Кошаркарите на Блокотехна успеаа да ја освојат регионалната БИБЛ лига откако во финалето на завршниот Ф4 турнир во Албанија славеа на мечот со домаќинот Теута со 82 спрема 68. Нашиот тим од самиот почеток наметна атрактивна и брза кошарка и направи голема предност со која практично го реши победникот. Блокотехна во еден миг имаше огромна предност од 70-45. Американецот, Пен со 24 поени беше најдобар на теренот. Николиќ имаше 15 кошеви, Младеновиќ заврши со 12 поени и седум асистенции. Блокотехна е вториот тим од нашава земја кој ја освои БИБЛ лигата, претходно тоа го направи Фени Индустри во сезоната 2010/11.
Author: dino
Фудбалерот на Барселона, Филипе Коутињо, кој претходно ги бранеше боите на премиер-лигашот Ливерпул, изјави, дека не планира во догледно време да се враќа во англиското првенство. „Сега мислам само на настапите за Барселона. Втора сезона сум во клубот и затоа воопшто не размислува за враќање во Англија. Тоа не влегува во моите планови. Да, имам неколку трофеи, но, имам намера да освојам многу повеќе бидејќи сум многу амбициозен фудбалер. Среќен сум, бидејќи секогаш сум сакал да играм во Шпанија” — рече Коутињо во интервјуто за – „Daily Mirror“. Деновиве медиумите објавија дека за 26-годишниот Бразилец се заинтересирани луѓето од Манчестер…
Првите луѓе на фудбалскиот состав Баерн Минхен, планираат текот на летниот трансфер период да го ангажираат во напаѓачот на Ајакс, Хаким Зијач, кој треба да биде засилување по страничните позиции. Баварците до крајот на тековниот шампионат ќе се борат за титулата во Бундес лигата и паралелно ќе размислуваат за новите имиња за наредната сезона. Германскиот првак откако го договори трансферот на Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра, сега е подготвен да плати 60 милиони за да го обезбеди потписот на младиот фудбалер на Ајакс.
Откако Карим Бензема постигна шест голoви на последните пет мечеви a дел од нив беа во клучните моменти од натпреварите, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го промени мислењето и нема да купува нова -„деветка“. Според медиумите во Шпанија, францускиот стратег ќе се откаже од купување на Хари Кејн од Тотенхем и од Родриго од Валенсија. Како опција останува Лука Јовиќ од Ајнтрахт, за кого Реал е заинтересиран на долги патеки. Според сите шпекулации, „кралевите“ имаат интензивни преговори со Еден Азар од Челзи а се најавува и офанзива по потписот на Пол Погба и на Садио Мане.
Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска од 18.00 часот во СЦ Јане Сандански ќе го пречекаат составот на Приморска во рамките на финалната серија во АБА 2 лигата. Првите два меча на теренот во Копер му припаднаа на домаќинот што значи дека популарните „штркови“ немаат право на грешка бидејќи финалната серија се игра до три победи. Доколку кошаркарите на Кочов успеат да слават на денешниот меч, утре на истата локација ќе биде реализирана и четвртата средба. Доколку резултатот во победи биде нерешен 2-2 , тогаш мајсторката за влегување во АБА лигата ќе се одигра на теренот на Приморска. Според правилата, тимот…
Популарното Авто-Мото Рели – Дакар, од 2020 година ќе се пресели на Блискиот Исток и во наредните 5 сезони ќе се реализира во Саудиска Арабија. Релито со децении се оддржуваше во Африка, но, поради терористичките закани во 2008 година, трката беше префрлена во Јужна Америка. Таму организаторите се соочија со проблеми бидејќи само Перу прифати да биде домаќин додека Чиле, Еквадор и Боливија, се откажаа поради финансиски проблеми. Сега откако е потврдено дека Релито ќе се вози само во Саудиска Арабија, победникот од последната сезона, Насер Ал Атијах, изјави, дека е пресреќен. „Дакар ќе биде во нашиот регион и треба…
Македонската фудбалска репрезентација по двата воведни меча во квалифиакциите за Евро-шампионатот, победа со Летонија и реми со Словенија, се проби на 68 место на најновото рангирање на Светската фудбалска федерација – ФИФА. Нашата селекција сега има 1350 бодови или седум повеќе во однос на претходното рангирање. Од нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство во 2020-та, Израел напредуваше осум позиции и сега се наоѓа на 84 место, Австрија се спушти за 11 позиции и сега се наоѓа на 34 место, Полска е во Топ 20, Словенија е 63-та додека Летонија го има 134 место на ФИФА рангирањето. . Што…
Рајан Фрејзер еден од подобрите фудбалери на Борнмаут во тековнава сезона во Премиер лигата, вели дека е поласкан од информациите дека може да направи трансферот во екипата на Арсенал. 25-годишниот играч од средниот ред кој во досегашниот дел од сезоната има 36 натпревари во сите конкуренции, успеа да постигне 7 голови и да направи 11 асистенции. „Нема да лажам – многу убаво се чувствувам. Тоа значи дека работам на вистинскиот начин. Кога ќе слушнете дека тим каков што е Арсенал се заинтересирал за вас, тоа значи дека сте на вистинскиот пат“ – вели Фрејзер. „ Јас ќе продолжам да играм…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, знае дека го очекува пеколен распоред во наредниот период и дека неговиот тим ќе мора да одигра максимално ако сака да ги исполни превидените цели. Екипата од – „Олд Трафорд“, прво ќе ја пречека Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите а потоа ќе му биде домаќин на Вест Хем. На средината од месецов четата на Солскјер ќе го одигра и реваншот на „Камп Ноу“ а веднаш потоа ќе гостува кај Евертон и ќе го одигра дербито со Сити. Кон крајот на април, Манчестер Јунајтед ќе треба да реализира и дуел…
Англискиот фудбалски состав, Кардиф, објави дека не добил никаков одговор од страна на Нант иако им предложи на Французите да имаат состанок и да ги решат проблемите со транферот на трагично загинатиот фудбалер, Сала. Познато е дека Премиерлигашот одби да плати 15 милиони фунти и дека Нант се жалеше во ФИФА и бараше исплата од велшкиот клуб. ФИФА определи рок до 3 април, но, тоа не е испочитувано а рокот е продолжен, потенцираат британските медиуми. Ќе потсетиме дека фудбалерот кој требаше да се пресели од Нант во Кардиф не успеа да потпише договор бидејќи загина во авионска несреќа на 21.…
