Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Парондо, потенцира дека Нексе сосема ја заслужи победата на вчерашната пресметка во Хрватска во рамките на регионалната СЕХА конкуренција. „Нексе одигра добар меч, посебно во второто полувреме. Нивниот голман беше фантастичен. Го чекаме крајот на овој дел од СЕХА, имаме уште еден натпревар во вторник, потоа ќе започнеме да мислиме на Ф4-турнирот“ – вели шпанскиот тренер. „Би сакал да им честитам и на моите играчи за тоа што го покажаа иако имаат тежок период исполнет со многу натпревари“ – потенцираше тренерот на „вардарци“.
Author: dino
Екипата на Јувентус утре на домашен терен ќе се обиде да ја анулира негативата од 2-0 од првиот меч против Атлетико Мадрид и да обезбеди место во 1 / 4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Ѕвездата на „старата дама“, Кристијано Роналдо, пред реваншот со шпанскиот состав, има јасна порака за фановите. Тој им порача да размислуваат позитивно и да веруваат дека Јувентус ќе ја исполни целта. „Мислам дека тимот верува во сопствените квалитети. Сакам да им кажам на фановите, ајде во вторник да размислуваме позитивно, ајде да веруваме. Возможно е, но, ни треба помош да се подготвиме за пресврт“…
Теодора Димеска од џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп во изминатиот викенд беше дел од Европскиот Куп за Кадети. Таа настапи во категоријата до 48 кг а на стартот имаше прилично неповолен ждреб бидејќи за противник ја доби репрезентативката од Романија, Ковациу Ласмина, која беше минатогодишен Првак на Европскиот Куп во Унгарија а го држи и 7 место на светската ранг листа. Димеска откако беше совладана од Ласмина доби репесажна борба, во која повторно загуби сега од Зукар Чиара од Италија. Џудо Клубот „Сеишин“ од Прилеп на 16 Март ќе земе учество на Меѓународен Турнир за пионери-ки во Ниш, Србија а…
Дефанзивците на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос и Марсело, имале мала расправија на последниот тренинг пред вчерашниот натпревар со Реал Валјадолид. Имено, Бразилецот ја прославил победата на неговата група на начин кој не му се допаднал на Рамос кој бил во спротивниот табор. Во таа конфликтна ситуација брзо се вмешале соиграчите кои спречиле да настане поголем инцидент меѓу двете ѕвезди на „кралевите“.
Голманот на Нексе, Морено Цар, со неговите 16 одбрани беше главен креатор на вчерашната победа против Вардар во ракометната СЕХА лигата. Мечот одигран во Хрватска немаше натпреварувачко значење бидејќи и двата тима од претходно обезбедија место на завршниот фајнал-фор турнир. „Ние игравме добро во нападот и одбраната. Среќни сме поради големата победа против Вардар и мора така да продолжиме“ – изјави Цар.
Денеска со трката за Големата на награда на Катар на патеката „Лусаил“ во Доха, ќе започне новиот шампионат во Мото Гран При конкуренцијата. Од пол-позицијата ќе стартува членот на Јамаха, Маверик Вињалес, кој вчера оствари најдобро време во квалификациите. Веднаш до Шпанецот ќе биде Андреа Довициозо со моторот на Дукати. Од вториот ред ќе започнат Марк Маркез и Џек Милер. Денешната трка за ГП на Катар со која ќе започнат возбудувањата во новата мото-сезона, ќе стартува од 18:00 часот.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, пред денешниот меч со Арсенал закажан во Премиер лигата, потенцира дека дел од првотимците што го пропуштија гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите полека се враќаат во ритам. Норвешкиот стратег посочи дека за мечот со „точиите“ ќе ги има на располагање: Марсијал, Матиќ и Погба, но, дека нема да може да ги користи услугите на Андер Ерера кој има фантатстична сезона. За денешното гостување на „црвените ѓаволи“ во Лондон отпаднаа и: Мата, Санчез, Валенсија, Фил Џонс и Матео Дармијан додека Ерик Бејли е под знак прашалник и се чека одлуката…
Ракометарите на Вардар денеска ќе му гостуваат на Нексе во рамките на регионалната СЕХА конкуренција. Бидејќи домаќинот и „црвено-црните“ имаат обезбедно место на завршиот фајлнел-фор турнир, мечот нема натпреваувачко значење и не може да промени ништо во горниот дел на табелата. Во нашиот тим ќе ги нема Вуко Борозан, Кристијан Дисингер и Сергеј Горбок. Тренерот Парондо не крие дека неговиот тим ќе играме без притисок и дека со мислите е насочен кон двомечот со Загреб во рамките на елиминациите во Лигата на шампионите. Средбата меѓу ракометарите на Нексе и на Вардар ќе започне доцна вечер од 20.15 часот во салата…
На 5 стадиони во нашава земја денеска од 14.00 часот ќе бидат одиграни натпреварите од 22 коло во елитната фудбалска конкуренција. Во Скопје на „Чаир“, Шкендија од челната позиција ќе гостува кај Шкупи кој е влезен во лоша серија. На „Филип Втори“ не очекува пресметка за евро-виза меѓу Работнички и Академија Пандев додека под Шара, екипата на Ренова ќе игра со „лавовите“ од Ѓорче Петров. На теренот во Кратово ќе биде реализирано дербито на дното меѓу Силекс и Победа додека Вардарци ќе се појавата во Струмица на стадионот на Беласица. Еве како изгледа и табелата пред денешното 22 коло. Шкендија…
Американската скијачка, Михаела Шифрин, победи на денешниот слалом во Чешка со што само ја потврди доминацијата во таа дисциплина и малиот кристален глобус. Второто место на денешната трка го обезбеди Швајцарката, Венди Холденер со заостанување од 0.85 секунди додека трет резултат оствари скијачката од Словачка, Петра Влхова. Шифрин која е апсолутно доминатна во тековнава сезона бидејќи ги обезбеди титулите во генералниот пласман и во слалом, сега ќе ја продолжи битката за Кристалните глобуси во велеслалом и супер-велеслалом. Во генералниот пласман Шифрин има 1954 бодови или 719 повеќе од второпласираната Влхова и 1011 од Холденер. До крајот на Светскиот куп останаа…
