Србинот, Новак Ѓоковиќ, одигра блескава партија против Шпанецот, Рафаел Надал и го совлада со убедливи 3 спрема 0 во финалето на првиот годинашен тениски Грен Слем турнир – Отвореното првенство на Австралија. На теренот во Мелбурн, првиот светски рекет започна фуриозно и ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2. Во третиот, Надал не искористи сервис а Ѓоковиќ тоа го претвори во сигурна победа со 6-3. Популарниот Ноле со денешниот триумф по рекорден седми пат се израдува на победничкиот пехар на првиот тениски грен-слем турнир во годината.
Author: dino
Шпанскиот фудбалски напаѓач, Алваро Мората, денеска треба да потпише договор со екипата на Атлетико Мадрид откако ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи. Играчот на Челзи во наредната година и половина ќе настапува како позајмен во редовите на “јорганџиите“ кои пак, имаат можност да го откупат неговиот договор во летото во 2020 година. Доколку тоа не го направат, Мората ќе треба да се врати во редовите на лондончани. „Многу сум среќен и со нетрпение чекам да започнам да тренирам со новите соиграчи“ – изјави Мората.
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Горан Силјановски, откако вчера ја прекина соработката со Фљамуртари од Албанија, денеска беше претставен во дресот на Работнички. Екипата од Скопје објави дека договорот за соработка ќе биде валиден до јуни во 2020 година и дека искусниот фудбалер веднаш му се приклучи на тимот на подготовките во Аланија. Ќе потсетиме дека Дефанзивниот фудбалер настапуваше за екипата на Работнички во период од 2013 до 2017 година.
Во пресрет на денешните последни мечеви на светското првенство во ракомет кои ќе ги одредат носителите на медали имаме интересна ситуација. Скандинавското финале во Хернинг од 17.30 часот меѓу Данска и Норвешка ќе биде реприза на мечот одигран на 17 јануари на истата локација во рамките на последното коло во групата „Ц“. Тогаш Данците успеаа да слават со 30 спрема 26 а судии беа нашите интернационалци, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Германија и Франција кои ќе се борат за бронзата од 14.30 часот во арената во Хернинг, имаа шанса да се сретнат на 15 јануара во групата „А“ во првата…
Себастијан Ожие (Citroen) и Тиери Нојвил (Hyundai) останаа во изедначена трка за првото место на релито Монте Карло или првиот круг за сезона 2019 во „WRC“ шампионатот. Двајцата пилоти пред утрешната завршна фаза се наоѓаат на чело во рангирањето со разлика од само 4 секунди. „Очекувам утре да имаме полесни услови иако знам дека ќе биде напнато финале. Тиери нема да се откаже. Двајцата сакаме да ја завршиме трката и да победиме”, изјави Ожие, кој досега остварил шест победи во Монте Карло. „Јас бев претпазлив. Ожие е дома, тоа е неговото место. Тој добро го познава теренот и морав да…
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, не го отпишува Реал Мадрид од трката за титулата во Примера Дивизион иако „кралевите“ заостануваат десет поени од екипите кои се на врвот. „Луѓето секогаш го гледаат тимот кој е најблиску . Реал Мадрид и Атлетико се нашите ривали за титулата. Мадрид има посебен ген а Атлетико никогаш не се предава” – рече Валверде на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Жирона. „Сите гостувања се тешки. Играме дерби и ќе мора да вложиме голем напор. Знаеме дека ривалот ќе биде ентузијастички расположен и дека се наоѓа во одлична форма ” – рече Валверде. Средбата…
Скијачката од Австрија, Никол Шмидхофер, успеа да победи во денешната трка во супер-џи која беше реализирана на патеката во Гармиш Партенкирхен во Баварија. Таа до петтата победа во исто толку трки успеа да ги остави на второто место италијанката, Софија Гоџа и на третото Лара Гут од Швајцарија. Што се однесува до конкуренцијата во супер-џи, лидер е Микаела Шифрин која останува водечка и во вкупното рангирање во светскиот Куп во алпско скијање. Веднаш до неа се Вајрајтер и Шмидхофер.
Францускиот скијач. Клеман Ноел, беше најбрз на денешната трка во слалом реализирана на патеката во Кицбил која се бодува за светскиот Куп во алпско скијање. Тој го остави зад себе австрискиот скијач, Марсел Хиршер, кој беше побавен за 0,29 секунди и Французинот, Алексис Пинтуро, кој заостана 0,36 секунди. Минатогодишниот победник на патеката во Кицбил, Хенрик Кристоферсен (Норвешка) заврши на четвртото место. Хиршер со 1.116 поени останува лидер во генералниот пласман пред Кристоферсен со 671 поен.
Екипата на Заубер објави дека официјалната презентација на новиот болид за 2019 година во Формула 1, ќе се одржи на првиот ден од пред-сезонските тестирања на патеката во шпанската Барселона. Тоа ќе се случи една недела порано од вообичаениот термин што значи дека новиот автомобил на швајцарскиот тим ќе биде промовиран пред утринската сесија на 18-ти февруари. „Autosport“, објави дека веднаш потоа истото треба да го направат екипите на Хас и на Торо Росо. Премиерата на автомобилот на Ферари Скудерија ќе биде на 15 февруари во седиште на тимот. Другите потврдени премиери се: Рено 12, Рапид Поинт на 13 и…
Раководството на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, сака да назначи спортски директор пред крајот на сезоната, соопштува – „Индипендент“. Сопствениците од семејството Глејзер и потпретседателот на клубот, Ед Вудворд, се определиле за такво решение бидејќи сакаат човекот кој ќе ја преземе таа должност да биде дел од процесот на назначување на новиот менаџер. Фаворити за таа позиција се Пол Мичел, кој ја има таа должност во германскиот состав, Ред Бул Лајпциг како и поранешниот играч на „црвените ѓаволи“, Едвин ван дер Сар, кој е извршен директор на холандскиот тим Ајакс. Познато е дека по заминувањето на Жозе Мурињо, на клупата на…
