Author: dino

Нашиот ракометар, Филип Лазаров, кој има значајна улога кога форсираме напад „7 на 6“, вели дека треба да се заборави поразот од Хрватска и да ги насочиме мислите кон завршните два меча во групата. „Промашивме десет зицери посебно во првото полувреме кога игравме добра одбрана 5-1 а тие тешко даваа гол. Ние имавме многу шанси но, промашувавме,  резултатот беше егал до 15-та минута а потоа дојдоа нивните лесни голови. Потоа во вториот дел кога успеавме да фатиме приклучок, повторно дојдоа неколку наши грешки и го загубивме мечот. Мислам дека разликата од девет голови не е реална иако Хрватска е посилна…

Read More

Кире Лазаров, кој е најдобар стрелец во нашиот табор по три кола на Мундијалот во Германија и Данска, вели дека е анализиран вчерашниот меч со Хрватска и дека сите недостатоци во нашата игра ќе мора да се елиминираат. Капитенот в пресрет на дуелите со „Фуријата“ и Исланѓаните, потсети дека историјата ни се повторува. „Ако паметите на собирот Франција бевме во иста ситуација кога во рок од 17 часа игравме најпрвин со Шпанија а потоа и со Исланд. Со Шпанците париравме одлично а потоа ремизиравме со Исланд и го обезбедивме третото место на табелата. Тогашги загубивме  Манасков и Миркуловски кои се…

Read More

Ракометарите на Шпанија го користат денов за подготовка за утрешниот меч со Македонија во рамките на 4 коло во групата „Б“ на Мундијалот во Данска и Германија. „Фуријата“ во арената во Минхен од 20.30 часот ќе влезе како фаворит во мечот против избраниците на Раул Гонзалес со тенденција да го задржи победничкиот чекор. Шпанците досега славеа против Бахреин, Исланд и Јапонија додека Македонија по триумфите со „самуарите“ и азискиот тим, вчера претрпе пораз од Хрватска. Шпанскиот селектор, Жорди Рибера, е свесен дека неговите ракометари не го покажуваат вистинскиот квалитет и дека мечеви ги добиваат навистина тешко. „Македонија форсира добро игра…

Read More

Фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон Одои, се појавува на трансферната листа на Баерн Минхен, потврди  Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на минхенскиот клуб. 18 годишниот играч кој не може да се наметне во таборот на  Маурицио Сари,  побара да си замине од тимот. Тој и соопштил на управата дека нема да го продолжи договорот доколку не се прифати понудата од германскиот состав во висина од  35 милиони фунти. Во исто време, искусниот француски напаѓач, Оливие Жиру, може да направи трансфер во Барселона, велат последните шпекулации. Веста наиде на големо изненадување како на Островот така и во Шпанија, иако се знае дека…

Read More

Еден од најдобрите голмани на денешницата, Петр Чех, кој ги брани боите на Арсенал, најави дека по завршување на сезоната ќе се прости од активно играње на фудбал. Легендарниот чувар на мрежата кој набрзо ќе наполни  37 години  повеќе од две децении е меѓу стативите. Тој сега ги брани боите на „топчиите“, но, најблескавите мигови во кариерата ги имаше во дресот на Челзи. Чех со „сините“ освои четири титули во Премиер лигата на Англија  а се израдува и на победничките пехари во Лигата на шампиони и Лигата на Европа. „Поминаа дваесет години откако го потпишав првиот професионален договор. 15 години…

Read More

Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден, имаше нова блескава ноќ во најсилната светска лига – американската НБА. Тој на средбата со Мемфис постигна 57 поени и беше најзаслужен за триумфот на неговиот тим со 112 спрема 94. Популарниот „брада“ со постигнатиот ефект во поглед на реализација го помина рекордот на Коби Брајан кој на 16 средби во серија забележуваше повеќе од 30 кошеви на натпревар. Харден сега има серија од седумнаесет мечеви на кои постигна повеќе од 30-ет кошеви. Еве ги резултатите и на другите мечеви одиграни во текот на ноќта: Бруклин Нетс – Бостон Селтикс 109:102, Сан Антонио Спарс –…

Read More

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, останува во врвот кај голгетерите по три одиграни кола на тековното светско првенство во Германија и Данска. Нашиот десен бек ја дели третата позиција со Магнус Јондал (Норвешка) и Феран Соле Сала (Шпанија) со по 20 голови. На врвот на листата е репрезентативецот на Германија, Уве Гензхајмер со 25 голови додека членот на Русија и на нашиот Вардар, Тимур Дибирови има постигнато 23 голови. Во Топ 10 влегува и крилот на Mакедонија, Дејан Манасков, кој на средбите со Јапонија, Бахреин и Хрватска постигна 17 голови. Кога станува збор за голманите тука неприкосновен e…

Read More

Денеска со натпреварите од четвртата рунда  во групите „А“ (Берлин) и „Ц“ ( Хернинг),  ќе продолжи светското првенство во ракомет кое се реализира во Германија и Данска. Во Група А од 15.30 селекцијата на Русија ќе излезе на мегдан со Бразил. За „кариоките“ тоа е последната шанса да останат во трката за наредната рунда додека на „Зборнаја“  и одговара и нерешен резултат. Во 18.00 часот Србија ќе игра со Кореја. Тоа ќе биде дуел на две селекции кои досега немаат победа додека од 20.30 часот ќе биде реализирано дербито во групата меѓу Германија и Франција. Табела: Франција 6, Германија 5,…

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, дефинитивно беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим на последниот дерби меч со Тотенхем одигран на легендарниот стадион –„Вембли“ во Лондон. „Јас дури и заборавив на некои интервенции, затоа не би можел да ја издвојам најдобрата, тренерот донесе среќа во тимот, фудбалерите играат добро а екипата е во моментов многу силна“ –вели голманот на „црвените ѓаволи“. „Знаеме како да ги контролираме натпреварите. Навистина создаваме и многу шанси и постигнуваме голови“ – изјави Де Геа по шестата победа во серија во сите натпреварувања.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа Вулверхемптон во рамките на 22 коло во Премиер лигата и се доближа на само четири бодови до лидерот Ливерпул. Шампионот на Англија немаше многу проблеми да прокнижи нови три бода откако Жезус погоди во 10-та и 39-та (пенал) а гостите си постигнаа и автогол во 78 минута. Мечот помина во тотална доминација на тимот од –„Етихад“ кој од 19-та минута имаше и човек повеќе на теренот по исклучувањето на Бол. Натпреварот ќе биде запаметен по убавиот јубилеј на Давид Силва. За Шпанецот тоа беше 267. настап, со што стана фудбалерот со најмногу настапи…

Read More