Еден од поискусните фудбалери во редовите на Ливерпул, Џејмс Милнер, вели дека неговиот состав останува фаворит за титулата во Премиер лигата иако Манчестер Сити му се доближи на само три бода. „Мора да бидеме задоволни бидејќи сме на првото место. Има уште многу до крајот на првенството. Секој меч во Премиер лигата е исклучително тежок. Ќе мора да продолжиме по нашиот пат“ – вели Милнер. „Дејствувавме лошо на последните два меча посебно кога играта беше во прекин. Мислам дека правиме премногу прекршоци во опасната зона. Ќе мора тоа да се корегира“ – вели Милнер.
Author: dino
Англискиот фудбалски состав Челзи има намера во текот на летниот трансфер период да го ангажира фудбалерот на Севилја, Пабло Сарабија. 26-годишниот Шпанец во тековнава сезона во Примера Дивизион има одиграно 21 меч на кои постигна 8 голови и направи 7 асистенции. Тој може да биде максимално корисен бидејќи игра на неколку позиции во нападот а може да дејствува и во дефанзивата. Луѓето од Челзи ќе продолжат да ги следат настапите на Сарабија пред да донесат одлука дали ќе го ангажираат на стадионот – „Стемфорд Бриџ“. Луцидниот голгетер неодамна одби милионска понуда од Кина со надеж дека ќе направи трансфер во…
Хрватскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Марио Манџукиќ, категорично одбил да ја продолжи кариерата во Кина во екипата на Далиан која му понудила 10 милиони евра за една сезона. Кинескиот состав за кој игра Јаник Фереира Караско, успеа во меѓувреме да го договори ангажманот на Марек Хамшик од Наполи со надеж дека ќе успее да донесе уште некоја ѕвезда од Серија „А“. Бидејќи трансферниот период во Кина трае до 1 март, луѓето од Далиан најверојатно ќе се обидат да испратат уште една понуда за Манџукиќ која ќе биде со многу подобри финансиски услови.
Скијачката од САД, Михаела Шифрин, покажа дека е во фантасична форма откако супериорно го освои златниот медал во денешниот супер-велеслалом со кој започна Светскиот шампионат во алспко скијање. Таа на патеката Оре во Шведска забележа време од 1:04:89 минути што беше доволно за да се искачи на највисокот место на пиедесталот. Среброто заврши на градите на Софија Гоџа од Италија додека со бронза се накити Швајцарката, Корин Зутер. Стартот на шампионатот во Скандинавија беше несреќен за легендата на белите спортови, Линдзи Вон, која имаше атрактивно и неконтролирано излетување од патеката, но, за среќа помина без сериозни последици.
Македонските каратисти од 8 -10 февруари во Алборг ќе настапат на 46-то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Меѓу вкупно 1092 каратисти од 51 држава, Македонија ќе бида застапена со 29 натпреварувачи.На денешниот прес пред заминувањето за Данска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, потсети на дел од досегашните успеси на каратистите. „Карате федерацијата на Македонија по традиција во последните неколку години остварува врвни резултати на речиси секој настап на меѓународен план. Со последниот освоен медал во Сочи, Фахик Весели стана европски вице-шампион и заслужено ја понесе титулата најдобар млад спортист на Македонија за 2018…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, нема да настапи на двомечот со Ливерпул во првата фаза од елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони. Европската куќа на фудбалот ја одби жалбата на Баварците поврзана со суспензијата на една од главните алки во тимот од Баварија. Германскиот репрезентативец беше исклучен со директен црвен картон на мечот со Ајакс во групната фаза во Лш и затоа ќе мора да ги пропушти мечевите со „црвените“ од Ливерпул. Првиот натпревар на 19 февруари ќе биде одигран на стадионот – „Енфилд Роуд“ во Англија додека реваншот е закажан за 13 март на теренот на Баерн Минхен.
Тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Мануел Пелегрини, вели дека неговиот тим бил оштетен на вчерашниот меч со Ливерпул кој заврши нерешено 1 спрема 1 и кој донесе неколку спорни моменти на теренот како и нервозни реакции на тренерот на гостите, Јирген Клоп. По мечот, двајцата менаџери имаа жолчна расправија и си разменија по некој збор а аргентинскиот стратег не ја пропушти шансата да го потсети Германецот на натпреварот од 2013 година кога Борусија ја елиминираше Малага со гол од класичен офсајд. „Вечерва дадоа гол од офсајд со кој поведоа. На крајот судијата не го подигна знаменцето при шансата на…
Челниците на кошаркарскиот состав Мајами се определија да го повлечат дресот со бројот 1 кој подолг период го носеше Крис Бош кој поради здравствени проблеми мораше да ја заврши кариерата. Свечениот чин ќе се случи на 26 март на мечот против Орландо Меџик. Бош имаше шест успешни сезони со „жешките“ во кои одигра четири финалиња и освои две титули во НБА конкуренцијата. Мајами досега ги повлече дресовите на Ден Марино (13), Мајкл Џордан (23), Тим Хардевеј (бр. 10), Шекил О’Нил (бр. 32) и Алонзо Морнинг (бр. 33).
Фудбалерот на Челзи, Гонзало Игуаин, откако дебитираше со два гола на натпреварот со Хадерсвил одигран во Премиер лигата, изјави дека е задоволен бидејќи со победа ја започна авантурата во Англија. „Среќен сум за двата гола. Сари знае како да го извлече најдоброто од мене. Тука започнува мојата голгетерска серија, јас и Сари и во минатото соработувавме фантастично“ – вели Аргентинецот. Напаѓачот на „сините“ откако не ја доби посакуваната минутажа во дресот на италијанскиот Милан, се определи да се пресели во редовите на „сините“ од Лондон.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, планира да го засили тимот со напаѓачот на Лацио, Лоренцо Инсиње, тврдат денеска медиумите во Италија. Репрезентативецот на „аѕуирте“ има блескава сезона. Тој постигната 11 гола и направи 6 асистенции во вкупно 27 одиграни натпревари во сите конкуренции. Според најавите, тимот од Премиерлигата планира да испрати понуда од 70 милиони евра за Инсиње што е многу далеку од сумата што ја бара калчо-лигашот. Во изминатото лето првиот човек на Наполи, Де Лаурентис, побара за Инсиње обештетување од големи 150 милиони евра.
