Возачите на Ферари во Формула 1, Фетел и Леклер, во текот на вчерашниот ден имаа шанса на добро познатата патека во Барселона да го испробаат новиот болид СФ-90 кој ќе го возат во новиот шампионат кој ќе започне со трката во Австралија на 17 март.
Тестирањето во Шпанија ќе трае до 21 овој месец а Фетел и Леклерк наизменично ќе се менуваат на патеката. Според прогнозите, италиајнскиот тим и екипата на Мерцедес се главните фаворити за освојување на шампионската титула кај возачите и кај конструкторите.
Новата сезона во Формула 1 која ќе започне за речиси еден месец ќе заврши со трката во Абу Даби на 1. декември.