Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Муса Сисоко, ќе го пропушти првиот натпревар од полу-финалето против Ајакс во Лигата на шампионите. Мечот е закажан за наредниот вторник на стадионот на „Спарси“. Играчот на англискот тим се повреди во текот на викендот на дербито со Манчестер Сити и според лексраките прогнози ќе мора да паузира најмалку две недели. Тоа го потврди денеска и менаџерот на тимот, Маурицио Почетино. Дуелот против Ајакс на 30-ти април ќе го пропушти и казниот Хонг-Мин Сун додека под знак прашалник е настапот на стандарниот Хари Винкс. Што се однесува до рековалесцентниот Лорис, тој најверојатно ќе биде…
Author: dino
Младиот возач на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, вели дека е задоволен од пофалбите што ги добива од сите страни и дека тие ќе му бидат дополнителен мотив за уште подобро возење во продолжението од сезоната. Тој имаше пех со болидот во Бахреин а на другите две трки мораше да ја послуша тимската наредба и да му помогне на колегата Себастијан Фетел. „Секогаш е многу убаво да се слушнат комплименти од Луис Хамилтон или Себастијан Фетел, како и од другите познати спортски личности. Сепак не размислувам многу за тоа. Јас сакам да се сконцентрирам само на настаните на патеката“…
Бидејќи репрезентативецот на Белгија, Еден Азар, во текот на летото ќе го напушти Челзи и ќе замине во Реал Мадрид, челниците на тимот сериозно ги разгледуваат сите можни опции за негова замена. Спред медиумите, тие ќе се обидат да го ангажираат фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо. Бразилецот бидејќи не ја добива потребната минутажа во конкуренција со Меси и Луис Суарез, размислува да ја промени средината. Тоа според најавите може да се случи уште во текот на летниот трансфер период.
В пресрет на утрешното градско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, играчот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, верува дека четата на Солскјер може да ги совлада „граѓаните“ и на тој начин да му помогне на неговиот состав да има отворен пат кон титулата во Премиер лигата. „Тие треба самите да си направат услуга бидејќи се борат за ЛШ и потребен им е добар резултат“ – рече Холанѓанецот. Јунајтед ги посакува бодовите за да остане во трката за место што води во ЛШ додека на Сити му требаат за титулата во Премиер лигата.
Кошаркарот на Будуќност, Норис Кол, се осврна на вчерашните немили настани пред стартот на мајсторката за титулата во АБА лигата против Црвена Ѕвезда во Белград. Играчот од САД беше меѓу тројцата повредени во дивеењето на фановите на „црвено-белите“. „Тоа беше најнепрофесионален амбиент. АБА треба да се срами за тоа што се случуваше. По нас фрлаа столчиња, шишиња, не плукаа, фрлаа што им дојде при рака… Пиротехника исто така. Нивните навивачи не нападнаа и го прекинаа загревањето. Не примораа да бегаме во соблекувалната. Тоа беше така небезбедно и неприфатливо“, вели Кол. „Не смееше да се игра но, ни се закануваа дека…
Нашиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, се пријавил за годинешниот драф во НБА лигата кој ќе се реализира на 20 јуни во Њујорк. Неговото име се појави на списокот на 50 интернационалци кои се пријавиле дека сакаат да бидат дел од најсилната светска лига. Тоа значи дека играчот на шпанскиот Хувентуд ќе биде третиот Македонец што ќе се обиде со апликација да влезе во НБА лигата. Пред него тоа го направија Владо Илиевски и Предраг Самарџиски кои сепак не отидоа до крај и ги повлекоа пријавите. Перо Антиќ останува единствениот од нашава земја кој успеа да заигра во САД откако потпиша со…
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурисио Сари, имаше чудна изјава во која Лигата на Шампионите ја спореди со Лига Купот на Англија. Таму неговиот состав изгуби во финалето на а италијанецот верувале или не, изјави, дека е потешко да се стигне до финалето во тоа натпреварување отколку до финалето во најелитната европска конкуренција. „Ако сакате да играте во финалето во Лига Купот ќе морате да се соочите со Ливерпул, Тотенхем…Ние во финалето игравме против Манчестер Сити. Навистина мислам дека е полесно е да стигнете до завршниот меч во Лигата на шампионите отколку до финалето на Лига Купот“ – вели Сари.…
Фудбалерот Андрес Силва кој има договор со италијанскиот Милан а настапува како позајмен во екипата на Севилја од Шпанија, од наредната сезона може да се активира во Премиер лигата, објави денеска – „Калчомеркато“. Португалецот иако одлично ја започна сезоната во вториот дел полека излезе од ритам што очигледно не им се допаѓа на луѓето од Андалузија кои најавија дека нема да ја искористат можноста на крајот на сезоната да го откупат неговиот договор. Милан исто така нема намера да го врати во Италија што значи дека Силва може да си бара нов клуб. Според медиумите, неговиот агент Жорге Мендеш успеал да…
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, може да добие понуда да потпиша за италијанскиот шампион Јувентус. Интернационалецот од Алжир кој за 70 милиони евра го напушти Лестер и се активираше кај „граѓаните“, не успеа да се наметне за првиот состав на Пеп Гвардиола. 28-годишниот играч во тековнава сезона се појави на 42-ве средби во сите конкуренции, но, на само 11-ет од нив беше во првата постава. Тој иако има 11 погодоци и 11 асистенции, не успеа да ја стекне довербата на шпанскиот стратег кој главно го користи од клупата за резерви.
Луѓето од Реал Мадрид ќе добијат голема конкуренција во трката за потписот на фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, откако „Дејли Стар“ денеска објави дека за неговите услуги се заинтересирани и челниците на Баерн Минхен. Данскиот репрезентативец кој има бласкава сезона во редовите на „спарси“ најверојатно ќе добие понуди од гигантите од Шпанија и од Германија. Затоа се наметнува дилемата дали 27- годишниот играч ќе остане кај лондончани во Премиер лигата или ќе се определи да замине во друг шампионат.
