Лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, изненадувачки е елиминиран во третото коло на силниот Мастерс во Индијан Велс. Тенисерот од Србија беше совладан со убедливи 2-0 од Германецот, Филип Колшрајбер, кој максимално ги искористи големиот број на неизнудени грешки на неговиот противник. Што се однесува до другите фаворити, тие немаа проблеми да продолжат во наредната рунда. Швајцарецот Роџер Федерер лесно со 2-0 (6-3 и 6-4 го совлада неговиот сонародник Стен Вавринка.Шпанецот, Рафае Надал, одигра рутинирано на мечот со Диего Сенастијан Шварцман од Аргентина и победи со 6-3 и 6-1.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, мирно и без притисок, го очекува утрешниот реванш со Лион на стадионот –„Камп Ноу“ во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Првата средба во Франција заврши 0-0. „ Ние сме подготвени за голем меч. Знаеме дека ќе имаме поддршка од фановите. Реал Мадрид и Пари Сен Жермен испаднаа што претставува големо изненадување. Ние сериозно ќе влеземе во мечот против Лион “, коментира тренерот на Каталонците. „Треба да бидеме внимателни, бидејќи Лион има многу моќни фудбалери во средниот ред и во нападот. Дембеле има повреда и ќе видиме дали ќе игра, не…
Фудбалската асоцијација на Англија откри какви зборови си размениле судијата Мајк Дин и менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, на крајот на средбата со Барнли одиграна во февруари. Тогаш двајцата влегоа во вербален конфликт а подоцна тренерот беше казнет со 2 натпревара и парично со 10 000 фунти. ФА го цитираше извештајот на судијата во кој меѓу другото е наведено: На крајот од натпреварот Почетино и луѓе од неговиот штаб се доближија до мене. Тој се однесуваше агресивно и неодговорно. Во неколку наврати, можеби и 10-ет пати му реков да се одалечи, но, тој не сакаше да ми обезбеди простор и…
Бразилскиот фудбалер, Андреас Переира, денеска го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2022 година. 23-годишниот играч кој има и белгиско државјанство пристигна во Манчестер уште во 2012 година од холандскиот ПСВ. Потоа Јунајтед го позајми во шпанските состави Гранада и Валенсија за да го добие потребното искуство. Переира во тековнава сезона одигра 14 средби во сите натпреварувања и постигна еден гол.
Нашиот Вардар, хрватските ППД Загреб и Нексе и тимот на Мешков Брест од 2 до 4 април во Белорусија, ќе се борат за победничкиот пехар во СЕХА конкуренцијата. Тоа ќе биде втор пат тимот на Мешков да ја има улогата на домаќин. Вардарци кои ќе бидат во улога на бранители на тронот, ќе се обидат да се израдуваат и на 5-та титула во регионалното натпреварување. „Мешков е редовен учесник на завршниот турнир на СЕХА и заслужува да биде домаќин на најдобрите ракометари од актуелната сезона. Пресреќни сме што ќе бидеме и дел од милениумската забава на градот Брест“ – изјави…
Вкупно 18 ракометарки се повикани од страна на селекторот на нашата репрезентација, Симе Симовски, за двата пријателски меча со селекцијата на Црна Гора закажани за 22/23. Март. Тие натпревари доаѓаат како дел од подготовките за бараж средбите против Словенија во трката за место на ракометниот Мундијал. На списокот на селекторот Симовски се запишани: Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Сара Рисотвска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакодива, Моника Јаневска, Александра Боризовска, Елена Лавриниќ, Симона Стојановска и Габриела Величковска.
Данило Брестовац, тренер на ракометарите на Металург, вели дека неговиот тим на утрешниот меч во СЕХА лигата против Војводина, ќе се обиде да му се реваншира на противникот за поразот од првиот дел од сезоната. „Очекувам победа и тоа со повисока разлика, тоа им го кажав и на играчите. Позитивна вест е тоа што Александар Шпенде почна да тренира со полн интензитет. Ако се сеќавате, таму бевме брутално претепани. Дури и нивниот тренер, во еден момент, кога водевме со 6-7 разлика, викна тајмаут и повика да не тепаат“ потенцираше Брестовац. „Сакам да дојдат со истиот состав за да им се…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашната победа против Барнли, вели дека неговиот тим ќе вложи максимално напори во трката со Манчестер Сити за да ја освои титулата во Премиер лигата. „Нашата порака од натпреварот со Барнли е јасна. Покажавме совршена комбинација на борба со противникот и во исто време игравме фудбал. Ете тоа ми се допадна” – потенцираше Клоп пред новинарите. „Ние немаме никаков проблем со самодовербата. Тоа што се пишува за нас воопшто не е значајно, мислам дека не е ниту интересно“ – изјави Клоп
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унај Емери, вели дека неговиот тим сосема заслужено славеше на вчерашното дерби против Манчестер Јунајтед. Лондончани победија на домашен терен со 2: 0 со што ја прекинаа фантастичната серија на „црвените ѓаволи“ по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција. Арсенал сега има 60 бодови со што се проби на четвртото место во генералниот пласман додека Манчестер Јунајтед остана на 58 бодови и падна на петото место. „Со победата против Јунајтед ги зголемивме шансите да се избориме за место што ќе не однесе во Лигата на шампионите. Се надевам дека фановите ќе ни дадат…
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги отфрли шпекулациите дека може да си замине од тимот. Тој јавно стави до знаење дека е подготвен да остане на „Етихад“ барем уште четири години. „Имам договор со Сити за уште две години, нема да одам никаде, освен ако не ме отпуштат. Се надевам дека ќе останам тука уште две години а можеби и уште толку потоа” – рече тренерот на „граѓаните“ кои заедно со Ливерпул водат изедначена трка за шампионската титула во Премиер лигата. Шпанскиот тренер има активен договор до летото во 2021 година а челниците на тимот размислуваат да го убедат…
