Судиите од Шведска, Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, ќе го водат денешниот меч меѓу Македонија и Исланд во рамките на псоледното коло во групата „Б“ на светското првенство во Германија и Данска. ИХФ одлучи во завршната рунда да направи ротација на неколку судиски двојки иако претходно беа одредени да одработат само во една група. Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик кои беа активни во Берлин сега ќе допатуваат во Минхен. Тие досега ги водеа средбите од групата „А“ меѓу Бразил и Франција, Русија – Германија и Србија – Кореја.
Author: dino
Англискиот фудбалски состав Тотенхем потврди дека Муса Дембеле ќе ја продолжи кариерата во шампионатот на Кина во екипата на Гванжу Евергранде. Популарните „спарси“ ќе добијат за 31-годишниот Белгиец околу 11 милиони фунти што е многу поволно ако се земе в предвид возраста на фудбалерот чиј договор истекува во текот на наредното лето. Дембеле не игра за Тотенхем од ноември поради повреда на зглобот. Тој во 2012 година беше купен од екипата на Фулам. Досега има одиграно 250 натпревари во сите конкуренции. Дембеле првично отиде во Кина со намера да му се приклучи на составот на Пекинг Гуан но, откако преговорите со тој…
Доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, го препороди тимот кој во серија на шест мечеви во сите конкуренции забележа исто толку победи. Напаѓачката филозофија и поставеност на теренот под диригентската палка на Норвежанецот, дефинитивно ги донесе посакуваните резултати и успеси. Во целата слика влегува и новото лице на Пол Погба, кој полека но, сигурно ја презема улогата на лидер. Французинот кој неколку пати беше во конфликт со Мурињо и најави дека сака да си замине од тимот, сега е главниот креатор на играта. Според медиумите во Англија, Солскајер откако седна на клупата на „Олд…
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, конечно ќе добие одличен играч во форот откако Гонзало Игуаин ја прифатил понудата на „сините“ да настапи како позајмен до крајот на сезоната. Во неговиот договор постои и опција за продолжување на соработката за уште една година. Аргентинецо кој е на платниот список на Јувентус а досега беше на позајмица во тимот на Милан, ќе биде одлично засилување за екипата на Челзи која има очигледни проблеми во фазата на нападот. Ќе потсетиме дека Сари и Игуаин одлично се познаваат бидејќи извесен период работеа заедно во составот на Наполи. Тогаш Игуаин играше одлично и…
Нашиот лев бек, Филип Кузмановски, по вчерашниот убедлив пораз од селекцијата на Шпанија на ракометниот Мундијал во Германија и Данска, потенцираше, дека играчите не се штеделе и дека влегле во мечот со желба за надигрување. „Сакавме од првата до последната минута да одиграме максимално против Шпанија. Не калкулиравме и не штедевме сили за мечот со Исланд, тоа се виде во првото полувреме“ – изјави Кузмановски. „Во вториот дел сликата беше драстично променета и тоа за само две минути “ – изјави Кузмановски пред денешната средба со Исланд која ќе започне во 18.00 часот. Македонија мора да победи за да оди понатаму…
Кошаркарот, Леброн Џејмс, кој се повреди на дербито со Голден Стејт ќе мора да продолжи со процесот на рехебилитација. Тоа значи дека Лос Анџелес Лејкерс ќе мора да продолжи без него и да се обиде да го поправи ефектот доколку сака да игра во плеј-офот. „Езерџиите“ без така наречениот – „крал“, имаат само 4 победи во последните 11-ет средби по што паднаа на деветата позиција на Западот. Според најавите, Џејмс ќе мора да ги пропушти мечевите со Оклахома Сити Тандер и Хјустон Рокетс а како нов датум за негово враќање на теренот се потенцира 22 јануари.
Кристијано Роналдо го постигна единствениот гол на вчерашниот меч со Милан во Супер-купот на Италија по што се израдува на првиот трофеј откако го облече дресот на „старата дама“. Португалецот по средбата одиграна во Саудиска Арабија не го криеше задоволството. „Беше многу топло и имавме тешки услови за фудбал. Среќен сум што што го постигнав победничкиот гол, мојата намера беше да ја започнам 2019 со трофеј, ја имам првата титула со Јуве и јас сум многу среќен“ – вели Роналдо. „Го имаме овој Куп, сега мораме да работиме напорно за да дојдеме до наредниот трофеј. Голот му го посветувам на…
Нашиот прв голман, Борко Ристовски, јавно ги критикуваше помладите ракометари кои добија шанса да играат против шпанските ѕвезди откако селекторот Раул Гонзалес процени дека мечот е загубен по само две-три минути во вториот дел. Македонија првото полувреме го одигра одлично против моќната Шпанија, но, откако противникот направи мини серија од 5-0 на стартот на второто, тие што главно ја греат клупата и чекаат шанса да се покажат во националниот дрес беа испратени на теренот. „Многу ме разочара е настапот на младите ракометари. Секој може да направи грешка, но, не смее да се руши реномето што нашата генерација го создаваше со…
Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, откако виде дека Шпанија направи големи 18 спрема 12 по само две-три минути во вториот дел, веднаш се определи да ги седне првотимците на клупата и да продолжи со млади сили. „Беше многу тешко да се игра против Шпанија. Тие имаат убиствени контри и одличен голман. Одигравме добро зона „7 на 6“, во првото полувреме додека лошо го започнавме второто.Тука се реши победникот“ – вели Раул. „Кога видовме дека мечот е загубен, решив да промена се и да ги чуваме силите за утрешниот решавачки меч со Исланд“ – потенцираше меѓу другото нашиот селектор.
Голманот, Никола Митревски, имаше неверојатни одбрани во првиот дел на мечот со Шпанија со што им даде дополнителен мотив на соиграчите да прават притисок врз фаворизираниот противник. На крајот, сепак фаворитот ги освои бодовите. „Почнавме одлично, игравме добро и напад и одбрана, но како одминуваше времето почнавме да промашуваме и да правиме грешки. Во второто полувреме започнавме да играме катастрофално и така продолживме“ – вели Митревски. „Треба да учиме од грешките и да одиграме многу подобро на мечот со Исланд. „Треба да бидеме паметни и трпеливи и да ги сведеме грешките на минимум“ – изјави нашиот голман кој мечот го заврши…
