Откако Кристијано Роналдо со неговиот Јувентус доживеа сензационална елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите, се појавија првите шпекулации дека може да си замине од Торино. На тоа реагираше тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, кој се обиде да објасни дека Португалецот е иднината на клубот. „ Тој одигра фантастично годинава а истото ќе се повтори и во наредната. Секако дека е разочаран како што сме и сите ние, но, тој е многу смирен. Доаѓањето на Кристијано во Јувентус не значеше дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите“ -изјави Алегри. Јувентус доколку денеска освои барем бод на домашен терен на…
Author: dino
Фудбалерите на Ливерпул ќе имаат тешка задача во финишот на сезоната бидејќи ќе се борат грчевито за шампионскиот пехар во Премиер лигата а ќе играат и во полу-финалето во Лигата на шампионите против Барселона. За нив секој меч во домашниот шампионат е со посебно значење бидејќи водат „мртва“ трка Манчестер Сити кој по елиминацијата од ЛШ сите сили ќе може да ги насочи само во домашниот дел. Ливерпул утре ќе гостува кај Кардиф а тренерот, Јирген Клоп, вели дека играчите треба да заборават на заморот и да одиграат максмално. „Сега е најзначајниот дел од сезоната и не смееме да чувствуваме…
Tренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер, планира да ги продаде напаѓачите Ромелу Лукаку и Алексиси Санчез и да купи нови фудбалери во текот на летниот трансфер период. Лукаку воопшто не ги оправда очекувањата на „црвените ѓаволи“ по скапиот трансфер од Евертон додека Чилеанецот соочен со многу повреди речиси и не доби вистинска шанса за докажување. Британските медиуми тврдат Белгиецот бил понуден на ПСЖ, Интер и на Баерн, но, ниту еден од трите клуба не сака да испрати понуда од најмалку 60 милиони евра.
Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко, на крајот на сезоната ќе се повлече од ракометниот состав Вардар, стои во објавата на официјалниот веб-портал на „црвено –црните“. „Приходот кој во изминатите години го добиено ракометниот тим од Европската ракометна федерација и од спонзори не е ниту 10% од буџетот што јас го давам годишно. Тоа е причината поради која од наредната сезона нема да бидам во можност да го финансирам ракометниот клуб Вардар“ – стои во објавата на Самсоненко. Ќе потсетиме дека машкиот ракометен тим на Вардар во 2016 година ја освои Лигата на шампионите додека женскиот состав во дури четири обиди не…
Поранешниот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се обиде да објасни зошто Барселона успеа лесно да ги елиминира Англичаните 1 /4 финалето во Лигата на шампионите. „Мислам дека пристапот на Јунајтед беше различен во двата меча. Во првиот се обиде да ја контролира централната зона во која дејствува Меси. Кога тој влегуваше во внатрешноста го чекаа Фред или Мектоминеј“- вели Португалецот. „Во реваншот бидејќи имаа негатива од 1-0, се обидоа со Погба лево и Мектоминеј десно а Лингард како десетка зад напаѓачите. Пред дефанзивната линија беше само Фред. Тоа е областа во која Меси ја прима топката а кога…
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се осврна на елиминацијата на Манчестер Сити во Лигата на фудбалските шампиони. Четата на Пеп Гвардиола која им е главен конкурент на „црвените“ во битката за титулата во Премиер лигата беше елиминирана од Тотенхем во 1 /4 финалето и тоа во трилер завршница. Германскиот стратег беше прашан од новинарите дали тој момент може да влијае врз „граѓаните“ во трката за победничкиот пехар во Англија. „Не знам, но, тоа беше неверојатен начин на елиминација. Навистина ми е жал. Сите мислеа дека тоа е гол и го прославија. Некои луѓе велат дека доколку не беше ВАР тоа…
Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру, изјави дека е разочаран бидејќи по доаѓањето на Гонзало Игуаин го загуби местото во стартната постава. Французинот во тековнава сезона постигна 12 голови од кои само два се во Премиер лигата. Бидејќи за неговите услуги се заинтересирани неколку екипи, постои голема веројатност уште во текот на летото да си замине од „Стемфорд Бриџ“. Корпулентниот напаѓач во 2017 ја заврши соработката со Арсенал и веднаш се пресели во редовите на „сините“. Тој досега беше стартер на само седум натпревари.
Тенисерот од Русија, Данил Медведев, денеска приреди големо изненадување во четврт-финалето на Мастер турнирот во Монте Карло откако успеа да го совлада лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ. Србинот влезе во мечот како голем фаворит, но, направи многу грешки и загуби со 2:1 во сетови (3-6, 6-4, 2-6). Медведев за 39 минути победи во првиот сет додека Ѓоковиќ се врати во ритам во вториот. Во решавачкиот трет сет, Србинот направи голем број на грешки што максимално ги искористи неговиот противник кој ќе ја продолжи битката за победничкиот пехар. Медведев е вториот тенисер кој успеал да го совлада Ѓоковиќ во четврт-финалето во Монте…
Фудбалерите на Ливерпул во последниот елиминациски филтер во Лигата на шампионите ќе ги одмерат силите со Барселона предводена од Лео Меси. „Црвените“ во 1 /4 финалето лесно преминаа преку Порто додека тимот од Шпанија благодарение на аргентинскиот ас кој постигна три гола на двата меча, успеа да го елиминира Манчестер Јунајтед. Бидејќи четата на Клоп форсира колективен напаѓачки фудбал додека шпанскиот тим главно зависи од играта на Меси, сите се прашуваат што ќе направат англичаните да ја запрат првата ѕвезда од „Камп Ноу“. Одговорот се обиде да го даде Вирџил Ван Дајк, кој е еден од најдобрите дефанзивци во светот.…
Четворица фудбалери на Ливерпул влегуваат во идеалниот тим на Лигата на шампионите кој беше формиран откако заврши 1 /4 финалната фаза. Интересно е тоа што во идеалниот тим нема нитуи еден фудбалер на холандскиот Ајакс кој во две рунди успеа да направи сензација и да ги елиминира Реал Мадрид и Јувентус кој се вбројуваа меѓу фаворитите за победничкиот пехар. Еве го според УЕФА идеалниот тим на 1 /4 финалната фаза. Тер Штеген (Барселона), Александер-Арнолд (Ливерпул), Ван Дијк (Ливерпул), Жорди Алба (Барселона), Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Рахим Стерлинг (Манчестер Сити), Сон Хин-Мин (Тотенхем), Мохамед Салах (Ливерпул) Садио Мане (Ливерпул), Леонел…
