Лидерот во Источната конференција на НБА лигата, Милвоки, се соочува со дополнителни проблеми в пресрет на плеј-офот откако беше утврдено дека бекот, Донте ДиВиченцо, ќе биде во аут до крајот на сезоната поради воспаление на петата на десната нога. 22-годишниот кошаркар кој пред една година ја освои наградата за – „Најкорисен играч” во финалето на колеџ-лигата, само го зголемува списокот на повредени кошаркари кај Милвоки кој останува без поголемиот дел од главните играчи. Бекот, Малком е аут за барем пет недели поради повреда на коленото, Никола Миротич нема да игра уште барем три недели поради скршена прст на левата рака.…
Author: dino
Боб Арон кој му е промотор на боксерот, Кубрат Пулев, ќе се обиде да го натера Ентони Џошуа да потпише договор со неговата компанија – „Топ Ранк”. Во моментов, Американецот има ексклузивен договор со „DAZN“ додека Боб работи со „ESPN“. „Џошуа е многу изолиран поради сегашниот договор со „DAZN“. Тоа му пречи да договара големи мечеви. Никој во САД не е зачленет во „DAZN“. Мислам дека Џошуа е искористен. Тој треба да се разбуди. Кога ќе му заврши договорот, нека дојде кај нас” – вели Боб Арон. 87-годишниот промотор неодамна потпиша изненадувачки договор за соработка со Тајсон Фјури.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, побарал да стане најлатениот играч на Реал Мадрид. Според –„ Tuttosport“, неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола, деновиве ги доставил комплетните финансиски побарувања до шпанскиот клуб. Изданието тврди дека Погба побарал 16 милиони евра (13,65 милиони фунти.) годишно од Реал. Во моментов во редовите на „кралевите“ највисока плата добива Герет Бејл – 14 милиони евра а по него е капитенот, Серхио Рамос, со околу 11 милиони. Французинот иако се чувствува многу подобро по назначувањето на Оле Гунар Солскјер на кормилото на „црвените ѓаволи“, пред неколку дена потенцираше во изјавата дека Реал е „клуб…
Македонската репрезентација до 16 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА кој се реализираше во Скопје. Селекцијата предводена од Горан Станковски денеска го совлада Азербејџан со 2:1 а претходно славеше и против Саудиска Арабија (2:0) и против Грузија (2:0). На денешниот меч со Азербејџан головите за Македонија ги постигнаа Дашмир Елези во 3 минута и Рамис Беровиќ во 43. минута. „ Пезадоволен сум од нашето издание и од фудбалерите. Покажаа одговорност и дисциплина во играта. Генерално ја добивме нашата слика и за квалификацискиот турнир за Елитна фаза, иако имаме доволно време за мали промени и дополнување на…
Централниот напаѓач на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, потенцирал дека е презадоволен со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција бидејќи тоа драстично влијаело на неговата игра. Н орвежанецот кој го наследи, Жозе Мурињо, наметна офанзивен фудбал кој максимално му одговара на корпулентниот напаѓач бидејќи може да се фокусира само на противничкиот гол. „Солскајер рече дека сака да играме атрактивен фудбал и да направиме многу шанси за да победиме. Тие зборови беа музика за моите уши “, рече репрезентативецот на Белгија кој се соочува со повреда, но, има шанси да се врати во тимот за мечот со Вулверхемптон…
Добрите игри на Калум Хадсон-Одои во националниот тим на Англија ги натераа медиумите да направат анализа и да го критикуваат неговиот тренер во Челзи, Маурицио Сари. Калум ги одигра двата меча за селекцијата на „Гордиот Албион“ во новиот циклус квалификации за Европското првенство а на дуелот со Црна Гора беше меѓу стартерите. Според анализата, 18-годишниот играч не започнал во дресот на Челзи од првата минута во Премиер лигата во тековнава сезона. „Кариерата на Калум оди наназад поради неподготвеноста на Сари да најде место на талентираниот играч во шемата на Челзи. Неговото деби за Англија донесе радост за Герет Саутгејт и…
Претседателот на „UFC“ – Дејна Вајт, се осврна на денешната вест дека легендата, Конор Мекгрегор, ќе се повлече од рингот. Тој е убеден дека неговиот пријател ќе постиге значаен успех и надвор од конкуренцијата во која досега настапуваше. „Сакам сите мои колеги да одат напред. Ако јас бев на неговото место, сигурен сум дека ќе го направев истото“ – вели Вајт. Конор ја заврши славната кариера со 21 победа и само четири порази. Ирецот кој има само 30-ет години ја шокираше спортската јавност откако објави дека се повлекува од спортот.
Фудбалерот на Перуџа, Садик Умар, кој е во сопственост на Рома, раскажа за неговиот престој во Глазгов Ренџерс во првата половина од сезоната. Нигериецот кој одигра само 4 натпревари за шкотскиот гигант, изјави, дека менаџерот, Стивен Џерард, не се однесувал добро со него и дека целото време поминато во Шкотска му донело само негативни емоции. „Првично не сакав да одам таму. Преговорите се водеа меѓу Рома и моите претставници. Кога агентот ми кажа за можноста да преминам во Ренџерс, имав сомнежи дали тоа ќе ми биде од корист. Џерард ми се јави 3 или 4 пати за да ме убеди…
Англискиот фудбалски премиерлигаш Лестер е подготвен да му го продаде Хари Мегваер на Манчестер Јунајтед само ако добие за него 90 милиони фунти. Според британскиот – „Дејли стар“, луѓето од „Олд Трафорд“ се подготвени да го урнат рекордот за најскап дефанзивец кој го држи Вирџил ван Дајк откако од Саутемптон премина во Ливерпул за 75 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“ и во претходното лето се обидоа да го ангажираат Мегваер, но, трансферот пропадна. 26 – годишниот англиски фудбалер во септември потпиша нов договор со Лестер и тоа до 2023 година.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, вели дека му здодеале информациите кои го поврзуваат со можен трансфер во друг состав. Репрезентативецот на Франција открива дека секоја година се случуваат истите работи и дека тоа влије негативно врз неговата игра. „Иако сум навикнат, ме нервира тоа што секоја година се случуваат исти работи“ – изјави Гризман по вчерашната победа против Исланд во квалифиакциите за Европското првенство во 2020 година. Според медиумите во Шпанија, Гризман сонува за Барселона, но, луѓето од „Камп Ноу“ не сакаат да прават нов обид да го ангажираат.
