Возачот, Себастијан Фетел, е „скршен“ и најверојатно ќе биде жртва на новата генерација во Формула 1 предводена од неговиот колега Шарл Леклер. Тоа го изјави познатиот холандски рели -возач и воедно Формула 1 коментатор ,Том Коронел.
Тој се сомнева дека четирикратниот светски шампион ќе успее да се врати во ритам по неуспехот во изминатата сезона. Ферари иако го достигна квалитетот на Мерцедес и се чинеше дека може да се бори за титултата, скапо ги плати грешките како на тимот така и на Фетел.
„Започнува период во кој доаѓа нова генерација. Фетел повторно го изгуби шампионатот и сигурен сум дека нема да го надмине тоа“ – вели Леклер.