Нашиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, ќе мора да оди на операција на стомакот во Минхен што значи дека ќе биде надвор од терените околу еден месец. Тој во изминатиот период се одлучи да игра под инјекции, но, откако проблемите се компликуваа, мораше да ги послуша советите на лекарскиот тим на Динамо Загреб. „Во договор со Адеми одлучивме дека ќе мора да оди на хируршка интервенција по која опорувањето трае околу три недели. Тоа значи дека нема да игра на двата натпревари против Бенфика во Лигата на Европа“ – изјави лекарот на Динамо Загреб, Ивица Смодек. Адеми во наредниот период ќе мора…
Author: dino
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Јувентус, Џорџо Киелини, вели дека неговиот тим ако победи в недела на теренот на Наполи, практично ќе ја обезбеди титулата во Серија „А“. „Ни претстои многу значаен натпревар со Наполи – тим кој во последниве години секогаш беше наш главен конкурент.Тие ќе се обидат да докажат дека се барем на нашето ниво“ – потенцирал искусниот играч на „старата дама“. „Ние сакаме уште сега да ги решиме сите дилеми околу титулата во Серија „А“. Очекувам и двата тима да играат офанзивен фудбал. Секогаш сум имал добро мислење и за Карло Анчелоти. Тој умее да го извлече најдоброто…
Холандскиот фудбалски интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Ариен Робен полека ги надминал здравствените проблеми и започнал да работи на тренинзите. Тој според весникот –„Билд“ ќе мора да паузира уште најмалку една недела, но, има реална шанса да се појави во реваншот со Ливерпул во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Напаѓачот на гермнаскиот тим досега одигра 15 натпревари на кои успеа да постигне пет голови и да направи две асистенции. Реваншот меѓу Баварците и Ливерпул ќе биде одигран на „Алијанс арена“ во Минхен. Првиот меч во Англија заврши 0 спрема 0.
Корпулентниот фудбалер, Ромелу Лукаку, игра како препороден по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција во редовите на Манчестер Јунајтед. Белгискиот играч се обиде да објасни зошто соработката со Норвежанецот влијае многу позитивно на неговото претставување на теренот. „Навистина многу ми се допаѓа Солскјер. Тој е отворен, искрен во комуникацијата со играчите и што е најзначајно прави да бидам гладен за минутажа и голови“ – вели напаѓачот на тимот од „Олд Трафорд“. „Ако се навратам наназад, секогаш сум имал добри напаѓачи кои ми помагале во напредокот а сега од Оле учам многу. Секој ден е нов за учење, нов…
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, нема да боксува против Дионте Вајлдер. Тоа беше објавено од страна на Светскиот боксерски совет кој добил писмо од Тајсон Фјури со кое тој го одложи враќањето во рингот. Од штабот на Вајлдер биле подготвени да се договорат за втор меч, но, Британецот проценил дека прво ќе излезе на рингот против друг ривал пред да го реализира реваншот. Тој планира да има дуел во текот на летото иако засега нема договорено противник. Фјури неодамна потпиша одличен финасиски договор со промотерската компанија – „Top Rank“ и медиумскиот гигант „ЕSPN“ за емитување на неговите мечеви. Меѓу варијантите…
Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, потенцира дека ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, не ги покажува добрите партии од минатото кога станува збор за лигата на шампионите. „Старата дама“ од Торино во првата 1 /8 финална пресметка загуби на теренот на Атлетико Мадрид со 2 спрема 0. Во пресрет на реваншот во Италија, Манчини вели избраниците на Алегри ќе имаат навистина тешка задача да обезбедат место меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите. „Јувентус – Атлетико? Знаат дека тоа ќе биде тежок натпревар. Не постои магична формула за пресврт иако Јувентус е многу искусен тим. Роналдо не ги…
Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Хуан Мата, кој има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезонава, најверојатно ќе добие продолжување на соработката за уште една година, објавија денеска медиумите во Англија. Тие негираат дека фудбалерот кој 5 сезони игра на стадионот – „Олд Трафорд“, може да се врати во татковината и да потпише за екипата на Барселона. Наводно, раководството на „црвените ѓаволи“ сака да му биде предложен нов едногодишен договор на Мата кој ќе вклучува и опцијата за продолжување на соработката до летото во 2021 година. Играчот од средината на теренот кој добива неделна плата од 170 илјади фунти, неодмана изјави…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, им потенцирал на фудбалерите во соблекувалната дека нивниот голем ривал Ливерпул нема да ја освои титулата во Премиер лигата на Англија. „Оле не е импресиониран од Ливерпул, тој им кажал на играчите дека тие нема да го победат Сити во трката за титулата. Тој мисли дека се многу еднодимензионални и дека им недостасува креативност“ –напиша весникот „Сан“ повикувајќи се на извор од „Олд Трафорд“ . Ливерпул кој нема титула од 1990 година, на 11 кола пред карјот на сезоната има само еден бод предност во однос на Манчестер Сити. Денеска четата на Клоп…
Познатиот италијански новинар, Танкреди Палмери, објави дека челниците на Интер се согласиле Мауро Икарди да му биде продаден на шампионот Јувентус. Тој тврди дека фудбалерот имал понуда од Наполи во висина од девет милиони евра по сезона како и два милиони евра од бонуси, но, луѓето од Милано одлучиле да му го продадат на Јуве. Според наведеното, Икарди исто така прифатил да се пресели во редовите на „Старата дама“. Се претпоставува дека екипата од Торино ќе треба да му плати на Интер обештетување од околу 110 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула. Ќе потсетиме дека Икарди има нарушен однос…
Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, дефинитивно е подготвен да ги напушти „нероаѕурите“. Тој размислува да остане во Италија бидејќи Јувентус и Наполи се подготвени да влезат во битка за неговиот потпис. Денеска весникот – „Corriere dello Sport“, соопшти, дека за голгетерот е заинтересиран и актуелниот европски клупски шампион Реал Мадрид. Се претпоставува дека аргентинскиот нтернационалец кој е во затегнати односи со Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Самир Ханданович, ќе остане на ставот да ја прекине кариерата и да оди на операција на коленото.
