Author: dino

Наби Кеита и Роберто Фирмино со нивните голови му донесоа победа на Ливерпул на вчерашниот меч со Порто во Лигата на шампионите и на тој начин ја отворија вратата за наредната елиминациска фаза иако допрва ќе биде реваншот во Португалија. Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, верува дека неговиот тим може да прикаже подобра игра во возвартниот натпревар и дека ќе го продолжи патот во наредната елиминациска рунда. Тој вели дека победата на „Енфилд“ била сосема заслужена. „Постигнавме два прекрасни гола. Севкупно имавме навистина добар меч. Атмосферата во Порто ќе биде навистина тешка за нас, но, имаме резултат кој ни дава…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, се осврна на повредата на првата ѕвезда на тимот, Хари Кејн, кој мораше принудно да го напушти вчерашниот меч со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Голгетерот на „спарси“ по дуелот со Фабиан Делф заработи повреда на глуждот и сега ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи. „Ќе ги сочекаме прегледите иако сум убеден дека му се повтори старата повреда. Тоа е тажно и разочарувачко“ – изјави Почетино. „Мислам дека нема да има време да се опорави до крајот на сезоната. Ќе видиме што ќе кажат лекарите“ – изјави тренерот на Тотенхем…

Read More

Екипата на Порто вчера загуби на теренот на Ливерпул со 2-0 во првата пресметка од 1 /4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони а голманот на гостите, Икер Касилјас, вели дека неговиот тим има шанса да оди понатаму доколку одигра многу подобро во реваншот. „Јас сум голем оптимист, верувам 100 проценти дека имаме шанси. Не можеме да мислиме дека се е готово. Се надеваме дека пред домашната публика ќе го оствариме посакуваниот резултат, –вели Касилјас кој втора година по ред добива аплаузи од фановите на Ливерпул. „Убавината на фудбалот е во тоа, покажува какви се навивачите на „Енфилд“. Многу…

Read More

Нашиот борач Владимир Егоров (-57 кг) успеа да го освои бронзениот медал на Европското првенство за сениори во слободен стил кое се реализира во Букурешт, Романија. Тој во решавачкиот меч за третото место на пиедесталот беше подобар од  Андреј Дуков од Романија. Тоа е прв медал за нашава земја од континенталните шампионати гледано од 2007 година. Денеска и нашиот Могамегаџи Нуров (-97) ќе се бори за бронзата против Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан).    

Read More

Англискиот фудбалски состав Арсенал, може да биде наредната дестинација за играчот на Ајакс, Николас Таљифико, објавија медиумите на Островот. Според нив, Аргентинецот, во последното интервју најавил дека во текот на летото може да направи трансфер во голем клуб каков што е Арсенал. „За мене се заинтересирани тимови од Премиер лигата. Како дете, сонуваш да заиграш во таков силен шампионат“ – изјавил 31-годишниот фудбалер на холандскиот тим.

Read More

Атлетичарот, Мо Фара, на 27-ми мај ќе се врати на патеката од 10.000 метри во Лондон која завршува кај Бекингемската палата. Атлетската легенда од Велика Британија триумфираше минатата година со резултат од 29:44 минути. За 36-годишиот Фара, тоа ќе биде седмиот настап низ улиците во Лондон. Тој има вкупно пет победи (2009, 2010, 2012, 2013 и 2018). Годинава се очекува да има повеќе од 17 000 учесници. „Навистина уживам во трчањето на 10 км и со нетрпение очекувам да се вратам во Лондон. Атмосферата  е неверојатнa a публиката во Лондон е фантастична ” – рече Фара.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Панатинаикос, Рик Питино, кој има искуство од НБА лигата и од колеџ-шампионатот, вели дека Евролигата е многу слична на универзитетско првенство на САД. „ Разликата е во тоа што во Евролигата има 30-годишни зрели мажи кои добиваат плати а навивачите многу жртвуваат за да ги гледаат натпреварите“ – потенцирал 66-годишниот тренер. Неговиот тим во елиминациите во Евролигата ќе излезе на мегдан со актуелниот европски клупски првак – Реал (Мадрид).

Read More

Денеска на стадионот – „Енфилд“ ќе биде реализиран првиот дуел во 1 /4 финалето во ЛШ меѓу Ливерпул и Порто. „Црвените“ се вбројуваат меѓу фаворитите за победничкиот пехар додека Португалците покажаа дека имаат квалитет да им парираат на големите.  Двата тиме се сретнаа и во претходната сезона. Прво Ливерпул победи во Португалија со 5-0 а потоа во реваншот во Англија немаше голови. Статистичките податоци се целосно на страна на англичаните. Тие во претходните 6 натпревари против Порто имаат три победи и три нерешени. Згора на тоа избраниците на Клоп немаат пораз на домашен терен од изминатиот септември. Порто, пак, има…

Read More

Фудбалерите на Тотенхем доцна вечер од 21.00 часот на новиот стадион ќе му бидат домаќини на Манчестер Сити во првиот меч од 1 /4 -то во Лигата на шампионите. Тоа е шести пат во сегашнава фаза да има дуел меѓу премиер-лигашите. „Граѓаните“ се вбројуваат меѓу главните кандидати за освојување на титулата додека четата на Почетино ќе се обиде да направи изненадување. Тренерот на Тотенхем ќе мора да го врати победничкиот дух бидејќи во последните 6 средби неговите играч претрпеа дури 4 порази. Од друга страна, Манчестер е во серија од 14 победи на сите турнири .Во Тотенхем има проблеми со…

Read More

Македонските ракометари во краток период ќе ги одработат мини-тренинзите пред мечот со Исланд закажан за в среда на теренот на противникот. Новиот селектор, Данило Брестовац, нема да прави големи промени и ќе настапи со проверени сили. „Нема да бидеме комплетни на подготовките, Дејан Манасков, кој има непријатна повреда ќе допатува диркетно во Рејкјавик додека Гоце Георгиевски се соочи со проблеми околу патувањето до Скопје. Имаме навистина мал период за подготовка и затоа ќе се обидеме да работиме главно на техничко – тактички детали“ – изјави Брестовац на денешниот собир во Х. Александар Палас. „На секоја средба ќе одиме на добар…

Read More