Author: dino

Јасин Љама и Гоце Јанески се поразени на првиот натпреварувачки ден на меѓународниот турнир  -„Белградски победник 2019“ во Србија. Во категоријата 60 кг, Јасин Љама загуби на поени од турскиот боксер Хакан Доган. Љама одлично се бореше и беше рамноправен, но, пресуди искуството на репрезентативецот на Турција. Вториот наш претставник , Гоце Јанески, во категоријата 69 кг, загуби од Јарслав Самофалов од Украина  со прекин односно технички нокаут пред крајот на првата рунда. Денеска настапува Арсим Етеми во категоријата 75 кг кој за противник ќе го има Ван Дер Пас-Макс од Холандија.

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски, по вчерашниот пораз на домашен терен од Вардар во Супер-лигата, вели дека неговиот тим се исплашил од шансата да победи. „И покрај поразот морам да им честитам на моите ракометари. Ние се уплашивме од шансата да ги победиме. Вардар влезе со потценувачки пристап кој не е својствен за нив, но, сепак се работи за светска екипа и затоа честитки за победата“ – вели Алушовски. „Ние сме на вистинскиот пат, имаме скратен ростер бидејќи дел од ракометари се уморни по репрезентативните натпревари и затоа не можевме да покажеме повеќе “ – рече  тренерот…

Read More

Халфот на Евертон, Андре Гомеш, е обвинет за манифестација на насилство по поразот од Фулам во Премиер лигата, потврдија денеска од Фудбалската асоцијација на Англија. Гомеш, кој игра за „карамелите“ како позајмен од Барселона, се соочува со суспензија за три средби поради конфликтот со напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ. Инцидентот кој се случил во 95-тата минута не бил забележан од страна на главниот судија, Ли Проберт. Затоа, ФА, најави дека ќе го искористи целиот видео-материјал и дека ќе направи анализа на целата ситуација .

Read More

Фудбалерот на Рома, Даниеле Де Роси, ќе мора да направи пауза од околу три седмици што е добра вест за тренерот, Клаудио Раниери, имајќи в превид дека првичните прогнози беа многу полоши. Имено, капитенот на „римската волчица“  го повреди колено на првенствениот меч против Удинезе а лекарите стравува дали ќе може воопшто да се врати на теренот до крајот на сезоната. Сепак, деталните медицински прегледи утврдија дека тој по 20-тина дена пауза ќе може да се врати во тренинг процес. Де Роси нема да игра против Интер, Калјари и Џенова, но, сигурно ќе биде во комбинација за настап против Сасуоло…

Read More

Кошаркарот,  Зајон Вилијамс, кој забележа импресивна сезона во колеџ првенство на САД и ја освои наградата за – „играч на сезоната”, најави дека годинава ќе учествува на НБА драфтот. 18-годишниот играч чии средни индикатори по натпревар се: 22.6 поени, 8.9 скока, 2.1 асистенции, 2.1 одземена топка и 1.8 блокади, речиси сигурно на драфотот ќе биде избран под бројот 1. „Им благодарам на сите за поддршката. Не можам да опишам колку за мене беше посебна сезоната. Сега најавувам дека ќе учествувам во Драфтот во НБА “, рече тинејџерот од Флорида.

Read More

Канаѓанецот, Ален Вињо, е назначен за тренер на Филаделфија, соопшти клубот кој се натпреварува во најсилната хокејарска лига на САД и Канада. 57-годишниот стратег кој е паралелно и тренер на репрезентацијата на Канада,  претходно во НХЛ ги водел  тимовите на Монтреал, Ванкувер и Њујорк Ренџерс. Тој два пати беше дел и од финалето во „Стенли Купот“ и тоа во 2011 и 2014 година. Вињо во тренерската кариера има 648 победи и 435 порази.

Read More

Фудбалерите на Јувентус доцна вечер од 21.00 часот на „Алијанц Арена“ во Торино ќе му бидат домаќини на Ајакс во реваншот од  1/4 финалето во Лигата на шампионите. Двата тима имаат подеднакви шанси да продолжат понатаму откако првиот меч на „Јохан Кројф Арена“ заврши нерешено 1:1. Надежите на навивачите на “Старата дама” повторно се поврзуваат со името на Кристијано Роналдо, кој во претходниот круг со неговиот хет-трик практично сам го елиминира Атлетико Мадрид. Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, предупредува дека Ајакс игра одлично како гостин. Тој се повика на статистиката која покажува дека тимот од Амстердам нема пораз на гостински…

Read More

Барселона предводена од Лео Меси денеска на „Камп Ноу“  треба да го заврши започнатото во Англија на теренот на Манчестер Јунајтед. Каталонците на „Олд Трафорд“ славеа со 1:0 со што ја отворија вратата за пласман во 1/2 финалето во Лигата на шампионите.  Во исто време, „црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе можат да го повторат успехот од предходната фаза кога го елиминираа фаворитот ПСЖ и тоа на негов терен во Франција. Во секој случај избраниците на Солскјер немаат што да загубат и затоа ќе излезат на теренот без посебен притисок и со желба да направат нова сензација. Аанализите велат дека…

Read More

Нашите најдобри ракометари вечерва одиграа нерешно со Исланд 24 спрема 24 во рамките на 4.  коло во групата „3“  во тековните квалификации за пласман на европското првенство во 2020 година. Избраниците на селекторот, Данило Брестовац, не ја искористија пеколната атмосфера и големата поддршка од фановите во СЦ Борис Трајковски и освоија само бод против секогаш непријатните „рибари“. Мечот главно беше изедначен а финишот донесе големи возбудувања. Прво ние не искористивме напад преку Лазаров за плус два што ќе значеше и победа, за веднаш потоа гостите да реализираат на три секунди пред крајот и да се спасат од пораз. Во вториот…

Read More

Играчот на Работнички, Чавдар Костов, сосема ја доби наградата за „најкорисен играч“ на завршниот дел од кошаркарскиот Куп на Македонија. Неговиот тим денеска во финалето во Гевгелија славеше против Блокотехна и успеа по десетти пат да се израдува на големиот пехар. „Мислам дека беше добар меч на задоволство на гледачите. Во третиот период не се знаеше кој ќе биде победникот, но, на крајот ние го освоивме Купот“ – вели бугарскиот интернационалец. „Сега продолжуваме во првенството иако сме многу изморени. Ќе се обидеме да ја освоиме титулата“ – потенцираше Костов откако ја прими наградата –„МВП“.

Read More