Author: dino

Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед се откажале од намерата да го купат играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, објавија дел од медиумите меѓу кои и „ESPN“. Според наведеното, тимот од „Олд Трафорд“ проценил дека репрезентативецот на Велс ќе биде многу скап на трансфер пазарот и дека неговата плата ќе влијае значително на клупскиот буџет. Брзоногиот напаѓач по враќањето на Зинедин Зидан воопшто не се чувствува среќен во редовите на „кралевите“  и затоа во неколку наврати најави можно заминување. Бејл досега има одиграно 224 мечеви со ефект од 102 гола и 63 асистенции. Тој откако во 2013 година го…

Read More

Напаѓачот на фудбалскито состав Ливерпул, Садио Мане, влегува на списокот на Зинедин Зидан како можно засилување за Реал Мадрид  за наредната сезона. Француските медиуми пишуваат дека Сенегалецот и претходно се согласил да заигра на „Сантијаго Бернабе“ но, дека договорот пропаднал откако популарниот Зизу го напушти кормилото на „кралевите“. Сега со враќањето на Зидан на кормилото на шпанскиот состав, повторно се актуелизира можниот трансфер на црномурестиот фудбалер. Мане во тековнава сезона има одиграно 38 натпревари и постигнато 20 погодоци. 26-годишниот фудбалер на Ливерпул  во изминатиот ноември го продолжи договорот со тимот од „Енфилд“ до 2023 година. Се проценува дека неговата трансферна…

Read More

Фудбалерот на Лестер, Вес Морган, го продолжи договорот со клубот за уште една година што значи дека ќе остане во редовите на „лисиците“ до летото во 2020 год. Дефанзивецот откако го парафираше новиот договор изјави, дека е многу среќен што ја добил довербата на челните луѓе. „Заедно сме поминале многу успеси и падови. Среќен сум и горд. Во проектот на Лестер гледам светла иднина затоа се решив да го продолжам договорот“ – нагласи 35-годишниот поранешен репрезентативец на Јамајка. Морган кој има одиграно 700-ни мечеви за екипата на Лестер цели седум години ја носи и капитенската лента. Тој во 2016 година…

Read More

Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, кој неодамна го реалзиираше и 400-от натпревар во италијанската Серија „А“, влезе во идеалниот состав на Интер според изборот на престижниот – „Goal.com“. Во него се вметнати само фудбалерите кои потекнуваат од школата на клубот. Нашиот Пандев ги исполнува сите критериуми за да биде на списокот бидејќи ги помина сите младински категории во редовите на „нероаѕурите“. Македонија утре против Летонија ќе го одигра воведниот меч во новиот циклус квалификации за европското првенство. Тоа ќе биде шанса за Пандев да го реализира и 100-от настап во дресот на  нашата фудбалска репрезентација.

Read More

Шпанскиот фудбалски состав Барселона може да го купи Лука Јовиќ како алтернатива за Луис Суарез во текот на летото во годинава која одминува, соопштуваат денеска медиумите во Шпанија. Српскиот напаѓач, кој е во сопственост на Бенфика а игра како позајмен во Ајнтрахт (Франкфурт), има трансферна вредност од 60 милиони евра. Раководството на шпанскиот шампион имало прелиминарни разговори со агентот на 21-годишниот Јовиќ. Напаѓачот има три натпревари во дресот на Србија а неговиот менаџерот останал импресиониран од понудата од страна на Каталонците. Во исто време се споменува дека за фудбалерот кој има дадено 22 гола во тековнава сезона во Бундеслигата, се…

Read More

Македонските куглари по пауза од шест години ќе се вратат на репрезентативните активности и  тоа со настап на  Светското првенство кое ќе се одржи во Чешка. Селекторот, Дамир Фучкар, направи две групи и тоа во првата има четири репрезентативци кои ќе настапат во Чешка  – Борис Бенедик, Бојан Влаковски, Димитар Димитровски и самиот селектор додека во втората се десет куглари од кои шестмина ќе добијат шанса да  бидат дел од големиот спортски настан во месец мај. Тоа се: 1. Сашо Трпковски (Скопје) 2. Младен Донковски (Скопје) 3. Александар Соколовски (Битола) 4. Ибрахим Мемеди (Скопје) 5. Игор Беличански (Скопје) 6. Дарко Димитровски (Скопје) 7. Зоран Ристиќ (Скопје)…

Read More

Минхен ќе аплицира да биде домаќин на финалето во Лигата на фудбалските шампиони во 2021 или 2022 година. Германците првично имаат подадено кандидатура за финалето во 2021 година а Санкт Петербург им е главниот конкурент. Германците доколку не ја добијат трката со русите, тогаш ќе аплицираат за финалето во 2022 година. УЕФА засега ја одложи одлуката да ги  одреди домаќините на финалните мечеви во 2022 и 2023 година. Гласањето ќе се одржи во септември а апликациите мора да бидат поднесени најдоцна до 22 март годинава. Минхен беше домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 1993 и 1997 година на…

Read More

Марио Мицковски и Стефан Трпковски од Специјална олимпијада Македонија освоија златни медали на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Тие медалите ги освоија во пливање на 50 метри слободен стил. Тоа се првите медали на учесниците од нашиот тим кој има 26 члена.  Веднаш потоа македонските олимпијци од Специјалната Олимпијада забележаа нов успех откако атлетичарот Ардијан Шабани освои два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри. Македонската специјална олимпијада замина во Абу Даби со 26 членови кои се натпреваруваат во пливање, атлетика и унифајт кошарка. Летните олимписки игри во Абу…

Read More

Кошаркарскиот состав на Работнички ќе треба да плати казна од 60.000 денари поради слаба органзиација на вечното дерби со МЗТ Скопје одиграно во салата во Градски парк во Скопје. Комесарот за натпреварување во МКФ, Владимир Цветковски, воедно ги казни и популарните „штркови“ со 20.000 денари бидејќи нивните фанови на споменатиот натпревар запалија „чадна бомба“. На тапет кај комесарот се најде и директорот на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров, бидејќи преку социјалните мрежи упати критики кон судиите. Според наведеното, против него ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед во 1/4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони ќе игра против шпанската Барселона. Тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, по денешното составување на двојките, изјави, дека воопшто не се грижи околу репутацијата на противникот и тоа што во неговите редови настапува еден од најдобрите фудбалери на денешницата- Лео Меси. „Не ни е грижа против кого играме. Во оваа фаза не можете да добиете лесен противник затоа што го нема. Покрај тоа, ако сакате да станете европски шампион, секогаш морате да бидете подготвени сите да ги победите“ – изјави Солскјер.

Read More