Аргентинскиот фудбалер од ПСЖ Ангел Ди Марија денеска ќе има можност да се врати на „Олд Трафорд“ и да игра против неговиот поранешен состав Манчестер Јунајтед. Во пресрет на мечот во Лигата на шампионите брзоногиот играч се потсети на тешкиот период што го помина во англискиот тим. „Издржав само една година. Тоа не беше мојот најубав период во кариерата или тие не ми го дозволија тоа. Клубот тогаш имаше проблеми со тренерот. Му благодарам на Бога што си заминав од таму во насока на ПСЖ и се пронајдов себе си” – кажа Ди Марија. Тренерот на францускиот тим Тухел се…
Author: dino
Оле Гунар Солскјер верува дека Манчестер Јунајтед има квалитет да го елиминира Пари Сен Жермен кој се вбројува меѓу фаворитите за освојување на Лигата на фудбалските шампиони. Средбата меѓу „црвените ѓаволи“ и францускиот тим ќе се одигра денеска од 21.00 часот на „Олд Трафорд“. „Со нетрпение го чекам тој меч. За играчите и за навивачите тие натпревари се посебни. Сакам и моите фудбалери да веруваат во себе и да влезат во дуелот мотивирани” – вели Солскјер. „Тие ги имаат најдобрите играчи на светот: Буфон, Нејмар, Тијаго Силва, Кавани, Верати… Го имаат и еден од најдобрите млади фудбалери – Мбапе. Сега…
Алексис Пинтуро од Франција имаше нов фантастичен настап на Светското првенство во алпски дисциплини кое се реализира во шведскио зимски центар Оре. Тој го освои златниот медал во алпска комбинација откако постигна време од 1:47.41 минута. Второто место а со тоа и сребрениот медал го освои Стефан Хадалин од Словенија кој заостана 24 стотинки зад победникот додека бронзата ја однесе Марко Шварц од Швајцарија кој имаше заостанување од 46 стотинки во однос на првопласираниот Пинтуро. За Французинот тоа беше второ мундијалско злато бидејќи пред две години во Сент Мориц победи во екипна конкуренција.
Капитенот на фудбалскиот состав Рома, Даниеле Де Роси, в пресрет на мечот со Порто во првата елиминацикса фаза во Лигата на шампионите, изјави дека противникот има големо искуство кога станува збор за меѓународната конкуренција. „Искуството е значаен фактор а Порто е навикнат да игра такви натпревари. Сега не размислуваме за тоа што се случило во минатото. Треба да се подготвиме за утрешната средба. Секогаш велам дека ќе продолжам да играм додека имам доволно сила. Соиграчите и тренерот зборуваат дека моето присуство е значајно„ – вели Де Роси. „Нашиот тренер има сопствена визија за фудбалот и знае што сака од тимот.…
Првиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, може да ја пропушти воведната пресметка со Ајакс во рамките на 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампионите која ќе биде реализирана во Холандија. Францускиот интернационалец поради болки во пределот на вратот денеска не се појави на утринскиот тренинг. Лекарите не можат да дадат прецизна прогноза бидејќи повредата не е вообичаена за спортистите по што останува дилемата дали Бензема ќе може да го облече дресот на „кралевите“ на првиот дуел со Ајакс. Тој со 18 голови во сите конкуренции е најдобриот стрелец во редовите на шпанскиот состав во тековнава сезона. Доколку…
Тимот на Вилијамс има нов спонзор во лицето на американската телеком компанија – „Rockit“ што значи дека Формула 1 екипата ќе се вика – „ROKiT Williams Racing“. Сега ќе бидат променети и боите на болидот кои во последниве години беа со доминатна бела комбинација. Компанијата која произведува мобилни телефони планира да го промовира новиот „Android“ кои има „3D“ . Таа е спонзор на Хјустон Рокетс во НБА и Лос Анџелес во НФЛ. Вилијамс денеска ги претстави само боите додека автомобилот – „FW42“ ќе може да се види за една недела само на патеката Каталуња кога ќе започнат вообичаените тестови в…
Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз ја започнаа групната фаза во Купот на ЕХФ. Тие денеска загубија на теренот на бундеслигашот Хановер со 24 спрема 21 иако речиси до самиот крај беа рамноправен противник. Битолчани во завршните минути не искористија неколку напади а домаќинот тоа знаеше да го казни и да ги запише првите бодови во групата. Во нашиот тим најпрецизен беше Граѓан со 6 голови додека Кузмановски и Остроушко постигнаа по 4. Во германскиот состав се издвои Олсен со 7 погодоци. Во вториот меч во групата „Б“ Нексе славеше на теренот на Татабања со 28 спрема 27. Во второто…
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, помислил дека неговиот тим нема шанси да ја освои титулата во Премиер конкуренцијата. Неговиот тим долг период заостануваше многу зад лидерот Ливерпул, но, откако „црвените“ влегоа во криза и загубија бодови а „граѓаните“ со вчерашната победа против Евертон успеаа да се пробијат на првата позиција, Силва сега има сосема друго мислење. „ Ние сме шампиони, знаеме што треба да направиме за да останеме. Пред неколку дена мислевме дека ја загубивме битката во Премиер лигата. Сега сме на врвот“ – изјави Силва. „Ќе дадеме се од себе да ги добиеме сите наредни натпревари. Мислам дека…
Францускиот фудбалски состав Нант се определи да го повлече дресот со број 9 кој го носеше Емилијано Сала. Фудбалерот трагично го загуби животот во авионската несреќа додека леташе за Кардиф. Властите во Британија доцна синоќа потврдија дека го пронашле телото на играчот во остатоците од авионот. Бидејчи францускиот Нант е последниот клуб во кој играше Сала, челниците на тимот одлучиле да го повлечат дресот со број девет. „Бидејќи Емилијано Сала секогаш ќе биде дел од легендите кои испишаа голема историја за Нант, дресот со број 9 ќе биде повлечен“ – стои во соопштението на клубот.
Ракометарот од Србија, Немања Илиќ, од денеска ќе го носи дресот на Барселона. Тој доаѓа во Шпанија како замена за данскиот репрезентативец, Каспер Мортенсен, кој заработи сериозна повреда на Светското првенство. „Не се плашам од предизвикот. Ќе дадам сè од себе за да ја оправдам пружената доверба“ – рече Илиќ на промоцијата. 28-годишниот играч доаѓа кај Каталонците на шестмесечна позајмица од францускиот Тулуз. Неговото деби се очекува в сабота во Лигата на шампионите против Веспрем .
