Скијачката од Австрија, Никол Шмидхофер, успеа да победи во денешната трка во супер-џи која беше реализирана на патеката во Гармиш Партенкирхен во Баварија.
Таа до петтата победа во исто толку трки успеа да ги остави на второто место италијанката, Софија Гоџа и на третото Лара Гут од Швајцарија.
Што се однесува до конкуренцијата во супер-џи, лидер е Микаела Шифрин која останува водечка и во вкупното рангирање во светскиот Куп во алпско скијање. Веднаш до неа се Вајрајтер и Шмидхофер.