Хорхе Лоренцо кој има три титули во најсилната класа во Мото Гран При шампионатот, изјави, дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во тимот на Хонда на кој му се приклучи пред два месеца. 31-годишниот Шпанец цели 11 сезони е активен во кралската класа и тоа 9-ет со моторот на „Yamaha“ и две со Дукати.
„Никогаш не се откажувам, дури и во тешките времиња продолжувам да работам напорно. Нема да кажам дека сакам да ја завршам кариерата во „Хонда“, но, тоа може да биде мојот последен тим. Резултатите ќе покажат иако тоа ми е намерата” – изјави Лоренцо пред Скај Италија. Тој проговори кратко и за неговиот однос со раководството на Дукати.
„Не размислувам повеќе за тоа, само знам дека ми се допадна моторот и дека можев да стигнам до врвот” – изјави Лоренцо.