Шпанецот, Рафаел Надал, кој е втор најтрофеен тенисер веднаш зад Швајцарецот, Роџер Федерер, ја реализира најслабата сезона откако е активен во професионалните води. Тој по речиси една деценија и половина, прв пат во првите 4 месеци од годината не успеа да освои трофеј. Тој во единственото одиграно финале во тековнава сезона загуби од Србинот, Новак Ѓоковиќ. Претходно се повлече во полу-финалето против Федерер во Индијан Велс додека на сите други терени на кои се појави, максимумот му беше пласманот меѓу најдобрите четири. Надал кој е наречен „крал“ на земјените терени, во минатото имаше одредени здравствени проблеми што очигледно го спречија…
Author: dino
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Вест Хем, Пабло Забалета, го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Аргентинецот ќе остане во тимот до 2020 година, информира официјалниот сајт на – „чеканите”. Задоволството од новата соработка ја потенцираше и искусниот играч. „Ова е одлична вест и јас сум многу среќен. Уживам во времето поминато тука. Во Вест Хем ја гледам страста на фановите и почитта на луѓето во клубот. Сеуште чувствувам задоволство од фудбалот, затоа решив да останам уште една година на теренот ” – рече Забалета. Интернационaлецот од Аргентина во 2017 година го напушти Манчестер Сити и замина во Вест Хем. Тој во…
Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, нема намера да си замине на крајот на сезоната. Поранешниот репрезентативец на Германија не е загрижен околу шпекулациите дека ќе биде продаден во текот на летото. „ Да, сакам да останам. Имам договор за уште две години, не знам што ќе се случи потоа. Среќен сум во Арсенал и сакам да му помогнам на клубот да направи врвни резултати” – изјави Озил. „Немам никакви проблем со тренерот Емери. Секогаш се јавуваат гласини, но, тие што се внатре во тимот ја знаат вистината. Се разбира дека не сум задоволен кога не играм. Јас…
Фудбалерите на Ливерпул не успеаа да извлечат поволен резултат на теренот на Барселона во првиот меч од полу-финалето во Лигата на шампионите. „Црвените“ иако беа рамноправен противник на „Камп Ноу“, загубија со големи 3-0 што максимално им ја компликува ситуацијата пред реваншот во Англија. Германскиот тренер на клупата на гостите, Јирген Клоп, вели дека неговите избраници не заслужиле таков убедлив пораз. „Моите момци играа многу добро, но, не ги искористивме шансите . Не знам дали е возможно да играме подобро од денешново издание. Не можам да бидам задоволен од резултатот иако е реалност“ – вели Клоп. „ Ќе биде тешко во…
Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој се вбројува меѓу најдобрите дефанзивци на светот, вели дека никој не може да го запре Лео Меси кој вчера постигна два гола против „црвените“ во полу-финалето во Лигата на шампионите. „Не загубивме ние од Барселона, туку загубивме од најдобриот фудбалер на сите времиња. Никој не може да го сопре Меси, па ни јас. Не е проблем Барса, проблемот е Меси“ – вели Холанѓанецот. „Нема што повеќе да се каже за Меси. Јас сум среќен што не сум во Ла Лига бидејќи ќе треба секоја сезона да играм против него“ – потенцираше стоперот на…
Шпанскиот голман, Икер Касилјас кој претрпе срцев удар, ќе мора да се повлече од активно играње фудбал. Тоа го потенцира поранешниот кошаркар на Реал Мадрид и актуелен кардиолог, Хуан Антонио Корбалан. На чуварот на мрежата на Порто му беше поставен стент на срцето. 37-годишниот голман иако се огласи на социјалните мрежи дека се чувствува добро, сепак нема да може да се врати на теренот барем според зборовите на Корбалан. „Не може да се игра фудбал со стент на коронарните артерии дури и ако станува збор за голман. Икер повторно ќе има нормален живот, но, нема да може да игра професионално”…
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели, кој во повеќе наврати го привлекува вниманието со неговото однесување и коментарите на различни теми, не остана имун на вчерашниот погодок на Лео Маси на мечот со Ливерпул во ЛШ. Италијанецот имаше интересна изјава во која го спомена и големиот ривал на Аргентинецот а тоа е Кристијано Роналдо. „За љубов на фудбалот, Ве молам повеќе да не го споредувате Меси со бројот седум од Јувентус“ – напиша Балотели алудирајќи на дилемата која е присутна повеќе од една деценија – кој е подобар Меси или Роналдо?.
Возачот на Рено во Формула 1, Даниел Рикардо, поради ударот во болидот на Данил Квајт на патеката во Баку, заработи казна од три позиции за Гран При трката во Шпанија. Рикардо во завршницата во Азербејџан се обиде да го претекне Квајт , но, не успеа во маневарот по што и двајцата излетаа надвор од патеката. ФИА откако ја прегледа снимката, утврди, дека Рикардо е виновен за инцидентот и затоа покрај изречената казната за трката во Шпанија тој ќе добие и два казнени поена во неговата лиценца. Рикардо откако му се извини на Квајт, се обиде да објасни дека сакал да…
Англискиот фудбалски состав Вест Хем ќе воведе нова платформа за само навивачите кои ќе можат да гласаат за дел од одлуките донесени од страна на тимот. Лондончани на тој начин ќе го следат примерот на францускиот Пари Сен Жермен и италијанскиот Јувентус, кои имаат таков начин на соработка со фановите. Преку платформата –„ Socios.com“ навивачите ќе имаат можност да учествуваат во гласањето за дел од одлуките кои се поврзани со иднината на Вест Хем. Клубот од источен Лондон одлучи да ги консултира навивачите околу видот и бојата на третиот дрес. „Современата платформа ќе ни овозможи континуирано да бидеме во контакт…
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, имал забелешки на однесувањето на Ентони Марсијал пред мечот со Челзи кој беше одигран на „Олд Трафорд“ во текот на викендот и заврши нерешено 1 спрема 1. На социјалните мрежи денеска се појави видео од загревањето кое покажува како Марсеј лежерно стои со нога врз топката на теренот додека неговите соиграчи максимално се ангажирани и се подготвуваат за мечот. Фудбалерот кој се жали на болки во грбот не се појави на средбата со лондончани. 23-годишниот играч од Франција во тековнава сезона во Премиер лигата има одиграно 26 натпревари и постигнато 10…
