Францускиот скијач. Клеман Ноел, беше најбрз на денешната трка во слалом реализирана на патеката во Кицбил која се бодува за светскиот Куп во алпско скијање.
Тој го остави зад себе австрискиот скијач, Марсел Хиршер, кој беше побавен за 0,29 секунди и Французинот, Алексис Пинтуро, кој заостана 0,36 секунди. Минатогодишниот победник на патеката во Кицбил, Хенрик Кристоферсен (Норвешка) заврши на четвртото место.
Хиршер со 1.116 поени останува лидер во генералниот пласман пред Кристоферсен со 671 поен.