„Пирели“, кој е главниот дистрибутер на гуми за Формула 1, го откри изборот на тимовите за првиот круг од новиот шампионат кој ќе започне со Гран При на Австралија. Италијанската компанија ќе понуди три од петте видови на гуми за секој круг од календарот. Мешавините ќе варираат помеѓу C5 – помеки и C1 – најтврди. За првиот круг, Пирели го одбра мешавините C2, C3 и C4. Рено ќе користи повеќе C4 сетови – десет, додека фаворитите за титулата во двете конкуренции, (возачи и конструктори), Мерцедес, Ферари и Ред Бул, ќе користат дури девет комплети од најтешката опција за трката во…
Author: dino
Сопствениците на фудбалскиот состав, Манчестер Сити, ќе инвестираат во индиски клуб како дел од плановите за проширување на – „Сити Фудбал груп” во Азија, изјави, извршниот директор на Англичаните, Феран Сорин. „Сакаме да пробаме во земјите во кои фудбалот е страст и отвора нови можности. Такви се Кина и Индија. Може да има и други опции во Азија, но, во последниве две години погледите ни се насочени кон Индија. Мислам дека годинава ќе инвестираме и таму ” – изјави извршниот директор на англискиот шампион. Сопствениците на Манчестер Сити имаа акции и во американскиот Њујорк Сити, шпанскиот состав Жирона, јапонскиот Јокохама…
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и Ромелу Лукаку, биле вмешани во инцидентот во соблекувалната веднаш по победата против Саутемтон во рамките на викенд колото во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ тогаш победија со пресврт со 3:2 а во финишот на мечот Французинот не реализираше пенал. Токму тој миг бил повод за расправијата со Ромелу Лукаку кој му се налути на Французинот бидејќи не му дозволи да шутира и на некој начин го спречи да постигне евентуално хет-трик. Според медиумите во Англија, нервозата од теренот се пренела и во подтрибинскиот простор а целата ситуација морал да ја смирил тренерот Солскјер.
Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, ја оддржува одличната форма од почетокот на годинава. Тој на 11 одиграни средби прими само три гола со што потврдува дека е еден од најперспективните светски голмани на кого му се предвидува блескава иднина. 20 годишниот чувар на мрежата кој има место и во селекцијата на Италија, набрзо треба да го продолжи договорот со Милан. Се претпоставува дека неговата откупна клаузула во договорот со „росоенрите“ ќе биде околу 100 милиони евра, но, само под услов тимот да се пласира во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Фудбалерите на Борусија Дортмунд се пред невозможна мисија во ЛШ бидејќи на домашен терен треба да надополнат голема негатива од првиот меч против Тотенхем кога загубија убедливо на легендарниот стадион – „Вембли“ со 3 спрема 0. Во Борусија Дортмунд ќе ги нема Пишчек и Пулишиќ. Во Тотенхем под знак прашалник се: Деле Али, Дајер и Винкс. Двата тима имаат лоши серии во домашните шампионати. Тотенхем нема победа во последните три меча во Премиерлигата додека „милионерите“ во последните шест средби забележаа само еден триумф. Екипата од Бундеслигата досега има забележано 2 победи против Тотенхем, 3 средби завршиле нерешено а англичаните се…
Бранителот на тронот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, денеска на домашен терен од 21 часот ќе се сретне со Ајакс во реваншот од 1 / 8 финалето. „Кралевите“ на гостувањето во Холандија славеа со 2 спрема 1 со што ја отворијата вратата за наредната елиминациска фаза. Реал Мадрид доживеа два врзани пораза од Барселона во купот и првенството на Шпанија и токму тие две лоши партии на „белите“ им влеваат надеж на гостите дека може да ја искористат лошата форма на противникот и да направат големо изненадување. Шпанскиот тим денеска ќе биде без капитенот, Серхио Рамос, кој беше казнет…
Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Меди Бенатија, ги објасни причините зошто донел одлука да го напушти италијанскиот шампион и да ја продолжи кариерата во шампионатот на Катар. „Во декември бев на одмор во Дубаи. Разговарав со сопругата и со децата кои постојано ме прашуваа: тато, зошто не играш?” Внатре во мене нешто гореше, не бев среќен. Оставив екипа полнa со многу пријатели. Сепак, сакав да го дадам мојот придонес на теренот” – рече Бенатија. „Кога Бонучи се врати во тимот отидов кај тренерот и тој ме убеди дека му требам бидејќи сум меѓу најдобрите централни дефанзивци во светот, но, тогаш работите…
Најдобриот фудбалер во Европа за изминатата година, Лука Модриќ, в пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ајакс, се осврна на формата на неговиот тимски колега Герет Бејл кој ја загуби довербата кај навивачите. „Бејл навистина изгледа добро на теренот. Во различни фази на кариера, фудбалерите не играат на исто ниво и тоа им се случува на сите. Тоа ми се случи мене минатата сезона. Бејл е среќен и подготвен да покаже што може“ – вели Модриќ. „Играчите на Реал не можат да заборават што направи тој за тимот. Некои луѓе многу лесно забораваат такви работи. Тој…
Еден од легендарните фудбалери на Англија, Алан Ширер, испрати критики за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. „Црвените“ во вчерашното градско дерби со Евертон одиграа без голови по што паднаа на втората позиција на табелата. Интернационалецот од Египет е на тапет кај навивачите бидејќи продолжи со бледата игра. Кон нивните критики денеска се придодаде и Ширер. „Салах е прочитан буквално како -селски буквар !. Тој е лесен за чување а противничките дефанзивци точно знаат што ќе направи. Секогаш сака да се намести на левата нога“ – вели Ширер. „Салах во големите дерби мечеви го нема никаде. Во тековнава сезона против најдобрите шест…
Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, ќе отсуствува од терените меѓу 6 и 8 недели, соопштија попладнево англиските медиуми. Нивните стории ги потврди и главниот лекар на репрезентацијата на Чиле. 30-годишниот напаѓач се соочува со повреда на десното колено добиена на саботниот меч со Саутемптон. Репрезентативецот на Чиле од почетокот на сезоната има одиграно 23 меча за „црвените ѓаволи“ на кои постигна два гола и направи четири асистенции. Санчез по доаѓањето од екипата на Арсенал не успеа да се наметне за стартната постава на „Олд Трафорд“. Тој речиси во континуитет се соочува со повреди кои драстично влијаат на…
