Во Даблин, Ирска, по четврти пат беше организирана специјална Гала вечер од страна на Европската Триатлон Унија на која на Македонската федерација доби посебна награда за целокупната работа а посебно за одлично организираното Балканското првенство во триатлон во Охрид во 2018 година. На МТФ и беше доделена наградата за – „Најистакната национална федерација за 2018 година“. Истата ја прими Иван Михајловски, претседател на МТФ, кој порача дека ќе се продолжи со истото темпо и дека федерацијата максимално се подготвува за годинешниов Европскиот јуниорски триатлон куп.
Author: dino
Спортскиот директор на фудбалскиот состав Барселона, Ерик Абидал, пред утрешното гостување во Франција кај Лион, вели дека неговиот тим има амбиции да ја освои Лигата на шампионите. „Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Отидовме во Лион со мотивација да прикажеме добра игра. Секој го знае стилот на Барселона и се обидува да се прилагоди. За да победиме, мора да работиме многу, да ја задржиме топката и да го притиснеме противникот ” – рече шефот на Каталонскиот состав. „Ние добро знаеме дека Лион има за цел да се издигне во европскиот фудбал. Тоа е најсилниот клуб во Франција во поглед…
Дефанзивниот фудбалер на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, му ја препушта фаворитската улога на Ливерпул во 1/8 финалната пресметка во Лигата на шампионите. Според германскиот репрезентативец, англискиот тим покажува одлична форма додека неговата екипа игра крајно променливо. „Ливерпул е фаворит. Тие имаат само еден пораз во првенството и примија само 15 голови. Играат одлично во одбраната и неверојатно ефикасно во нападот“ – вели Кимих. „Кај нас недостасува упорноста и желбата за победа. Ќе треба драстично да ја подобриме играта за да можеме да им парираме на екипите од елитата“ – вели играчот на Баерн Минхен.
Тимот на Хас пред почетокот на тестирањето во Барселона го покажа болидот со кој ќе влезе во новиот шампионат во Формула 1 кој ќе започне на 17 март со Гран При трката за големата награда на Австралија. Американскиот тим сега ќе има сосема нови бои на возилото бидејќи во меѓувреме успеа да обезбеди нов спонзор во лицето на компанијата за енергетски пијалоци – „Рич Енерџи“. На патеката „Каталуња“ беа претставени и возачите, Кевин Магнусен и Роман Грожан. Французинот денеска ќе биде активен со болидот додека Данецот, Магнусен, утре ќе ги реализира предвидените тестирања.
Ливерпул утре ќе го пречека Баерн Минхен во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Пред мечот во Англија, тренерите на двата тима имаат проблеми со суспендирани и повредени фудбалери. Домашниот стрaтег, Јирген Клоп, не може да ги користи услугите на казнетиот Вирџил ван Дајк и повредените Гомез и Алекс Окслејд – Чемберлен додека под знак прашалник се хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен и интернационалецот од Швајцарија, Џердан Шахири. Што се однесува, пак, до германскиот состав , еден од креативците на играта, Томас Милер, поради црвениот картон заработен на мечот со Ајакс нема да се појави на стадионот…
Медиумите во Англија шпекулираат дека челниците на Манчестер Јунајтед сакаат да го ангажираат тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино. Наводно, тие се подготвени да платат на име на отштета околу 34 милиони евра. Како што пренесува –„Evening Standard“, првите луѓе од „Олд Трафорд“ размислуваат за две опции. Првата е да го задржат Солскјер кој има одлични резултати со исклучот на мечот во ЛШ против ПСЖ и втората која е многу пореална, да направат напор да го ангажираат Почетино. Во комбинација се споменува и името на Французинот, Зинедин Зидан, кој по трите титули во серија со Реал Мадрид во Лигата…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, проговори за формата на напаѓачот, Алексис Санчез, кој пак, деновиве имаше пофални зборови за работата на Норвежанецот. „Навистина е многу е талентиран и кога би постигнал гол, сигурен сум дека ќе добие самодоверба. Сите знаеме дека не игра стандардно и дека поминува низ тежок период“ – вели Солскјер. „Санчез е како кесе кечап, кој не сака да излезе, но, кога ќе тргне, тогаш ќе биде одлично“ – потенцираше тренерот на екипата од „Олд Трафорд“ пред мечот со Челзи во рамките на ФА Купот на Англија.
Возачите на Ферари во Формула 1, Фетел и Леклер, во текот на вчерашниот ден имаа шанса на добро познатата патека во Барселона да го испробаат новиот болид СФ-90 кој ќе го возат во новиот шампионат кој ќе започне со трката во Австралија на 17 март. Тестирањето во Шпанија ќе трае до 21 овој месец а Фетел и Леклерк наизменично ќе се менуваат на патеката. Според прогнозите, италиајнскиот тим и екипата на Мерцедес се главните фаворити за освојување на шампионската титула кај возачите и кај конструкторите. Новата сезона во Формула 1 која ќе започне за речиси еден месец ќе заврши со…
Фудбалерите на Реал Мадрид вчера загубија сензационално на домашен терен од Жирона во рамките на Примера Дивизион а домашниот бек, Марсело, постави неславен рекорд кога станува збор за неговиот ефект. Статистиката вели дека Реал има шест порази, две реми и само една победа на последните девет натпревари во Примера на кои дефанзивецот бил стартер. Во исто време, излезе податокот дека неговата замена, Регилон, има биланс од осум победи на средбите на кои бил во почетниот тим. Тие бројки предизвикаа реакција кај фановите на Реал кои на социјалните мрежи ја критикуваа играта на Бразилецот. Тој пак, не можеше да се воздржи…
Екипата предвидена од Леброн Џејмс успеа да го совлада составот на Јанис Адетукумбо, со 178 спрема 164 во 68-от кошаркарски – „Ол-Стар“ меч на ѕвездите од НБА лигата кој беше одигран во текот на ноќта во Шарлот. Средбата вообичаено донесе атрактивни потези и забава за фановите а на двете страни имаше дури 168 обиди за три поени! Ова е втора година во која Ол-стар викендот се игра по новиот формат во кој капитените го избираат мешаниот состав од кандидатите кои се во почетните петорки и меѓу резервите. Кевин Дурант кој застана на бројката од 31 кош, успеа по втор пат…
