Author: dino

Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи откако на последниот тренинг се пожалил на болки во десната нога. 31-годишниот плеј-мејкер би можел да го пропушти плеј-офот од Евролигата доколку се остварат прогнозите дека ќе мора да паузира околу три недели. Играчот на „кралевите“ кој има во просек по 10 кошеви во тековнава сезона, нема да му биде на располагање на тренерот, Пабло Ласо за мечот со Жалгирис, наведуваат медиумите во Шпанија.

Read More

Голманот на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Кејлор Навас, по вчерашниот пораз на теренот на Валенсија во рамките на Примера Дивизион, потенцира дека сака да остане во редовите на „кралевите“ и дека тоа ќе зависи само од одлуката на тренерот, Зинедин Зидан. „ Ќе се обидам да го убедам тренерот дека можам да играм. Имам договор со Реал и сакам да бидам тука. Ќе видиме што ќе се случи. Мораме да се обидеме да го поправиме впечатокот до крајот на сезоната, тоа им го должиме на навивачите“ – вели Навас. „Ако Зизу ми каже „оди си“, нема да можам да направам…

Read More

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров, по освојувањето на титулата во СЕХА ракометната лига, вели дека триумфот ќе му биде посветен на Дисингер кој заработи повреда и најверојатно ја заврши сезоната. „ Да се победи Загреб е тешко. Одлучија детали на крајот. По првото полувреме влеговме во соблекувална и молчевме, бевме шокирани од повредата на Дисингер. Овој триумф е за него, по кревањето на пехарот одиме веднаш да го поддржиме“ – вели Дибиров. . Вардарци а утре ќе се вратат во Скопје и ќе се насочат кон четврт-финалниот двомеч со Пик Сегед во Лигата на шампионите.

Read More

Корпулентниот бек на Вардар Даинис Кристопанс е прогласен за најкорисен играч на завршниот Ф4 турнир на СЕХА Газпром лигата кој денеска заврши во Мешков во Белорусија. Вардарци откако ја освоија петтата титула сосема разбирливо доминираа и во изборот за најдобрите. Еве ги најдобрите кои примија награди од челниците на СЕХА: Голман: Дејан Милосављев (Вардар), Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар), Лев бек: Дамир Бичаниќ ППД Загреб, Среден бек: Сандро Обрановиќ (Мешков Брест),Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар), Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб), Кружен напаѓач: Стојанче Стоилов (Вардар) Дефанзивец: Павел Хорак (Мешков Брест). МВП: Даинис Кристопанс (Вардар). Денеска беше потврдено дека новата…

Read More

Ракометарите на Вардар ја освоија петтата тутула во СЕХА ГАЗПРОМ ЛИГАТА откако во финалниот меч во Белорусија го совладаа составот на ППД Загреб со 26 спрема 23. Најефикасни во таборот на Вардар беа Кристопанс со седум и Дибиров со пет погодоци додека кај ППД Загреб се истакнаа Мраковчиќ со четири и Павлетиќ и Влах со по три гола. Црна дамка на мечот остави повредата на Дисингер за кого сезоната најверојатно е завршена. Претходно во битката за третата позиција домаќинот на Ф4, Мешков Брест, успеа да слави против хрватскиот Нексе со 24  спрема 19.

Read More

Тенисерската икона Роџер Федерер по двегодишна пауза реши да се врати на турнирите кои се играат на земјена подлога. Тој вели дека нема големи очекувања од камбекот на земја бидејќи има заборавено како е да се движи на таа подлога. „Во наредните недели ќе се подготвувам за тоа што ме очекува. Немам големи апетити за Мадрид, но, сакам да бидам подготвен за Ролан Гарос. Се надевам дека тренинзите ќе се исплатат и ќе поминам добро во настапите на трева и тврда подлога“ – вели Федерер. Неговиот последен меч на земјена подлога беше во мај 2016 година кога загуби од Доминик…

Read More

Благоја Милевски денеска официјално беше промовиран за селектор на репрезентацијата до 21 година откако изминатата недела го потпиша договорот со ФФМ. „Гледам ситуација која ме разочарува, странци кои не се ништо подобри од нашите млади фудбалери а добиваат повеќе шанса за докажување во македонските клубови. Јас ќе реагирам и ќе испратам конкретни предлози до ФФМ. Мора да се смени правилото за настап на фудбалер до 21 година, младиот играч мора да игра минимум едно полувреме, без оглед за каков играч станува збор“ – вели Милевски. „Видете во генерацијата со која бевме на ЕП, седум фудбалери беа од домашното првенство а…

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денеска имаше прием за дел од нашата карате експедиција која се појави на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија. „Со новиот успех само докажавме дека каратето е еден од најтрофејните спортови во нашава земја. Успешните резултати во Шпанија даваат надеж дека Македонија ќе има претставници и на наредните Олимписки игри“ – потенцираше Каевски. Емил Павлов кој освои бронзен медал во борби, се наврати на неправдата што ја доживеа во полу-финалето. – Имав добар настап, пет борби, четири победи и еден незаслужен пораз. Ова е четврти медал за мене од ЕП и мило…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро,  кој ќе го пропушти утрешниот меч со Кардиф во домашниот шампионат и средбата со Брајтон на 6 април во ФА купот, ќе биде подготвен за првиот меч со  Тотенхем во Лигата на фудбалските шампиони. Интернационалецот од Аргентина  се повреди на пресметката против Фулам а лекарскиот тим уверува дека тој  ќе биде подготвен за 1 /4 финалната фаза во Лигата на шампионите или елитното европско клупско натпреварување. Тренерот на „граѓаните“,  Пеп Гвардиола,  најверојатно на двата наредни меча на местото на Агуеро ќе го користи Бразилецот, Габриел Хесус.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, не верува дека првата ѕвезда Кристијано Роналдо ќе се опорави навреме за мечот со Ајакс во рамките на 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите. „Роналдо работи напорно за побрзо да се врати на терените. Сите се надеваме дека тоа ќе биде за првиот меч со Ајакс, но,  да бидам искрен, мислам дека е тоа  речиси невозможно“ – потенцираше вчера тренерот на „старата дама“. Денеска  пак, медиумите во Италија излегоа со сосема различна приказна. Според нив, Роналдо кој се повреди додека играше за Португалија во кавлификациите за ЕП, изјавил, дека тренира напорно…

Read More