Репрезентацијата на Полска во ско-скокови во состав: Пјотр Зила, Јакуб Волни, Давид Кубацки и Камил Стох, победи во денешното натпреварување на Светското првенство кое се реализира во Вилинген, Германија. Тие собраа 979,4 поени и ги оставија на второто место домаќините (Карл Гајгер, Рихард Фраитаг, Маркус Ајзенбихлер и Штефан Лаје).Третото место го освои селекцијата на Словенија за која настапија: Анже Семенич, Петер Превц, Јернеј Дамјан и Тими Зајц.Во победничкиот тим се издвоија Волни кој имаше два скока преку 140 метри и Зила кој во првиот обид прескокна 146 метри што претствуваше и рекорд на денот. Германците освоија 900,2 поени а селекцијата…
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, категорично изјави дека поразот од Пари Сен Жермен во Лш нема да направи паника на „Олд Трафорд” и дека нема намера да прави промени во играта на тимот. „Секогаш ќе има големи предизвици, така ќе биде и на госувањето кај Челзи. Знаеме дека против ПСЖ имаше период од седум, осум, десет минути, во кои се изгубивме. Еден пораз не менува ништо. Мораме да продолжиме да работиме“ –изјави тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед пред гостувањето кај Челзи во ФА Купот на Англија. „Во 1999 ги победивме на „Стемфорд Бриџ“ за да…
Хорхе Лоренцо кој има три титули во најсилната класа во Мото Гран При шампионатот, изјави, дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во тимот на Хонда на кој му се приклучи пред два месеца. 31-годишниот Шпанец цели 11 сезони е активен во кралската класа и тоа 9-ет со моторот на „Yamaha“ и две со Дукати. „Никогаш не се откажувам, дури и во тешките времиња продолжувам да работам напорно. Нема да кажам дека сакам да ја завршам кариерата во „Хонда“, но, тоа може да биде мојот последен тим. Резултатите ќе покажат иако тоа ми е намерата” – изјави Лоренцо пред Скај Италија.…
Вршителот на должноста претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, пред стартот на пролетниот дел од сезоната и натпреварите закажани за в недела, преку официјалниот сајт на ФФМ испрати порака до клубовите. „Верувам дека секој тим ќе се бори да ги исполни амбициите и затоа им посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и здравје на фудбалерите. Од страна на ФФМ уверуваме дека организацијата на натпреварувањето ќе биде на најдобро ниво и сите ќе бидат еднакво третирани. Доколку сите ние и федерацијата и клубовите се раководиме според пропозициите за натпреварување а тоа е заедничка цел, сигурен сум дека нема да…
Tотенхем и Борусија Дортмунд денеска на стадионот „Вембли“ ќе го одиграат првиот меч од 1/8 финалната фаза во Лигата на шампионите. Атрактивниот фудбал и напаѓачката филозофија што ја практикуваат двата тима, треба да биде гаранција дека ќе гледаме спектакуларен меч без калкулации. Тотенхем и Борусија досега се сретнале четири пати. Во март во 2016 година Германците ги елиминираа лондончани во осминафиналето во Лига Европа по двете победи со вкупна гол разлика 5: 1 додека во есента во 2017 година во групната фаза на ЛШ, Тотенхем се реваншираше со две победи (3:1 и 2:1). Двете екипи имаат сериозни проблеми со ростерот. Домаќините…
Фудбалерите на Ајакс и Реал Мадрид, денеска од 21.00 часот на „Јохан Кројф Арена“ ќе го имаа првиот меч од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите. Холанѓаните се еден од петте тима кои не беа поразени во групната фаза. Ајакс беше дури и на чекор од првото место, но, на крајот Баерн Минхен успеа да го помине. Ајакс не загубил натпревар како домаќин во тековнава сезона. Дефанзивецот Лисандро е повреден и надвор од тимот. Од другата страна, Реал Мадрид ја оправда улогата на фаворит во неговата група од Лигата на Шампионите и заврши на првото место иако загуби од ЦСКА Москва…
Весникот „Гардијан“ пишува дека Маурицио Сари има последна шанса или уште еден месец за да си ја спаси позицијата и да остане на кормилото на фудбалскиот состав Челзи. „Сините“ по катастрофалниот пораз на гостувањето кај Манчестер Сити, сега ги очекува дуелот со Малме во елиминацискиот дел во Лигата на Европа.Тимот од „Стемфорд Бриџ“ по мечот со Швеѓаните ќе има пеколен распоред до крајот на месецов. Ќе игра против Манчестер Јнајтед во петтата рунда од ФА-купот потоа доаѓа финалето со Манчестер Сити во Лига купот и мечот од 27. коло во Премиер лигата против Тотенхем. Доколку на тие мечеви Сари успее…
Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Томас Тухел, има навистина сериозни проблеми да го оформи најдобриот состав за денешното гостување кај Манчестер Јунајтед бидејќи дел од стандардните првотимци се надвор од стројот. Искусниот тренер иако е свесен дека нападот може да биде проблематичен со отсуството на Нејмар и Кавани, потенцира дека нем анамера да го менува стгилот на игра и дека неговиот состав ќе игра напаѓаки фудбал.Тој објаснува дека мора да се адаптира на ситуацијата и дека нема време да се скрои нова тактика. „Нејмар е нашиот клучен играч во Европа и многу ќе ни недостасува, исто така и Единсон. Тоа…
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, на вчерашната задолжителна средба со новинарите пред денешниот меч со ПСЖ во Лигата на фудбалските шампиони, објасни зошто му е полесно да игра под дирегентската палка на Оле Гунар отколку под водство на Жозе Мурињо. Сега имаме менаџер кој практикува сосема нов систем на работа а ние се обидуваме да одговориме на неговите барања. Полесно е да играте за тренер кој има ваков стил на игра отколку да се адаптирате на стилот на Мурињо“ – вели Марсијал кој неодамна го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. „Сега менаџерот бара да напаѓам повеќе. Тоа е…
Францускиот фудбалски интернационалец, Патрис Евра, истакна дека го почитува ПСЖ, но, дека навива за неговиот Манчестер Јунајтед. Тој в пресрет на денешниот меч упати порака до фановите и играчите на „црвените ѓаволи“. „Дајте се од себе, сакам да го јадете теренот, тревникот а фановите да имаат голема улога во тоа. „Олд Трафорд“ мора да биде „Театарот на кошмарот“ – вели Евра. „Пол, кој ќе те запре тебе на терен? Давид Де Геа, спушти ја ролетната, Марсијал, сакам да ги уништиш противниците“-им порача Патрис Евра на играчите на Манчестер Јунајтед.
