Капитенот на Македонија, Кире Лазаров, по поразот од Шпанија на ракометниот Мундијал, вели дека поразот боли, но, дека мора да размислуваме само за утрешниот меч со Исланд. „Одигравме квалитетно прво полувреме. Заслуживме да водиме три разлика, но, не ги користевме шансите. По тоа што се случи во почетокот на вториот дел моравме да чуваме сили за утрешниот дуел со Исланд“ – вели Кире Лазаров. „Ние не калкулираме, тоа е добро за сегашнава селекција. Мора да го заборавиме дуелот со Шпанија. Исланд има подмладен тим ќе биде многу тешко“ – изјави Лазаров. Победничкот од утрешниот меч меѓу Македонија и Исланд ќе…
Author: dino
Македонија го претрпе и вториот пораз во групата „Б“ на ракометниот Мундијал во Германија и Данска. Вечерва во арената во Минхен бевме совладани убедливо од селекцијата на Шпанија со 32 спрема 21 иако по првиот дел „фуријата“ водеше само со 13:12. Бравурозните одбрани на Митревски, луцидните комбинации со нападот „7 на 6“ и добро поставената одбрана која ги намачи Шпанците во првото полувреме, ветуваа дека можеме да одиме на изненадување. За жал, тоа падна во вода за само 2-3 минути во вториот дел кога противникот ги казни сите наши грешки и направи големи 18 спрема 12. Веднаш потоа Раул свесен…
Нашите најдобри одбојкари добија тешка група на Европското првенство кое ќе се реализира од 12 до 29 септември во Франција, Белгија, Словенија и Холандија. Македонија ќе игра во Групата Ц заедно со Словенија, актуелниот европски шампион Русија, Финска, Турција и Белорусија. Еве ги и другите групи. Група А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија. Група Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија. Група Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора. Континенталниот собир за прв пат ќе се реализира со учество на 24 селекции и во четири земји.
Ракометарот, Никола Карабатиќ и официјално е повикан во селекцијата на Франција на Мундијалот во Германија и Данска и тоа како замена за повредениот пивот Седрик Сораидо. Кружниот напаѓач заработи потешка повреда на мускулот на вчерашното дерби со Германија а селекторот на „триколорите“, Дидие Динар, реагираше експресно и го повика како замена Никола Карабитиќ. Еден од најдобрите светски ракометари подолго време се рехабилитира по претрпената операција и дефинитивно не е во посакуваната форма, но, неговото макар и минимално присуство на теренот ќе биде многу значајно за неговите соиграчи. „Галските петли“ на едно коло пред крајот на групната фаза и мечот со…
Првата ѕвезда на фудбалсиот состав Челзи, Еден Азар, не сака да ја продолжи соработката со премиерлигашот бидејќи чека понуда од Реал Мадрид. Белгискиот интернационалец иако има уште година и половина од тековниот договор со „сините“, во континутет споменува дека сака да игра за актуелниот европски првак. Според одредени извори блиски до клубот, челните луѓе на Челзи ќе бараат околу 100 милиони евра за да го ослободат од обврските Азар кој патем кажано, игра одлично во тековнава сезона.
Сергеј Сироткин кој во 2018 година возеше за екипата на Вилијамс во Формула 1, посакува да пронајде нов тим и да се врати во така наречениот „циркус на тркала“. Русинот имаше тешка дебитантска сезона со болидот на Вилијамс и освои само еден бод со што не ги задоволи вкусовите на челниците на тимот кои се ослободија и од неговиот минатогодишен колега, Ленс Строл. „Сакам да се вратам во Формула 1.Икао мојот нареден ангажман ќе бидат трките на издржливост, постојано размислувам за Формула 1 конкуренцијата“ – потенцираше Сироткин.
Младиот возач, Мик Шумахер, постигнал договор со тимот за кој настапуваше неговиот легендарен татко, Михаел. 18-ет годишниот возач кој во изминатат сезона доминираше во Формула 2, во иднина ќе биде дел од екипата на Ферари или поточно во делот за програмата на младите возачи, објавија денеска дел од медиумите. Според договорот, Мик ќе одработи две тестирања на болидите за наредната сезона а извесен период ќе биде активен и во клупскиот симулатор.
Селекторот на нашите ракометари, Раул Гонзалес, вели дека сме одиграле добро во поголем дел до мечот со Хрватска, но, дека противничкиот голман и промашените зицери, не ни дозволија да извлечеме поволен резултат. Тој знае дека ќе биде исклучително тешко против Шпанија и Исланд. „Кога играш против селекции како Шпанија, Хрватска, Германија, Франција… треба да одиграш без грешка, кога ќе имате шанса за гол треба да дадете гол. Ние не одигравме толку лошо, имавме шанси во второто полувреме кога беше три разлика“ – вели Раул. „Шпанија е искусна селекција со многу квалитетни поединци. Мслам дека знаме како ќе играат, досега не…
Нашето крило Гоце Георгиевски, вели дека поразот од Хрватска мора да остане зад нас и да влеземе максимално подготвени на средбите со Шпанија и посебно со Исланд кој може да биде и решавачки за пласман во наредната фаза на Светското првенство во Германија и Данска. „Исланд и пред почетокот на шампионатот беше како еден таргет за нас и тука ќе ја гледаме нашата шанса, така мислам дека ќе остане и до крајот. Нормално дека и со Шпанија ќе одиграме бидејќи ова е светско првенство и секогаш е мотив да се игра на секој натпревар“- вели Георгиевски. „Секако дека ќе пробаме…
Нашиот ракометен интернационалец, Филип Талески, пред мечевите со Шпанија (утре) и Исланд (четврток), изјави дека мора да ги користиме чистите ситуации за голови и дека не смее да ни се повторат грешките од дуелот со Хрватска. „Можам да кажам дека ги видовме грешките на вчерашниот меч. Сите се согласивме дека одигравме навистина добар натпревар, но, со многу промашени зицери. Така сепак, не може да се добие таква селекција како што е Хрватска. Тие имаат одлични играчи, одлични голмани а ние имавме грешки во нападот. Не смееме да продолжиме со тие клучни промашувања на наредните два меча“ – вели Талески. „Ќе…
