Author: dino

Нашиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, со неговиот состав Лидс е на добар пат да избори промоција во англиската Премиер лигата во наредната сезона. Тимот кој има голема традиција во англискиот фудбал повеќе од една деценија се обидува да се врати во елитната конкуренција. Лидс кој го води познатиот стратег Марсело Биелса, во тековнава сезона има реални шанси да обезбеди место во Премиер лигата, но, ќе мора да остане во победнички ритам и да ја издржи трката со конкурентите. Нашиот интернационалец вели дека тренираат по чест часа дневно. „За Премиер лигата е рано да се зборува, одигравме 27 натпревари и има…

Read More

Голманот на нашата ракометна репрезентација, Борко Ристовски, вели дека поразот од Хрватска не смее да влијае на атмосферата во тимот бидејќи Македонија има реални шанси да продолжи во наредната фаза. „Хрватите одиграа искусно кога требаше и ги казнија сите наши грешки. Одигравме добро во најголемиот дел од мечот, но, промашивме и премногу зицери. Мора да прифатиме дека тие се поквалитетна селекција од нас. Сега главата горе и одиме да обезбедиме барем уште една победа која ќе ни донесе пласман понатаму“ – изјави Ристовски по средбата со Хрватска. Македонија наредниот меч ќе го одигра в среда против селекцијата на Шпанија во…

Read More

Нашиот селектор, Раул Гонзалес, го потенцираше голманот на Хрватска, Марин Шего, како главен „виновник“ за нашиот прв пораз во групата „Б“ на ракоментиот Мундијал во Германија и Данска. „Имавме добар почеток со одбраната 5-1 и со нападот „7 на 6“ , но, Хрватите брзо влегоа во ритам и направија предност. Нашиот главен проблем денеска беше голманот Шего кој одбрани се што можеше“ – потенцираше Гонзалес на официјалниот прес. „Мислам дека во одредени моменти немавме среќа. Промашивме чисти ситуации и направивме повеќе технички грешки. Сега мора да работиме за да ја поминеме групата„ – заврши нашиот селектор.

Read More

Нашиот репрезентативец, Филип Лазаров, потенцира дека Македонија одиграла добро во нападот „7 на 6“, но, дека хрватскиот голман успеал да спречи поголем дел од шутевите и практично да и донесе победа на неговата репрезентација. „Имавме активен резултат до пред самиот крај иако не одигравме како што се догворивме. Направивме многу грешки а противникот не казни. Промашивме многу чисти ситуации“ – вели нашиот бек. „Хрватите сепак покажаа дека се подобрии поискусни од нас. Сега ќе мора да размислуваме на наредните натпревари и да се обидеме да одиме во втората фаза“ – вели Филип Лазаров.

Read More

Македонија го претрпе првиот пораз на светското ракометно првенство во Германија и Данска откако загуби од селекцијата на Хрватска со 31 спрема 22, полувреме 16:11. Резултатот не ја два вистинската слика на теренот бидејќи нашите ракометари парираа до пред самиот крај кога пропуштија и неколку чисти ситуации за гол. Реално гледано,  „коцкестите“, предводени од голманот  Шего (14 одбрани)  и играчот на мечот, Дувњак, потврдија дека влегуваат меѓу фаворитите за висок пласман додека ние ќе треба да учиме на нашите грешки. Во нашата селекција најпрецизен беше Манасков со шест голови, Лазаров имаше пет голови а Пешески и Талески  по три. Македонија…

Read More

Финалето во Лигата на фудбалските шампионите во сезоната 2019/2020 ќе се одигра на 30 мај во 2020 година во Истанбул, објави денеска официјалниот сајт на УЕФА. Финалниот меч на најпрестижниот европски клубски турнир ќе биде реализиран на стадионот – „Кемал Ататурк“ на кој Ливерпул го победи Милан во 2005 година по изведувањето на пеналите. Ќе потсетиме дека решавачкиот меч за пехарот во тековнава сезона во Лигата на фудбалските шампини ќе се одигра на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид (Шпанија).

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, ќе мора да остане времено без услугите на полу-дефанзивецот, Мин Сон, кој од денеска и се приклучи на селекцијата на Република Кореја. Неговата репрезентација си обезбеди место во осмина-финалето во Купот на Азија иако в среда против Кина ќе треба да го реалзира последниот натпревар од групата „Ц“. Tогаш двете земји  ќе се сретнат во директен дуел за првото место. Сон минатата година играше на Мундијалот во Русија а потоа учествуваше и на Азиските игри.

Read More

Раководството на Вест Хем ќе се обиде да привлече дефанзивниот фудбалер на Њукасл, Џон Шелви, доколку успее во меѓувреме да го продаде Педро Обианг во италијанскиот тим Фиорентина, пишуваат медиумите во Велика Британија. „Чеканите” преговараат со италијанскиот клуб кој најави дека е подготвен да даде 10 милиони фунти за да го ангажира репрезентативецот на Екваторијална Гвинеја. Сепак, договорот засега го условува менаџерот на лондончани, Мануел Пелегрини, кој сака  прво даобезбеди вистинска замена за Обианг па дури потоа да му се даде на играчот зелено светло за да си замине.

Read More

Нашата ракометна репрезентација под диригентската палка на Раул Гонзалез, успеа да забележи две победи во групната фаза на Светското првенство во Германија и Данска. Во арената во Минхен, прво ја совладавме Јапонија а денеска и репрезентацијата на Бахреин. „Задоволен сум, имаме две победи на стартот. Не беше лесно против Бахреин, тие имаат добра одбрана која ни создаваше проблеми. Мора да бидеме задоволни од досегашното, иако знаеме дека вистинските предизвици допрва доаѓаат“ – вели шпанскиот тренер на нашата клупа. „Сите знаеме која е Хрватска, тие се селекција која има од најдобрите ракометари во светот и има амбиција да се бори за медела.…

Read More

Нашиот пивотмен, Стојанче Стоилов, изјави дека Македонија одиграла рутинирано на мечот со Бахреин и дека успеала да зачува дел од силата за претстојните натпревари кои ќе го скројат врвот на табелата во групата „Б“. „Ја оправдавме фаворитската улога. Можеби некој сакаше победа и со повеќе од десет гола разлика, но, на крајот резултатот е реален. Успеавме да сочува дел од силата за наредните средби. Иако иамвме одреден пад во играта, на крајот забележавле лесна победа“ – изјави Стоилов. „Младите добија шанса во завршницата а тоа секако ќе им биде од голема помош во продолжението на првенството„ – изјави нашиот кружен…

Read More