се победници во трката на 5 километри на годинашново издание на „Виз Ер скопскиот маратон“. Веднаш зад Вандевски трката ја завршија Павле Јовановски и Пепи Аникијев додека во женскиот дел второто место и припадна на Ања Еклер а третото на Ирма Хајдари. На трката на 5000 метри имаше повеќе од 9000 учесници.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред мечот со Лестер закажан за в понеделник на стадионот – „Етихад“, вели дека популарните „лисици“ играат одлично под диригентската палка на Брендон Роџерс. Шпанскиот старатег посочи дека неговите избраници ќе мора посебно да внимаваат на Џејми Варди кој постигна 10 голови во последните девет натпревари. „Неговата кариера зборува за него а не само последните натпревари. Тој е врвен напаѓач, неговото движење, завршница, борбеноста“ – вели Гвардиола алудирајќи на ефектот на Варди. „Лестер беше тим кој играше на контра напади, но, сега со Роџерс се обидуваат да ги контролираат сите делови на…
