Author: dino

Денеска во „Викторија Арена“ во Мешков ќе започне фајнал-фор турнирот во регионалната СЕХА Газпром лига. Во првото полу-финале од 16.30 часот ќе играат хрватските тимови ППД Загреб и Нексе додека во терминот од 19.00 часот ќе се сретнат домаќинот Брест и бранителот на тронот, Вардар. „Црвено-црните“ ќе се обидат да напрвата хет-трик и да дојдат до третата врзана титула или вкупно петтата во досегашните осум сезони.  Зад нив е унгарскиот Веспрем со два пехара додека ППД Загреб има еден трофеј. Еве ги сите досегашни финалиња на Вардарци во СЕХА Газпром лигата. 2011/12 – Вардар – Металург 21-18 2012/13 – Загреб…

Read More

Тренерот на кошаркарите на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, по вчерашниот пораз од Приморска на стартот на финалето во АБА 2 лигата, вели дека неговите избраници ќе се обидат да одиграат многу подобро на денешната втора пресметка. „Противникот беше подобар во сите сегмети на играта и имаше одличен процент на реализација, играше добра кошарка и имаше агресивна одбрана“ – вели Кочов. Вториот дуел меѓу Приморска и МЗТ Скопје ќе биде одигран вечер од 20:00 часот. Потоа, финалната серија која се игра до три добиени меча ќе се пресели во Скопје.

Read More

Тренерот на ракометарите на Мешков Брест, Маноло Кадењас, пред денешното полу-финале во СЕХА Газпром лигата против „црвено-црните“ вели дека нашиот тим е главниот претендент за победничкиот пехар. „Јасно е дека Вардар е фаворит. Тие дојдоа тука како најдобри а  имаат и еден ден повеќе за одмор. Ние игравме завчера а потоа патувавме за да дојдеме тука. Ние играме дома и тоа е многу значајно“ – потенцира Кадењас. „Во овој случај да се биде домаќин е предност. За нас тоа е многу  значајно бидејќи играме многу подобро на домашен терен. Понекогаш на гостувањата игравме многу лошо, некако без тимски дух. Затоа…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андрес Ерера, иако доби големи пофалби за играта од страна на менаџерот, Оле Гунар Солскјер, најверојатно во летниот трансфер перидо ќе се пресели во ПСЖ. Според британските новинари, интернационалецот од Шпанија одбил да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ бидејќи им дал збор на челниците на тимот од Франција. Се шпекулира дека има направено и пред-договор. Ерера во 2014 година го напушти Атлетик  за сума од 36 милиони евра и пристигна на „Олд Трафорд“. Тој досега одигра 187 средби.

Read More

Националната Арена може да го носи името на нашиот починат пејач, Тоше Проески, доколку Владата продолжи според договорот од Преспа кога станува збор за преименување на „јавните згради и инфраструктурата“, објавија дел од медиумите. Познато е дека нашиот најголем спортски објект е под капата на државното Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Доколку Владата одлучи Арената да го носи имеот Тоше Проески, тоа ќе биде нејзино четврто преименување.

Read More

Хрватскиот интернационалец во редовите на Вардар, Игор Карачиќ, ја реализира последната сезона во дресот на „црвено-црните“. Искусниот бек пред завршниот турнир на СЕХА Газпром лигата, вели, дека неговиот тим  е подготвен за предизвикот против домаќинот Мешков Брест. „ Во секој случај знаеме што не очекува и затоа ќе се обидеме да ја одбраниме титулата. Вардар има идентичен мотив и желба,  мислам дека карактерот се изгради во последниве 5-6 години откако дојде Самсоненко. Вардар од почетокот на сезоната има зацртани цели. Сакаме да ја освоиме Сеха лигата, домашното првенство и Купот и секако да одиме на завршниот турнир во Лигата на…

Read More

Шарл Леклер со болидот на Ферари ќе стартува од првата позиција на денешната трка во Ф1 која ќе биде возена за Големата Награда на Бахреин. Тој успеа на вчерашните кавлификации да го остави на второто место неговиот клупски колега Себастијан Фетел. Денеска од вториот ред ќе стартуваат Луис Хамилтон и Валтери Ботас двајцата од Мерцедес. Потоа ќе се наредат: Ферстапен, Магнусен, Саинц, Грожан, Раиконен и Норис. Трката за Големата награда на Бахреин ќе биде возена на патеката – „Сакир“ со почеток од 17.00 часот.

Read More
NBA

Откако екипата на Лос Анџелес Лејкерс остана без плеј-оф во НБА конкуренцијата, еден од најдoбрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, ќе замине на одмор до крајот на сезоната. „По консултации со лекарите и медицински персонал, решивме да го ослободиме Леброн од учество во завршните натпревари од сезоната.Тоа ќе му овозможи да се опорави максимално и да се подготви за наредната сезона“ – се потенцира во соопштението ана „езерџиите“ кои не успеаа да обезбедат место меѓу првите осум во Западната конференција. Леброн  во дебитантската сезона за Лејкерси имаше во просек на натпревар по 27 поени, 8,5 скокови и 8 асиситенции.

Read More

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Интер, Мауро Икарди, нема да се појави на денешното дерби со лацио во Серија „А“. Напаѓачот кој иамше конфликт со упрвата и навивачите, пред неколку денови се врати во тренинг процес, но, нема да добие шанса да игра против „орлите“ од Рим. Имено, тренерот на Интер, Лучијано Спалети, откри дека Аргентинецот не влегува во неговите планови за денешниот меч и дека ќе мора да направи посебна анализа на целата ситуација. На тоа реагираше адвокатот на Икарди кој изјави дека не бил информиран за таквиот развој на настаните. „Откако Икарди се врати на тренинзите максимално ги…

Read More

Екипите на Манчестер Јунајтед и на Интер ќе се вклучат во трката за потписот на фудбалерот Иван Ракитиќ откако Барселона ја определи трансферната сума. Шпанците за хрватскиот интернационалец ќе бараат 50 милиони евра што не претставува проблематична сума за Англичаните и калчо-лигашот. Интер претходно се обиде да го купи Лука Модриќ од Реал Мадрид но, откако тоа не се случи сега ќе се насочи кон неговиот колега од репрезентацијата на „коцкестите“. Во исто време, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој ќе добие голема сума за нови фудбалери, потенцирал, дека сака да го види Ракитиќ на „Олд Трафорд“. Плејмејкерот…

Read More