Author: dino

Околу 2.400 учеснички се појавија на седмото издание на Авицена Женската трка. Патеката долга 3 километри прва ја заврши Биљана Кираџиева пред Ирма Хајдарии и Ања Еклер. Награди им беа доделени и на сите кои завршија меѓу првите три во 7-те возрасни категории. „Прекрасно се чувствуваме сите. Најголемата енергија доаѓа од учесничките. Се гледа дека со љубов трчаат и ја сакаат патеката“ – нагласи Гордана Николовска од Сојуз на спортови од Град Скопје. Таа додаде дека трката е посветена на Снежана Караџовска која исто така учествуваше на Женска трка за да ја покаже нејзината желба за повторно да прооди.

Read More

Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, по реваншот со Загреб, истакна, дека неговиот тим ја исполнил целта и заслужено влегол во наредната фаза во Лигата на шампионите. „Имавме добро прво полувреме, игравме со висок интензитет, но, потоа паднавме во ритамот. Тоа е нормално со оглед на резултатот од првиот меч и предноста од првиот дел. На денешната средба со Загреб минутажа добија и други ракометари кои ги тестиравме. Сите знаат дека понатаму не очекува СЕХА полуфинале“, изјави Парондо. Русинот, пак,Сергеј Горбок, кој имаше повреда на лигаментите  се врати на теренот по шест месеци. „Полно ми е срцето, дадов…

Read More

Ракометарите на Вардар со денешната победа против Загреб со 32 спрема 30 го потврдија пламсанот во втората фаза елиминации во Лигата на шампионите. Минатата сабота „црвено-црните“ славеа во хрватската престолнина со 27-18 додека  вечерва во СЦ „Јане Сандански“ четата на Роберто Гарсија Парондо, уште  еднаш потврди дека има поголем квалитет од противникот. Чупиќ со 9 голови беше најрасположен кај Вардар, кај Загреб 11 погодоци даде искусниот Хорват. Нашиот тим во 1 /4 финалето  ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу ПИК Сегед и Висла Плоцк. Во првиот меч Унгарците победија со 22 спрема 20 а реваншот ќе биде утре…

Read More

Шарл Леклер за прв пат во кариерата освои пол-позиција во Формула 1 откако беше најбрз на квалификациите за утрешната трката во Бахреин. Новиот член на Ферари успеа да постигне нов рекорд на патеката – „Сакир“ соборувајќи го досегашниот на неговиот клупски колега, Себастијан Фетел, кој денеска имаше второ најдобро време. Пилотот на Ферари е вториот најмлад возач во историјата на Ф1 кој стигнал до пол-позиција. Тое е воедно и најмладиот возач на Ферари кој обезбедил таков успех. Зад двоецот на Ферари, Ле Клер-Фетел, се пласираа Луис Хамилтон и Валтери Ботас од Мерцедес. Место во Топ 10 обезбедија и: Ферстапен, Магнусен,…

Read More

Раководството на фудбалскиот состав Ливерпул воопшто не се грижи околу гласините за евентуален трансфер на Сади Мане во екипата на Реал Мадрид. Медиумите на Островот се убедени дека „црвените“ немаат намера да го продадат Сенегалецот иако нивните колеги во Шпанија и понатаму се убедени дека Мане ќе биде во искушение да ја прифати евентуалната понуда од тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан. Црномурестиот фудбалер во изминатиот ноември потпиша нов договор до 2023 година. Токму од таа причина луѓето од  „Енфилд“ не обрнуваат внимание на гласините и дефинивно се решени да ја отфрлат секоја понуда од Реал Мадрид без разлика на финансиските…

Read More

Фудбалскиот состав на Челзи нема намера да го продаде крилото Калум Хадсон-Одои. Според весникот  – „Тајмс“, лондончани ќе ги отфрлат сите понуди што ќе пристигнат за младиот играч. Репрезентативецот на Англија има договор до 2020 година а менаџментот од „Стемфорд Бриџ“ се обидува да му го продолжи. За 18-годишниот фудбалер од средниот ред се заинтересирани: Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд) и Манчестер Јунајтед. Младиот Калид Хадсон-Одои во тековнава сезона има одиграно 24 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 6 голови и забележа 6 асистенции.

Read More

„Манчестер Ивнинг Њус“ ја откри причината зошто голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, не сака да потпише нов договор. Според наведеното, Шпанецот  бара половина милион фунти неделно а клубот му нуди 350.000 илјади. Згора на тоа искусниот голман сака да види дали неговиот тим ќе обезбеди место во ЛШ па дури потоа да размисли дали ќе ја продолжи соработката. Јунајтед  е засега во трката за Топ 4 во Премиер лигата а набрзо ќе го очекува и двомечот со Барселона во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите.

Read More

Годинава Сојузот на спортови на Град Скопје во рамките на Виз Ер Скопски маратон го одбраа 31-ви март како идеален датум за реализација на Авицена Женската трка. Стартната точка е кај фонтаната Лотос на булеварот Илинден во Скопје со почеток во 09:30часот. „ Годинава додадовме еден километар со што вкупната должина ќе биде три километри. Имајќи в предвид дека трката е еден ден пред денот на шегата ги повикуваме сите да дојдат и да се забавуваат со маски за да внесеме што повеќе позитивност и радост во трчањето“ –  изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје. „Има…

Read More

Ракометарите на Вардар во релаксирана атмосфера го очекуваат саботниот реванш со ППД Загреб во осминафиналето во Лигата на шампионите. Иако нашиот тим славеше на првиот меч во Хрватска со 27 спрема 18, тренерот, Роберто Парондо, очекувана максимална ангажираност на играчите. „Загреб е состав кој знае да одигра многу добро. Најзначајно е да се пласираме во четврт-финалето.Треба да одиме на победа за да ја задржиме самодовербата за наредните мечеви“ – истакна Парондо. „Имавме одличен резултат, но, не треба да се опуштаме, Загреб е квалитетна екипа. Сигурно ќе сакаат да си го обелат образот и ќе дојдат мотивирани. Треба да одиграме со…

Read More

Оле Гунар Солскјер доби перменантен договор од Манчестер Јунајтед и ќе остане на клупата на „црвените ѓаволи“ во наредните три години. Тој откако дојде на „Олд Трафорд“ стана првиот менаџер кој победил на првите шест натпревари со што го собори рекордот на легендарниот сер Мат Бејзби. „Од првиот момент се чувствувам како дома. Ми беше чест да бидам играч на Манчестер Јунајтед а сега сум уште посреќен бидејќи можам да го водам тимот“ – потенцираше Норвежанецот. Солскјер по заминувањето на Мурињо го препороди тимот на „црвените ѓаволи“ и успеа да направи фантатсична серија на резултати вклучувајќи ја и елиминацијата на…

Read More