Нашиот ракометар,Филип Лазаров, по втората победа во групата „Б“ обезбедена на мечот со Бахреин, вели, дека сме одиграле добро во одбраната и дека тоа било клучниот фактор да се прокнижат новите два бода. „Во претходниот натпревар примивме 29 голови а сега 23, со тоа што игравме порелаксирано на крајот и затоа треба да бидеме задоволени. Сигурен сум дека имаме шанси против Хрватска“ – потенцираше нашиот репрезентативец. „Хрватска ќе биде фаворит а има и поголем ростер. Ние не смееме да калкулираме, треба на секој меч да одиме на победа“ – вели Филип Лазаров.
Author: dino
Еден од помладите во нашата ракометна репрезентација, Филип Чурлевски, успеа да го постигне дебитантскиот гол на мечот со Бахреин одигран во рамките на второто коло на Мундијалот во Германија и Данска. „Треба да ги слушаме советите на селекторот ида играме без страв од противникот. Ние помладите имаме голема помош од поискусните и тоа треба да го искористиме“ – потенцираше Чурлевски кој остави одличен впечаток и на пријателските дуели со Србија в пресрет на светскиот шампионат. „Се чувствувам феноменално поради постигнатиот гол, се разбира, сакав и повеќе, но, ќе имам уште можности. Сите ќе продолжиме да се бориме. Сега не очекуваат…
Нашиот бек, Кире Лазаров, по денешната победа против Бахреин (28:23), изјави, дека се повториле осцилациите во играта како и на првиот меч со Јапонија и дека победата можела да биде изразена и со поголема разлика. „Бахреин беше понепријатна селекција од Јапонија, но, успеавме во последните минути да одмориме ние поискусните. Имавме осцилации, добри моменти и лоши моменти. Имавме еден долг пад во кој противникот направи 5-0, тоа не смее да се повтори на средбите со посилните селекции“ – вели нашиот капитен. „Треба да работиме и да ги отстраниме. Позитивно е што младите добија минути, тоа ќе им биде многу значајно…
Нашите најдобри ракометари забележаа нова победа на Светското првенство во Германија и Данска. Тие во рамките на второто коло во групата „Б“ славеа на мечот со Бахреин со 28 спрема 23 откако по првиот дел имаа предност од 12 спрема 8. Триумфот можеше да биде и поубедлив доколку селекторот Раул Гонзалез во финишот не се определи да им даде шанса на помладите и да ги одмори поискусните. Капитенот Кире Лазаров со осум голови беше лидер кај стрелците и сосема заслужено го доби признанието за играч на мечот. Дејан Mанасков и Филип Кузмановски постигнаа по 4 голови додека Филип Кузмановски и…
Фановите на Реал Мадрид јавно негодуваат поради серијата на слаби резултати во Примера Дивизион а посебно се насочуваат кон Хрватото, Лука Модриќ, кој не успеа да се наметне како лидер по заминувањето на Роналдо. Во исто време и шпанските медиуми го критикуваат најдобриот фудбалер за 2018 година и пишуваат дека треба да му се најде замена. Згора на тоа Модриќ извесен период се поврзува и со можен трансфер во Јувентус и тоа во пакет со дефанзивецот Марсело. Затоа се предвидува дека идеално решение како замена за Модриќ би бил играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен. „Кралевите“ сега имаат дури 10 бодови…
Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, размислуваат да ангажираат нов тренер иако Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер, кој времено ја извршува таа функција има фантастична серија на клупата на „црвените ѓаволи“. „Скај Спорт“ денеска пишува дека најнов кандидат за тренерското место на „Олд Трафорд“ е актуелниот селектор на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт. Наводно, генералниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, почнал да ја разгледува таа опција и стапил во контакт со неговиот менаџер.
Во Самобор, се одржа 28-миот по ред карате турнир ,,ГРАНД ПРИ КРОАЦИЈА,, на кој се појавија 1611 каратисти од 24 држави од целиот свет. Каратистите на Макпетрол постигнаа извонреден успех освојувајќи 6 медали. Од кои 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзен. Медали освоија:1. Петар Заборски сениорска конкуренција апсолутна категорија бронзен медал.2. Петар Спасеновски златен медал постари јуниори категорија -84 кг.3.Абдурахим идризи сребрен медал постари јуниори У21 -60 кг.4. Ангела Мојсовска бронзен медал постари јуниори У21 -68 кг.5.Глигор Петков јуниори +76 кг. 6.Стефан Стојанович кадети + 70 кг. Најдобар впечаток оставија Петар Заборски во елитниот натпревар во сениорска конкуренција борби, во апсолутна…
На Светското ракометно првенство во Германија и Данска денеска ќе бидат одиграни мечевите од второто коло во групите „Б“ и „Д“. Македонија со почеток во 14.00 часот во арената во Минхен, ќе излезе на мегдан со селекцијата на Бахреин која ќе ја има улогата на аутсајдер.. Ние на стартот ја совладавме убедливо Јапонија додека Бахреин загуби од селекцијата на Шпанија. Мечот Македонија – Бахреин ќе го судат Рамзи Хениси и Исмаил Булуча од Тунис. Тие во првото коло го водеа дуелот меѓу Хрватска и Исланд кој им припадна на „коцкестите“. Во другите денешни мечеви ќе играат:Катар-Египет, Хрватска-Јапонија, Шпанија-Исланд, Унгарија-Анола и…
Еурофарм Работник кој е лидер на табелата во досегашниот дел од сезоната во ракометната Супер лигата, денеска го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Битолскиот клуб се засили со црногорскиот репрезентативец, Мирко Радовиќ, кој доаѓа од Ловќен од Цетиње. 28-годишниот играч ќе ја засили десната крилна позиција а може да игра и како десен бек. Црногорецот настапуваше и за Будуќност, Валанс од Франција и Цеглед од Унгарија. Радовиќ ќе се приклучи на екипата на Еурофарм работник во Србија и ќе дебитира во Хановер во првото коло од групната фаза на ЕХФ Купот.
Австриецот, Марсел Хиршер е победник на денешната велеслаломската трка од Светскиот куп во алспко скијање која беше реализирана на патеката во Аделбоден. Тој благодарение на одличниот настап во второто возење оствари вкупно време од 2:26.54 минути што беше доволно за највисокото место на пиедесталот. Втората позиција ја обезбеди Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен додека Французинот, Томас Фанара имаше трето време. Хиршер успеа да дојде до 66. победи во Светскиот куп или 20 помалку од рекордот на Швеѓанецот, Ингемар Стенмарк.
