Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Максимилијано Алегри, верува дека неговито тим може да оди во 1/ 4 финалето во Лигата на шампионите иако вчера загуби на теренот на Атлетико Мадрид со 2 спрема 0 во првиот меч од осминафиналната фаза. „Стилот на Атлетико не се менува. Го разбива ритамот на противникот и го забавува темпото. Ние се фокусиравме на движењето на топката. Ќе мора да бидеме активни во реваншот“ – вели италијанскиот тренер. „Во Торино мора да играме многу брзо и прецизно. Мора да го заборавиме поразот и да се подготвиме реваншот. Роналдо играше добро и апсолутно не разочара“ –…
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се обиде да го оправда непримерниот потег од негова страна. Тој по голот на Хименез за водство против Јуве од 1:0, се фати за меѓуножјето и се заврте кон трибината. „Го направив тоа и како фудбалер на мечот меѓу Лацио и Болоња, сега го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто“ – изјави Симеоне. „Одигравме одличен натпревар а фудбалерите себореа максимално на теренот. Извлековме…
Кристијано Роналдо имаше лоша вечер во Лигата на фудбалските шампиони. Неговиот Јувентус загуби кај Атлетико Мадрид со 2:0 а домашните фанови го искористија целиот арсенал да ја навредат португалската ѕвезда. Поранешниот играч на Реал не остана имун на провокациите од трибините и уште во првото полувреме им покажа пет прста на навивачите на Атлетико алудирајќи на освоените титули во Лигата на шампионите. Тој во микс-зоната не сакаше да даде изјави туку само кратко проговори: Јас имам пет титули во Лигата на шампионите а Атлетико ниту една“.
Бразилецот, Вилијан во текот на летото ќе го напушти фудбалскиот состав на Челзи, тврдат денеска дел од медумите во Англија. Тој за да ја продолжи кариерата во Лондон му поставил неколку услови на клубот од – „Стемфорд Бриџ“, но, се чини дека тие нема да бидат прифатени од страна на раководните гарнитури. Проблемот е што „сините“ не практикуваат да прават долгорочни договори со играчите што имаат повеќе од 30-ет години. Вилијан пак, не сака да добие понуда за само една сезона. Тоа значи дека 30-годишниот офанзивец ќе има шанса да ја промени средината. За неговите услуги се заинтересирани францускиот ПСЖ…
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, очекува исцрпувачка битка на стадионот на Лион во првиот меч од 1/8 финалната фаза во Лигата на шампионите. „Сите ние со навистина големо нетрпение го очекуваме дуелот. Сите се позитивно расположени, ја сакаме тензијата бидејќи ни помага да бидеме фокусирани. Лион има многу силен тим кој досега нема пораз. Ќе биде компликувано“ – потенцираше Валверде. „Во изминатата сезона луѓето не обвинуваa дека не сме давале голови на гостински терен. Навистина имаше мечеви на кои игравме напаѓачки фудбал, но, не создадовме шанси. Играчите на Лион знаат да го притиснат противникот, ќе мора да внимаваме“ –изјави стратегот…
Тренерот на Ливерул, Јирген Клоп и неговиот колега на клупата на Баерн Минхен, Нико Ковач, се соочуваат со многу проблеми пред денешниот меч во првата фаза на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони. Менаџерот на „црвените“ ќе ги нема на располагање: Вирџил ван Дајк, Џо Гомез, Алекс Окслејд-Чемберлен и Роберто Фирмињо. Неизвесни се Дејан Ловрен и Џердан Шаќири. Во Баерн ситуацијата исто така не е розова. Со повреди се соочуваат: Ариен Робен, Боатенг и Коен додека Томас Милер е казнет. Се претпоставува дека во првите 11 за Ливерпул ќе ги видиме: Алисон, Александар-Арнолд, Фабињо, Матип, Робертсон, Хендерсон, Милнер, Винјалдум, Салах,…
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, е убеден дека неговите фудбалери нема да го разочараат на гостувањето кај Ливерпул во првата битка од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Дуелот ќе биде одигран денеска од 21.00 часот на стадионот –„Енфилд“. „Лигата на Шампионите е нешто посебно. Баерн секогаш игра добро во последниве неколку години. Свесен сум дека нашите последни натпревари во Бундеслигата не поминаа според очекувањата на навивачите“ – потенцираше Ковач. „Ливерпул е врвен тим кој совршено го менува темпото. Мислам дека нема да има резултат 0:0 а атмосферата сигурно ќе одигра посебна улога. Моите фудбалери знаат како е да…
Фудбалерите на Лион и на Барселона доцна вечер од 21.00 часот на теренот во Франција ќе го реализираат воведниот натпревар од првата елиминациска фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Домаќините ќе бидат без големата ѕвезда, Набил Фекир кој е казнет додека поради повреда мечот ќе го пропуштат Рафаел дос Сантош и Амин Гури. Под знак прашалник се Џејсон Денер и Танги Немобеле. Во редовите на Барселона со повреди се соочуваат Артур, Џаспер и Рафина додека Умтити најверојатно е биде подготвен да игра. Се претпоставува дека за Лион во првата постава ќе бидат : Лопез, Дибоа, Марсело, Морел, Менди, Ндомбеле, Тусар,…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува навивачите на „Енфилд” дополнително да ги мотивираат неговите фудбалери на денешниот меч со Баерн Минхен во 1/8-финалето во Лигата на Шампионите. „Треба да создадеме вистинска атмосфера и да им олесниме на луѓето. Очекувам неверојатна вечер. Мислам дека атмосферата на трибините може да ни ја даде потребната енергија“ – вели германскиот стартег. „Тоа што ќе го одиграме првиот меч дома не е предност, за мене нема никакво значење. Ќе има два меча а нашата цел е да одиме со предност на реваншот. Мислам дека нашите навивачи може да влијаат на фудбалери да дадат повеќе од…
Светскиот шампион во ски-скокови, Норвежанецот Даниел Андре Танде, поради повреда, ќе биде принуден да се откаже од сите натпреварувања до крајот на сезоната, соопштија од Меѓународната Скијачка Федерација. Тоа го потврди и самиот натпреварувач пред утрешната свечена церемонија со која ќе започне Светскиот шампионат. „Многу ми е жал што ќе ги пропуштам натпреварите. Проблемите со коленото ме натераа да донесам таква одлука. Треба да се помирам дека ќе седам пред телевизорот и дека ќе гледам како другите се се борат за медалите” – изјави Танде. 25-годишниот Норвежанец го освои златниот медал во тимска конкуренција на Олимпијадата во Пјог Јанг во…
