Барселона и Манчестер Јунајтед ги повлекоа првите стратешки потези пред 1/4 финалната пресметка во Лигата на фудбалските шампиони. Каталоните поставија многу висока цена на билетите за англиските навивачи кои ќе сакаат да присуствуваат на стадионот – „Камп Ноу“. Тие ќе мора да платат 102 фунти, што е највисока цена во историјата на англискиот клуб. Како одговор на тоа, челниците од „Олд Трафорд“, објавија, дека биле принудени да ја одредат истата цена за поддржувачите на Барселона. Англискиот клуб ќе издвои дел од вредноста на секоја билет за да им го олесни патувањето на навивачите. Клубот ќе покрие по 27 фунти од…
Author: dino
Светскиот шампион со Франција од Мундијалот во 2018-та и воедно прва ѕвезда на Манчестер Јунајтед , Пол Погба, се осврна на елиминацијата на ПСЖ во 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските Шампиони. Тој нагласи дека тензиите во реванш мечот во Париз биле поголеми во споредба со финалето на Светското првенство во Русија. Како што е познато, „црвените ѓаволи“ прво загубија дома со 2-0 а потоа направија сензација на „Паркот на принцовите“ и славеа со 3 спрема 1. „Тоа е многу чудно. Мислам дека чувствував поголем притисок на мечот со ПСЖ отколку во финалето на Мундијалот. Бев многу изненаден и…
Оле Гунар Солскјер кој беше ангажиран како в.д. тренер на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, најверојатно на крајот на сезоната ќе потпише долгорочен договор со англискиот клуб. По неговото доаѓање на местото на Жозе Мурињо во изминатиот декември, „црвените ѓаволи“ заиграа фантастично и се вратија во трката за висок пласман во Премиер лигата. Згора на тоа тимот направи голема сензација откако го елиминираше фаворитот ПСЖ и влезе во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите. Англиските медиуми денеска пишуваа дека Норвежанецот планира нови играчи за наредната сезона и дека најверојатно ќе се ослободи од услугите на : Антонио Валенсиа, Маркос Рохо,…
Јапонецот, Кобајаши, кој jа обезбеди титулата во Светскиот куп во ски-скокови, имаше најдобар резултат на денешните квалификации реализирани на скокалницата – „Планица“ во Словенија. Тој прескокна 248 метри и освои 247,8 поени. Втор резултат направи Германецот, Маркус Ајзенбилер, кој исто така имаше скок преку 248 метри, но, освои помалку поени. На третото место остана домашниот натпреварувач, Тими Зајц кој доби 236 поени со прескокнати 239 метри. Главното натпреварување на „Планица“ е закажано за утре. В сабота ќе бидат тимските скокови а ден потоа ќе се реализира и последното сезонско натпреварување во поединечна конкуренција.
Луѓето од Манчестер Јунајтед му дале дозвола на Маркос Рохо времено да тренира и да ја одржува формата со екипата на Естудијантес. Веста е потврдена и од страна на аргентинскиот фудбалски клуб од кој потекнува токму централниот дефанзивец. 29-годишниот Рохо има одиграно само три мечеви во тековнава сезона. Тој последен пат се појави на средбата против Валенсија во групната фаза од Лигата на шампионите одиграна во декември. Тој има договор со Јунајтед за уште две години. „Нема ништо поубаво од тоа да го поминеш роденденот дома! Маркос Рохо дојде во Сити Бел за да тренира и да ја оддржува формата…
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери, донел одлука за Денис Суaрес кој во јануари беше ангажиран како позајмен од Барселона. Шпанскиот стратег проценил дека Суарес ги нема потребните квалитети и затоа нема да ја искористи можноста да го откупи неговиот договор. 25-годишниот Суaрес откако пристигна во Англија одигра само 67 минути во Премиер-лигата. Во меѓувреме се појавија гласини дека фудбалерот може да биде вратен во Барселона уште пред крајот на сезоната. Самиот играч одговори на тие шпекулации преку социјалната мрежа – „Инстаграм”. Тој објави негова слика од тренингот со „топчиите“ со коментар: враќање кон тренинзите со насмевка. Да ги…
Капитенот, Горан Пандев, кој утре против Летонија ќе го одигра 100. натпревар во дресот на националниот тим, вели дека посакува со победа да го прослави јубилејот. „Среќен сум затоа што за Македонија ќе го играм 100. натпреевар. Но, најважно од се е да влеземе мотивирано и да победиме. Се надеваме на поддршка, затоа што оваа генерација тоа го заслужува. Ја вративме самодовербата во последните години. Играме како едно семејство. Се надевам дека ќе успеам да постигнам гол, но најважно од се ми е да победиме“ – изјави Пандев. Пандев дебитираше за Македонија во 2001 година, на натпревар против Турција во…
Селекторот на нашите најдобри фудбалери Игор Ангеловски, очекува победа на утрешниот меч со Летонија на стартот на квалификациите за ЕП 2020. „Сигурен сум дека ќе имаме успешен старт против навистина тежок противник. Во квалификациите не чекаат потешки противници споредено со Лигата на нации, но, ние сме подготвени за секој противник. Го знам и составот со кој ќе настапиме против Летонија. Тоа ќе им го соопштам на фудбалерите пред утрешниот дуел“ – изјави Ангеловски. „Ние ќе продолжиме со офанзивен фудбал, тоа е нашата главна цел. Верувам дека можеме да ги освоиме бодовите на дуелот со Летонија“ – изјави нашиот селектор.
Нашата кошаркарска репрезентација успеа да ја совлада репрезентацијата на Буркина Фасо со 24 спрема 18 и да го освои бронзениот медал на Специјалната олимпијада која се реализира во Абу Даби. Бронзата е само уште една потврда за одличниот настап на нашите претставници кои претходно успеаа да освојат уште неколку одличја. Ќе потсетиме, златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливање, Ардијан Шабини освои сребро и бронза во атлетика а со бронза се накити и атлетичарката, Сара Дураку. На Специјалната Олимпијада во Абу Даби учествуваат преку 7000 спортисти од 190 земји.
Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, на ноќешниот меч одигран против Атланта влезе во историјата на НБА лигата. Неговиот тим славеше со 121 спрема 105 а популарниот „брада“ постигна 31 кош со што стана првиот играч во најсилната конкуренција на светот што успел да постигне повеќе од 30-ет поени против сите екипи во лигата. Тој успеа да го помине ефектот на Коби Брајант кој во сезоната 2005/06 успеа да постигне 30+ поени против 28 тима. Играчот на Хјустон во тековнава сезона бележи просечни 35,9 поени, 7,6 скока и 6,4 асистенции со што се наметнува како број еден за наградата МВП…
