Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, најверојатно ќе го пропушти големото – „Ел класико“ против Реал Мадрид кое треба да се реализира во рамките на Примера Дивизион. Аргентинскиот фудбалер на дербито со Валенсија се пожали на повреда, но, остана на теренот до крајот на мечот. Тој не се појавил на вчерашниот тренинг на Каталонците со што се зголемија шпекулациите дека нема да игра на средбата со „кралевите“ од Мадрид. Ќе потсетиме дека Меси поради повреда на раката ја пропушти последната мега пресметка со големиот ривал кога неговиот тим славеше со 3 спрема 1.
Author: dino
Нашата футсал селекција денеска ја совлада Албанија со 3 спрема 2 и го освои убедливо првото место во претквалификациската група која се одигра во Скопје во СЦ Јане Сандански. Головите за нашата селекција во мечот кој беше исполнет со пресврти ги постигнаа Седат Зибери (2) и Таулант Исмаили. Мора да се издвои и одличната партија на голманот Антонио Петровски. Нашите футсал-репрезентативци во наредната фаза ќе играат во групата во Украина. Таму покрај домаќинот, противници ќе ни бидат Словенија и Косово.
Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Челзи, Еден Азар, изјави дека е задоволен со доаѓањето на Гонзало Игуаин, кој го засили нападот на лондончани. Белгиецот и аргентинскиот голгетер кој деновиве дојде од Милан, успеаа на вчерашниот меч со Хадерсвилд да постигнат по два гола а нивниот тим на крајот да зебележи убедлива победа од 5 спрема 0. „Гонзало е врвен напаѓач. Тој дејствува многу интелигентно во опасната зона. Не е типичен играч како Оливие Жиру, но, умее да ја задржи топката и да направи додавање. Убеден сум дека ќе постигне многу голови во Премиер лигата” – рече Азар. Репрезентативецот на Белгија…
Возачот, Себастијан Фетел, е „скршен“ и најверојатно ќе биде жртва на новата генерација во Формула 1 предводена од неговиот колега Шарл Леклер. Тоа го изјави познатиот холандски рели -возач и воедно Формула 1 коментатор ,Том Коронел. Тој се сомнева дека четирикратниот светски шампион ќе успее да се врати во ритам по неуспехот во изминатата сезона. Ферари иако го достигна квалитетот на Мерцедес и се чинеше дека може да се бори за титултата, скапо ги плати грешките како на тимот така и на Фетел. „Започнува период во кој доаѓа нова генерација. Фетел повторно го изгуби шампионатот и сигурен сум дека нема…
Раководството на фудбалскиот состав Лидс се надева дека ќе го врати Арон Ленон на стадионот -„Еланд Роуд“ во текот на наредниот летен трансфер период. Според весникот „Сан“, менаџерот Марсело Биелса, инсистира да се направи таков потег со кој ќе се подигне квалитетот на тимот од Јоркшир. Лидс е втор во Чемпионшип конкуренцијата а Аргентинецот од сега размислува за потенцијалните летни засилувања. 31-годишниот Ленон го напушти составот на Лидс пред 14 години кога замина во Тотенхем. Тој во тековнава сезона во Премиер лигата ги брани боите на Барнли, но, може да го пропушти остатокот од првенството поради повредата на коленото што…
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, потенцира дека ја почувствувал нервозната атмосфера на трибините на стадионот – „Енфилд“ на вчерашниот меч со Лестер кој заврши нерешено 1 спрема 1. „Се почувствува нервозата кај навивачите, мислам декао тоа е сосема непотребно. Секој сака да победи, истата желба ја имаме и ние, но, некогаш треба да се биде многу трпелив“ – потенцираше интернационалецот од Холандија. „Црвените“ сега имаат пет бодови предност во однос на Манчестер Сити кој ден претходно изнеандувачки загуби на теренот на Њукасл. Во текот на викенд-колото, Ливерпул ќе гостува кај Вест Хем додека Манчестер Сити на домашен терен ќе…
Фудбалерот, Маруан Фелаини, кој го напушти премиерлигашот Манчестер Јунајтед, до крајот на денов ќе го официјализира трансферот во Кина во екипата на Шандонг Луненг. Белгиецот кој беше на излезната врата од „Олд Трафорд“, доби фантастична понуда која не се одбива. Тој ќе заработува по 10 милиони евра на сезона што претставува одлична сума за играч кој има 31 година и кој полека треба да размислува за крај на професионалната кариера. Од друга страна, Манчестер Јунајтед за трансферот ќе добие 11.5 милиони евра. Фелаини пред пет и половина години беше купен од Евертон за 32 милиона евра. Тој во дресот на…
Словенецот Лука Дончич од Далас и Австралиецот Бен Симонс од Филаделфија, се двете најатрактивни имиња во кошаркарскиот тим на Светот кој ќе се соочи со селекцијата на САД во „натпреварот на ѕвездите во подем” за време на спектаклот во Шарлот во средината на февруари . Во дуелот кој традиционално се игра на два дена пред “натпреварот на ѕвездите” во НБА, учество ќе земат најдобрите кошаркари кои ја реализираат првата или втора година во лигата. Освен Дончич и Симонс, во светскиот тим фигурираат и центарот, Деандре Ејтон, кој во текот на летото беше избран од Феникс како прв пик на драфтот,…
Англискиот елитен фудбалски клуб Њукасл е подготвен да го ангажира Мигел Алмирон од тимот на Атланта Јунајтед кој настапува во американската Мејџор Сокер Лига, објавија британските медиуми. Доколку тоа се случи, фудбалерот од Парагвај може да го собори рекордот за најскап трансфер во историјата на тимот. Според Скај Спортс, Њукасл ќе плати 20 милиони фунти за Алмирон, со што ќе биде надминат рекордот од 16 милиони кои во 2005-та година му беа платени на Реал Мадрид за ангажманот на Мајкл Овен. Алмирон кој има 23-години и дејствува во навалниот ред, има одиграно 12 натпревари за неговата татковина. Тој за две…
Менџерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, рече дека Еден Азар може слободно да го напушти клубот доколку има таква желба. Белгискиот државјанин кој постојано се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, самиот откри дека сака да игра за европскиот шампион. „Еден има 28 години и ако сака да замине, може тоа да го направи. Се разбира, јас се надевам дека ќе остане, бидејќи има потенцијал да биде најдобриот играч во Европа”, рече Сари пред натпреварот со Борнемут. Азар од почетокот на сезоната има 10 гола и 10 асистенции во Премиер лигата.Неговиот договор со Челзи истекува на крајот на…
